Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло се одлучи да не го вклучи во составот на својата екипа Кристијано Роналдо за денешниот натпревар со Беневенто. На прес-конференцијата пред натпреварот тој објасни за причината за таа негова одлука. „Кристијано одмара затоа што е малку уморен по толку многу натпревари, па затоа ние не планиравме да го користиме на натпреварот против Беневенто“, изјави Андреа Пирло. Натпреварот Беневенто – Јувентус ќе се одигра вечерва, на стадионот Чиро Вигорито“ во Беневенто со почеток во 18 часот. Јувентус со 16 бода по осум кола е четврти на табелата во италијанскиот шампионат. Лидер е Милан кој има 20,…
Author: riste
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста може да биде надвор од теренот три до шест месеци поради длабока венска тромбоза. Ова го објави д-р Хозе Ескудеро. „Кога сте фудбалер, имате повеќе дуели и треба да бидете повнимателни. Барем кај нормални пациенти, времето на опоравување е од 3 до 6 месеци“ изјави Ескудеро за „Дејли Меил“. Лекарите сугерираат дека длабока венска тромбоза кај Шпанецот е последиците од коронавирусот, кој фудбалерот го доби во септември. Претходно, Атлетико објави дека играчот е болен и бил подложен на лекарски преглед, при што му била дијагностицирана спонтана длабока венска тромбоза на десната нога. Проблемите на…
Челзи е заинтересиран за услугите на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, објави „Goal.com“, повикувајќи се на шпанскиот новинар Гијома Балаге. Да потсетиме дека сегашниот договор на Меси со каталонскиот клуб завршува следното лето. Во јануари, 33-годишниот аргентински фудбалер може да започне преговори со други клубови. Беше објавено дека еден од главните претенденти за Меси е Манчестер Сити. Минатото лето Меси се обиде предвреме да го раскине договорот со каталонскиот клуб. Напаѓачот влезе во судир со управата поради незадоволството од ситуацијата во тимот, но на крајот беше убеден да остане во Барселона до крајот на сегашниот договор. Оваа сезона Меси постигна…
Кошаркарската репрезентација на Македонија денес ќе се обиде да стигне до победа во квалификациите за Евробаскетот на дуелот против Италија во Талин. По воведните два порази од Естонија дома и Русија на гостински терен во февруари, избраниците на селекторот Александар Тодоров мораат да одиграат далеку подобро во овој „ФИБА балон“ ако сакаат добар пласман. И покрај тоа што Италија како домаќин на следното Европско првенство има обезбеден пласман, во овие квалификации селекторот Сакети им дава шанса на помлади играчи од домашниот шампионат, што во никој случај не смеат да се потценат. И со ваков состав Италија во фрвруари ги доби…
Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе ја завршат 2020 година на првото и второто место на светската ранг-листа трета година по ред. Ова е петти пат овој пар да ги заземе првите две места на АТП ранг-листата. Седум пати Федерер и Надал беа први и втори, а Ѓоковиќ и Федерер двапати. Ова значи дека Надал бил во друштво на двајца големи противници вкупно 12 финиши по сезона во топ 2 на светската ранг-листа. Како што е познато, Ѓоковиќ го израмни рекордот на Пит Сампрас со неговиот шести финиш како број 1 на крајот на сезоната.
Светската куќа на фудбалот (ФИФА) и официјално денес ги објави шеширите за квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Она што се очекуваше денес и официјално доби потврда. Македонија се најде во четвртиот шешир пред ждрепката, па нема да може да игра против селекциите на Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург кои се во истиот шешир заедно со нашата селелција. Кои репрезентации ќе ни бидат противници во овие квалификации за СП 2022 година ќе дознаеме на ждрепката која е закажана за 7-ми декември во Цирих, со почеток од 18:00 часот.
Преговорите помеѓу Јувентус и напаѓачот Пауло Дибала во врска со новиот договор се замрзнати. Според неколку медиуми во Италија клубот од Торино не сака да стигне до точката каде ќе го загуби фудбалер бесплатно, и има намера да се врати на разговори за договорот следната година. Како што претходно објавивме, Дибала сака да заработува 15 милиони евра годишно во Јувентус, но „бјанконерите“ не се подготвени да му платат толку многу и планираат да понудат 10 милиони евра плус бонуси. Актуелниот договор на Пауло со „старата дама“ истекува летото 2022 година. Оваа сезона, 27-годишниот напаѓач одигра 4 натпревари за торинскиот клуб…
Македонската кошаркарска репрезентација ја очекуваат два натпревари од квалификациите за Еуробаскетот, а нашиот репрезентативец Андреј Магдевски вели дека нема да се откажат од можноста да се борат за пласман на ЕП. Нема да биде никакво изненадување доколку дуелите со Италија и со Естонија ги започне во стартната петорка на „црвено-жолтите“. Свесен е за актуелниот момент во кој се наоѓа нашата селекција. „Прв пат се соочуваме со ваква ситуација, сигурно не е лесно. Но како за сите, така и за нас. Во Естонија дојдовме во доста изменет состав во однос на претходниот ФИБА прозорец, но нема да се откажеме. Сигурно ќе бидеме…
27-годишниот француски дефанзивец на Евертон, Лука Дињ може да пропушти неколку месеци поради повреда заработена на тренинг на својата екипа. Ова беше објавено на официјалната веб-страница на „карамелите“. На играчот му беше дијагностициран пукнат лигамент на зглобот што бара хируршка интервенција. Операцијата ќе биде извршена во понеделник, на 30 ноември, по што, по некое време, тој ќе започне со рехабилитација под надзор на клупските лекари. Објавено е дека тој ќе може да продолжи со тренинг не порано од два месеци. Да потсетиме, Лука Дињ стана играч на Евертон во август 2018 година, откако премина од Барселона за 20 милиони евра.…
Битката за претседателската функција во Барселона се интензивира и кандидатите за наследник на Joзeп Бартомеу даваат секакви изборни ветувања. Еден од нив – поранешниот потпретседател Емили Русо, објави дека планира да ја преименува арената на Барселона „Камп Ноу“ во чест на мега sвездата Лионел Меси. Русо открива дека има намера да одржи референдум за утврдување на новото име на стадионот, кој според неговите планови ќе се вика „Камп Ноу Лео Меси“. Ова лето Меси, кој во професионалната кариерата игра само за Барселона, јавно изрази желба да го напушти клубот, повикувајќи се на клаузула во договорот. Раководството не го пушти и…
