По долгите преговори кои ги натераа медиумите да шпекулираат околу иднината на шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон ја заврши целата таа сага и стави потпис на нов договор со Ф1 тимот на Мерцедес.
Мерцедес ја официјализираше соработката со Британецот и за следната сезона, а слично како и досега тој ќе заработи 40 милиони евра за договорот. Хамилтон веднаш по потпишувањето на новиот договор призна дека е среќен што и понатаму ќе соработува со овој тим.
„Возбуден сум што ќе ја возам деветтата сезона со колегите во Мерцедес. Ние постигнавме извонредни резултати заедно, решен сум да продолжам по истиот пат како и досега“ изјави Хамилтон.
Луис Хамилтон со шесте титули од 2014 досега и една во дебитантската сезона во 2008 година се израмни со најдобриот возач на сите времиња, Михаел Шумахер. Првиот возач на Мерцедес досега има поминато многу рекорди кои беа дело на Шумахер, а според она што се очекува и доколку ја освои титулата и следната сезона ќе го надмине Германецот и по бројот на титули со што ќе стане најтрофеен во историјата на овој спорт.