По разговорите кои ги имаше со својот фудбалер Сократис, Арсенал донесе одлука да го прекине неговиот договор со заедничка согласност. Ова му дава слобода на популарниот Папа Сократис да преговара за договор со нов клуб и да се врати во натпреварувачки ритам што е можно побрзо. https://twitter.com/Arsenal/status/1351877920579596289 Грчкиот интернационален дефанзивец му се приклучи на Арсенал од Борусија Дортмунд во јули 2018 година и оствари 69 настапи за оваа екипа. Тој беше дел од составот на „Емирати“, освојуваќи го ФА купот во август и одигра 12 натпревари во Лигата на Европа во 2019 година. „Во име на Микел Артета, нашите тренери, играчи…
Author: riste
Дефанзивецот на ПСЖ, Алесандро Флоренци, чии права и припаѓаат на Рома, може да стане постојан играч во францускиот клуб. Според информациите кои беа објавени од недиумите во Франција и Италија, Парижаните имаат намера да го купат 29-годишниот фудбалер од Рома, користејќи ја опцијата за откуп. Откупот ќе изнесува 9 милиони евра, а клубот веќе подготви четиригодишен договор за Алесандро Флоренци. ПСЖ го позајми Флоренци во септември 2020 година. Втората половина на минатата сезона играчот ја помина на позајмица во Валенсија. Италијанецот ги бранеше боите на Рома речиси во текот на целата своја кариера. Оваа сезона, Флоренци одигра 13 натпревари во…
Голгетерот на Саутемптон, Дени Ингс не брза со одлуката за својата иднина со „светците“. Тој доби понуда за нов 4-годишен договор, според кој би станал најплатениот играч во историјата на клубот. Сепак, 28-годишниот напаѓач има амбиции да игра на повисоко ниво или поточно во Лигата на шампионите. Тотенхем имаше интерес за него изминатото лето, но сеапак отиде на поевтина опција во лицето на Карлос Винисиус. Ингс има договор со Саутемптон за уште 18 месеци, а клубот веројатно нема да сака да го пушти без пари. Ако две страни не се договорат, тој најверојатно ќе замине ова лето. Играчот сака да…
УЕФА на својата официјална веб-страница го објави список на ограчи кои се најдоа во идеалниот тим за 2020 година. Во тимот на годината има пет играчи кои минатата сезона ја освоија тројната круна со Баерн. Сите пет водечки европски лиги беа претставени во составот. Тим на годината: Мануел Ноер, Џошуа Кимих (двајцата Баерн Минхен), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Алфонсо Дејвис (Баерн), Тиаго Алкантара (Баерн / Ливерпул), Кевин Де Бруин (Манчестер Сити), Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус), Нејмар (ПСЖ), Роберт Левандовски (Баерн Минхен). Да потсетиме, првично 50 играчи беа вклучени во списокот на апликанти за влез…
Пред неколку дена се разделија со Андон Бошковски, а денес тимот на Голден Арт КЛ7 експресно го објави името на новиот тренер што ќе го води тимот во плеј-аутот од Суперлигата. Станува збор за Игор Котевски, поранешен македонски репрезентативец и ракометна легенда, кој успешно се снаоѓа и во тренерските води години наназад. Од екипата најавуваат и преселба од „Борис Трајковски“ во „Јане Сандански“ каде ќе тренирата и ќе ги играат своите натпревари. Официјално од утре почнуваат и подготовките за продолжението на сезоната кога новиот тренер ќе ја има првата прозивка со играчите. Котевски ќе има тешка задача да обезбеди опстанок…
Како што беше најавено утринава, Давиде Никола е новиот тренер на италијанскиот прволигаш Торино. Давиде Никола, поранешен играч на Торино, го наследи Марко Џампаоло, кој синоќа доби отказ поради лошите резултати на клубот. Торино е во зоната за испаѓање по 18 кола во Серија А со само две победи од почетокот на сезоната. Давиде Никола, 47 години, последен пат работеше во Џенова, помагајќи му на тимот да избгне испаѓање минатата сезона. За Давиде Никола се вели дека е специјалист за да извади тим од тешка ситуација и да го спаси од испаѓање.
Од РК Еурофарм Пелистер денес информираа дека средбите со Татабања во рамките на Европската лига ќе ги играат во Битола. Коронавирусот беше причина за осложување на првиот натпревар во есенскиот дел од сезоната, а сега според постигнатиот договор двата натпрвеари ќе бидат одигани на терентот на Еурофарм Пелистер. Битолчани се договорија со унгарскиот претставник двата натпревари да ги одиграат на домашен терен. Првиот е закажан на 9 февруари во 20:45 часот, а вториот ден подоцна, со почеток од 17:00 часот. Ракометарите предводени од Жељко Бабиќ досега одиграа пет натпревара на европска сцена. Имаат една победа, еден нерешен резултат и три порази. Противникот…
Шалке се договори со Ајакс за трансфер на 37-годишниот напаѓач Клас-Јан Хунтелар, пренесува „Де Телеграф“. Според изворот, тимот од Амстердам му дозволил на напаѓачот да се подложи на медицински преглед во Гелзенкирхен. Според извори во Холандија, клубовите во моментов прават меѓусебен договор кој ќе биде ставен на хартија. Хунтелар потекнува од школата на ПСВ Ајндховен. Клас-Јан Хунтелар играше за Шалке од 2010 до 2017 година, постигнувајќи 82 гола на 175 настапи за клубот. Од 2017 година игра за Ајакс, договорот кој го има му важи до летото 2021 година. Оваа сезона напаѓачот учествуваше на 14 натпревари во сите натпреварувања, а…
Македонската ракометна репрезентација ги доби вчера противниците со кои ќе игра во главната рунда од СП во Египет. Денес од страна на ИХФ беа потврдени и термините (саатниците) за одигрување на средбите на нашата репрезентација, иако најнапред беше планирано Македонија да игра во вечерниот термин од 20.30 часот, сепак пласманот на Египет направи корекции, па македонија против сите ривали од главната фаза ќе игра во попладневниот термин од 15.30 часот. 20.јануари (среда) Македонија – Словенија (15.30 часот) 22.јануари (петок) Македонија – Русија (15.30 часот) 24.јануари (недела) Македонија – Белорусија (15.30 часот) Сите натпревари Македонија против овие противници ќе ги…
Денес е слободен ден за нашата ракометна репрезентација на СП во Египет, но не и за официјалните лица кои ј апреставуваат македонија на ова СП. Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за последните натпревари од групната фаза на СП во Египет. Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, ќе дели правда на натпреварот меѓу Хрватска и Катар, кој одлучува за првото место во групата. Натпреварот се игра вечерва од 18:00 часот, а делегат ќе биде Мур од Шпанија. Драган Начевски ќе биде делегат на дербито од групата А меѓу Германија и Унгарија, натпревар кој е на програмата…
