Author: riste

Ракометната репрезентација на македонија доживеа иште еден дебакл на Светското првенство во Египет. Во првото коло загубија со 12, а денес во второто коло загубија од Египет со убедливи 38:19 (20:6). Ова беше уште еден многу лош настап на нашата репрезентација , а се виде уште од почетокот дека не очекува убедлив пораз кога Египет знаеше да го полни голот на Макеоднија од сите позиции. Египет поведе со 10:3, а потоа со серија од 3:0, Македонија намали на 10:6, но потоа следуваше серија од 10:0 на Египет и на одмор се замина со предност од +14, односно 20:6. Се она што се случуваше…

Read More

Од страна на РК Голден Арт КЛ7 вечерва излегоа со информација во кој официјално го објавија завршувањето на соработката со досегашниот тренер Андон Бошковски. „Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира македонската спортска јавност дека заклучно со 15.01.2020 година (петок) престануваат сите обврски за ангажман како главен тренер во клубот на досегашниот прв тренер Андон Бошковски. На Бошковски му благодариме на досегашната соработка и за придонесот во развој на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани. Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот“ се вели во соопштението…

Read More

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино е позитивен на коронавирус, пренесува венсикот „АС“. Денес тој направил дополнителен тест за Ковид-19 кој дал позитивен резултат. ПСЖ објави нов случај на коронавирус во нивниот состав пред нивниот натпревар во Суперкупот со Олимпик Марсеј. Колин Дагба, 22, дефанзивец беше позитивен на тестот. Претходно, одбрандбениот играч Керер, беше заразен со коронавирус. „Менаџерот на ПСЖ, Маурисио Покетино беше позитивен на тестот за Ковид-19 по PCR-тест. Сега ќе биде во изолација и ќе го следи соодветниот медицински совет. Неговите асистенти Хесус Перез и Мигел Д’Агостино ќе ги преземат неговите должности утре на мечот против Анже“ се вели…

Read More

Проблемите со повредите во Милан не запираат. „Скај Спорт Италија“ објави информација дека плејмејкерот Хакан Чалханоглу и Тео Хернандез го пропуштиле денешниот тренинг на тимот. Така, двајца многу важни играчи во тимот на Стефано Пиоли се под знак прашање за настап на гостувањето кај Каљари во понеделник. Така, ситуацијата во таборот на „росонерите“ е дополнително комплицирана, бидејќи Матео Габија, Исмаил Бенасер и Алексис Салемакерс исто така се повредени и ќе го пропуштат мечот, на кој поради казна ќе го нема и Рафаел Леао.

Read More

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш влезе во историјата на англиската Премиер лига откако беше прогласен за играч на месецот во декември 2020 година. Според официјалната веб-страница на Премиерлигата, играчот за врска на Манчестер Јунајтед стана првиот играч што ја добил оваа награда четири пати во една календарска година. Претходно, Бруно беше прогласен за играч на месецот во февруари, јуни и ноември 2020 година. „Три гола и четири асистенции беше тоа прекрасен месец. Давање голови и помагање на вашите соиграчи е одлична работа. Заедно со Манчестер Јунајтед сакам да освојуваме трофеи и награди, но навистина сум среќен што…

Read More

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино им се заблагодари на сите во клубот откако го доби натпреварот од Суперкупот на Франција против Олимпик Марсеј со 2:1. Трофејот беше прв за Аргентинецот како тренер на парискиот клуб. „Извојувавме многу важна победа. Трофејот е чест за клубот и навивачите. Тимот постепено почнува да го прави она што го барам. Јас сум тренер на ПСЖ скоро две недели, работиме напорно. Ова е само почеток. Веруваме дека со текот на времето ќе можеме да да ги зацврстиме нашите идеи и да напредуваме во играта. Сакам да им се заблагодарам на управата на клубот, играчите и…

Read More

Повредата што ја доби Ентони Марсиал за време на мечот со Барнли не е сериозна и напаѓачот ќе му биде на располагање на Оле Гунар Солскјер за големото дерби против Ливерпул во недела. Французинот се пожали на болки во последните минути од натпреварот со Барнли и веднаш беше заменет со Туанзебе. Сепак, според „Дејли меил“, неговата состојба е добра и не се оправдани стравувањата дека ќе го пропушти мечот на „Енфилд“. Вчера „црвените ѓаволи“ имаа слободен ден, а денес треба да продолжат со тренинзите и да започнат да се подготвуваат за пресметката на врвот во Премиер лигата. Се очекува Марсиал…

Read More

Денешениот натпреварувачки ден на СП во Египет носи седум натпревари од првото коло. По вчерашната победа на Египет против Чиле од 35:29 од групата Г каде ќе игра и Македонија против Шведска, денес ќе бидат одиграни уште шест натпревари. ИХФ ги делегираше норвешките судии Јорум и Клевен да ја делат правдата на овој натпревар, а делегат ќе биде Австриецот Рајсингер. Овие судии никогаш досега не им суделе на нашите ракометари на Мундијалите. Резервен судиски пар ќе бидат сестрите Бонавентура од Франција. Натпреварот се игра со почеток од 20:30 часот, а непосредно пред почетокот селекторите ќе ги објават официјалните тимови со кои ќе настап на…

Read More

Менаџерот Микел Артета не сака да се раздели со Шкодран Мустафи за време на јануарскиот преоден рок, иако германскиот дефанзивец ретко се наоѓа во почетниот состав. Тој исто така е во последните шест месеци од договорот. Откако дозволи Салиба да оди на позајмица во Ница и потврди дека Сократис е пред заминување, Артета остана со ограничени опции во средината на одбраната. „Засега, неговата иднина е тука. Папа (Папастатопулос) веројатно ќе не напушти во јануари, а Вилијам Салиба веќе го стори тоа и не ни остануваат многу опции. Габриел е отсутен некое време од составот, а Давид Луис е исто така…

Read More

Македонската ракометна репрезентација и покрај тоа што е во подмладен состав сепак ќе биде пред голем предизвик, ќе треба да покажат дека ќе мора на нив да се смета сериозно во иднина и дека оправдано добија шанса за настап на СП во Египет. Селекторот Брестовац го направи она што многумина само го најавуваа, но никако да се решат на тој потег за подмладување на селекцијата. И во овој состав на Македонија има искусни имиња кои ќе бидат столбот на оваа селекција на СП во Египет. Со капитенот Кире Лазаров, Стоилов, Пешевски, Маркоски, Митревски останатите ќе мора да покажат дека има…

Read More