Крилниот напаѓач на Шангај Шенхуа, Стефан Ел Шарави се враѓа во Рома. Договорот на напаѓачот со кинескиот клуб беше со важност до летото 2022 година, но предвидуваше клаузула што му овозможува на Стефан Ел Шарави да ја напушти Кина пред предвидениот рок. „Кога дојдов во Рим за прв пат, сфатив дека на овој град и на клубот не им треба многу време да станат сакани. Напуштајќи го клубот, сфатив дека тие засекогаш ќе останат во моето срце. Сега со нетрпение очекувам да се вратам на натпреварите во овој дрес“, озјави Ел Шарави за прес-службата на клубот. За потсетување, италијанското крило…
Author: riste
Денес беа извлечени натпреварувачките двојќи за четвртфиналето од Купот на Кралот. Откако беа елиминирани Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, Барселона заедно со Севиља остануваат главните кандидати за трофејот, но оваа сезона има голем броиј на изненадувања, па никој не може да биде сигурен. Каталонскиот гигант за полуфинале ќе се бори на гости кај Гранада. Атлетик Билбао за свој противник го доби Реал Бетис, а Севиља ќе игра против Алмерија. Екипата на Леванте во чии редови настапува Енис Барди ќе игра против Виљареал и тоа на домашен терен. Четвртфиналните натпревари ќе се играат во период од 2-4 февруари.
27-то Светско првенство во ракомет се ближи кон својот крај, а организаторот објави неколку интересни податоци за СП пред одигрувањето на последните 4 натпревари. Покрај тоа што Египет 2021 година беше првото Светско првенство на кое настапуваат 32 екипи има уште нешто посебно од ова СП. Постигнати се 5.623 гола, сметајќи ги шесте загубени натпревари од Зеленортската Република со 10:0 поради повлекувањето, тимовите постигнуваа многу голови и беа ефикасни, со просек од 56,77 постигнати голови досега по натпревар, втор најдобар резултат во историјата по Германија 2007 година, кога беа постигнати 57,88 гола по натпревар на одиграните 92 натпревари. Интересен податок…
Актуелниот формат на Лигата на шампионите може да претрпи големи промени во следните години. Како што објави весникот „АС“, УЕФА има намера да го реформира главното европско натпреварување наспроти желбата на европските врвни клубови да создадат Супер лига, која има за цел да ја замени Лигата на шампионите и ќе биде независна од УЕФА. Сè уште не е познато како ќе се промени форматот на ЛШ. Во моментов, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин преговара со пет клуба – Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Фенербахче и ПСЖ. Се очекува од двете страни да се разговара за распределбата на приходите од турнирот.…
Манчестер Јунајтед постигна договор со Вест Хем за продажба на Џеси Лингард. Самиот играч исто така даде согласност да се приклучи на „чеканите“ и денес ќе отпатува за Лондон, тврди „Скај Спортс“. Наспроти информацијата од синоќа дека двата клуба не можат да се договорат. Крилниот напаѓач може да дебитира во недела на мечот со Ливерпул во рамките на 21-то коло во Премиер лигата. Англискиот репрезентативец оваа сезона не играше за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, имаше само настапи во ФА Купот и Лига купот. Договорот на Џеси Лингард со Манчестер Јунајтед беше со важност до летото 2022 година.
Играчот од средниот ред на Челзи, Жоржињо и челниците на клубот, ќе седнат на преговарачката маса во наредните денови за да започнат разговори за продолжување на договорот на Бразилецот, објави „Тутомеркато“. На „Стемфорд Бриџ“ се задоволни со 29-годишниот фудбалер и сакаат да го врзат долгорочно до 2025 година. Актуелниот договор на Жоржињо е до 2023 година, но постои интерес за него од неколку тимови, најчесто од Италија. Фудбалерот има италијански пасош и го ја почна кариерата во Италија, каде играше за Верона и Наполи, пред да се пресели во Челзи во 2018 година за 57 милиони евра. Тој е исто…
Арсенал размислува да даде изненадувачка понуда за напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, тврди „Скај Спортс“. Според информациите, лондончани по завршувањето на сезоната ќе се обидат да го земат 33-годишниот Белгиец. Минатото лето, Мертенс беше близу до трансфер во Челзи, но на крајот тој реши да потпише нов договор со Наполи до 2022 година. Во Арсенал, сепак, веруваат дека можат да го убедат Белгиецот да го напушти стадионот „Диего Армандо Марадона“ и да проба нов предизвик на крајот од неговата кариера. Оваа сезона Мертенс има 4 гола и 6 асистенции на 13 натпревари во Серија А.
Поранешниот селектор на Македонија, Чедомир Јаневски има нов ангажман и тоа повторно на Кипар, откако се договори и официјално е претставен како нов стратег на Олимпијакос Никозија. Чедомир Јаневски е еден од најистакнатите македонски фудбалски тренери со долгогодишно искуство во странство, а својот последен ангажман го имаше токму на Кипар, но поради пандемијата предвреме го раскина договорот со Енозис. Според најавата, Јаневски ќе го води тимот на Олимпијакос Никозија до крајот на актуелната сезона, а за него ова ќе биде трет пат да води тим од Кипар по Енозис и Етникос. Во тренерската кариера Чедомир Јаневски бил на клупата на белгиските екипи…
Дефанзивецот на Тотенхем, Серж Орие го напушти стадионот на Тотенхем по жестоката расправија во соблекувалната на неговата екипа на паузата од дербито со Ливерпул. Причината за вербалните зборови бил првиот погодок за Ливерпул, кој Роберто Фирмино го постигна неколку секунди пред крајот на полувремето. Беше постигнат при додавањето од Мане до Фирмино, кој ја доби топката неколку метри од голот. Орие не успеа да го запре сенегалецот, а потоа Лорис и Дајер исто така не успеаја да го спречат Фирмино. Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо влегол во соблекувалната и рекол дека Орие нема да игра во второто полувреме бидејќи ќе…
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, нема да биде казнет од управата на клубот за инцидентот на четвртфиналниот натпревар во Купот на Италија со Интер (1:2), пренесува „Фудбал Италија“. Милан одлучи да не го казни Швеѓанецот, но Серија А сеуште нема решено каква казна ќе добие Ибрахимовиќ. Претходно, Златан имаше состанок со раководството на клубот од Милано. Фудбалерот им објасни на челниците на клубот за неговиот дуел со напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку. Ибрахимовиќ влезе во конфликт со белгискиот напаѓач на крајот на првото полувреме. Во средината на второто полувреме на четвртфиналниот натпревар од Купот на Италија, тој направи прекршок и…
