Author: riste

Зинедин Зидан ќе се врати како спасител во Реал Мадрид и ќе го преземе тимот како прв тренер. Ова беше објавено во исклучиво популарната шпанска телевизиска емисија „Jugones на La Sexta TV“, подоцна веста беше потврдена од страна на водечките шпански медиуми „Марка“ и „АС“. Од „Сантијаго Бернабеу“ одлучиле дека Сантијаго Солари не треба повеќе да го води тимот, а вечерва ќе го објават името на францускиот тренер и тој уште утре ќе го води тренингот на првиот тим. Зидан одговорил позитивно на второто барање на Флорентино Перез. Тој ќе потпише договор до летото 2022 година. Французинот беше првиот избор…

Read More

Клаудио Раниери кој важи за еден од најискусните фудбалски стратези во светот имаше само неколку слободни денови откако го напушти кормилото на Фулам, затоа што  веднаш пронајде нов ангажман и потпиша за италијанскиот гигант Рома. Раниери по осум години се враќа во редовите на „волчицата“, а по денешната промоција изјави дека било невозможно да се одбие понудата на својот клуб. „Среќен сум што се враќам дома. Кога Рома те бара, невозможно е да се одбие“, изјави Раниери на денешната промоција. Клаудио раниери кој е роден во Рим ќе има можност да го поправа впечатокот на оваа екипа и да избори…

Read More

Играчот од средниот ред на Севиља, Пабло Сарабија, одби да биде продаден во екипата на Челзи. Според весникот „Ел Мундо Депортиво“, лондонскиот клуб понудил договор за 26-годишниот играч од средниот ред во текот на изминатиот преоден рок во јануари, но тој сепак избрал да остане во Шпанија. Оваа сезона, Пабло Сарабија одигра 25 натпревари во „Ла Лига“, постигнувајќи осум гола. Во Лигата на Европа има одиграно 12 натпревари и постигнато осум гола. Токму овие настапи го натерале Челзи да му понуди договор, но тој бил одбиен од страна на играчот.

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро сосема очекувано  беше прогласен за најдобар играч во Премиер Лигата за месец февруари, по неговата одлична игра на натпреварите за својата екипа. Аргентинецот постигна 7 гола, реализирајќи два хет трика против Арсенал и Челзи, а неговиот тим победи на сите четири натпревари, а со тоа го надмина Ливерпул на врвот на табелата. Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола исто така логично ја доби наградата за најдобар менаџер за изминатиот месец. Ова е шести пат како тој ја освојува оваа награда, но ова е прв пат оваа сезона наградата да заврши кај него. Агуеро, исто…

Read More

Фудбалската легнда на „Кралскиот клуб“ Уго Санчез не за првпат отворено се предложи самиот за тренер на Реал Мадрид. „Секогаш сум подготвен да помогнам и да работам во мојот дом, бидејќи Реал Мадрид е мојот дом. Претседателот Флорентино Перез веќе знае низ директен разговор дека сум на располагање да помогнам само доколку тој посака”, изјави 60-годишниот Мексиканец за „ESPN“. „Во моментов по продажбата на голгетер како Кристијано Роналдо, немаме централен напаѓач. Ќе земам двајца централни напаѓачи. Ако некој не е во форма, ќе го вклучам другиот”, вели Санчез. „Ако Реал Мадрид ме ангажира, нема да го изневерам. Се надевам дека…

Read More

В.Д. претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини заедно со селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски одржаа состанок со амбасадорот на Република Мексико од Белград, Марко Антонио Гарсија Бланко и почесниот конзул на Мексико во Македонија, Енвер Малиќи во хотел „Парк“ во Скопје. Во таа пригода првиот човек на ФФМ му врачи дрес од македонската репрезентација на амбасадорот од Мексико истакнувајќи дека „Амбасадорот Гарсија Бланко е голем поддржувач на фудбалот и нас ни е мило што добивме пријател кој е влијателен во еден сериозен и моќен фудбалски сојуз како мексиканскиот. Овој продуктивен состанок секако ќе биде од…

Read More

Поранешниот тренер на Реал Мадрид Јулен Лопетеги поднел тужба во судот во шпанската престолнина против поранешните работодавците, а предмет на жалбата е обештетувањето кое го бара Лопетеги во износ од 28 милиони евра, тврдат медиумите во Мадрид. 52-годишниот шпански тренер беше отпуштен од „Кралскиот клуб“ во октомври 2018 година. Лопетеги сака да му биде испалетн целиот износ кој му бил договорен како вкупен приход од плата. Поранешниот голман, исто така, изрази незадоволство што претседателот Флорентино Перез не му кажал за разрешувањето лично. Стратегот го предводеше тимот од јули 2018 година и тоа започна веднаш со скандал, напуштајќи ја репрезентацијата на…

Read More

Тренерот на Рома Еузебио ди Франческо размислува да поднесе оставка по поразот од Порто и елиминацијата на тимот уште во 1/8-финалето од Лигата на Шампионите. Тренерот одби да зборува пред медиумите по натпреварот на таа тема, но за неговите размислувања зборуваше крилото на Рома Диего Пероти. „Тренерот е разочаран, како и сите ние. Елиминирани сме по 120 минути и болно е да бидеш елиминиран на тој начин. Мислам дека заслужуваме повеќе. Порто одигра добро дома и навивачите му дадоа сила, но имавме шанса да победиме. Ние секогаш сакаме да одиме до крај, никој не сака да испадне од Лигата на…

Read More

Популарниот британски весник „Телеграф“ објави дека речиси е сигурно  доаѓањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид. „Мурињо се враќа во Мадрид речиси 100%”, напиша весникот и тоа наиде на големо внимание кај мадридските медиуми. Англиското издание не е сигурно дали португалецот ќе се врати во Реал Мадрид сега или во текот на летото. Весникот „АС” тврди дека раководството на Кралскиот клуб започнале преговори со Мурињо. „Клубот започна вчера контакти со агентот на португалскиот тренер Жорже Мендеш, за да преговара за враќање на тренерот, кој го водеше Реал Мадрид меѓу 2010 и 2013 година. Од Мадрид мора да го убедат тренерот…

Read More

Италијанскиот тим Милан има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума. Според медиумите во Италија, новиот договор со 20-годишниот Италијански голман ќе биде со важност до јуни 2024 година. Платата на Донарума исто така ќе биде зголемена со новиот договор. Во моментов младиот голман на „росонерите“ заработува по 6 милиони евра за сезона. Овој договор кој во моментов го има италијанска надеж истекува во 2021 година. Во тековната сезона, Донарума играше 29 натпревари за Милан, во кои прими 23 гола.

Read More