Австриецот Винсент Крихмајер стигна до второто злато на Светскиот шампиопнат во алпско скијање кој се одржува во Кортина Д’Ампецо, откако по триумфот во „супер-џи“, денес победи и во спуст трката.
Крихмајер финишираше со време 1:37.79, оставајќи го зад себе Андреас Сандер од Германија со само една стотинка задоцнување. Место на подиумот имаше и за швајцарскиот скијач, Бит Фојц, кој доцнеше 18 стотинки зад Крихмајер, а во интервал од една секунда беа уште неколку натпреварувачи.
Оваа победа на Крихмајер ќе биде запишана во историјата, како триумф со најмала разлика во однос на второпласираниот во ова натпреварување.
Третата трка од Светскиот шампионат во Италија ќе се одржи утре, а на програмата ќе бидат трките во комбинација во машка и женска конкуренција.