Author: riste

Белгискиот играч за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин има намера да го продолжи договорот со „граѓаните“. Според „Си-Би-Ес Спорт“, Белгиецот бил воодушевен од веста дека менаџерот Пеп Гвардиола го продолжил договорот со Манчестер Сити, а веднаш потоа Де Бруин влегол во преговори со Манчестер Сити за продолжување на договорот. Комуникацијата меѓу страните продолжува, а Де Бруин самостојно учествува во преговорите. Двете страни се очекува да договорат нов договор во наредните месеци. Според изворот, новиот договор ќе важи до 30 јуни 2025 година. Претходниот договор истекува на 30 јуни 2023 година. 29-годишниот Белгиец постигна еден гол и пет асистенции…

Read More

Во рамките на состанокот помеѓу селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев и раководството на германскиот фудбалски сојуз било разгледано прашањето за можно враќање во националниот тим на играчите на Баерн, Томас Милер и Жером Боатенг, како и дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс . Според „Спорт1“, Лев е подготвен да прифати враќање на овие играчи, но само ако има многу повредени играчи. Покрај тоа, не било дискутирано за поразот против шпанската репрезентација на натпреварот од Лигата на нации (0:6). Претходно беше објавено дека Јоаким Лев ќе продолжи да работи како селектор на германската репрезентација. 60-годишниот селектор на германската репрезентација ги…

Read More

Ливерпул го доби најтешкиот противник од сите елитни екипи во Англија во третото коло од ФА купот. Ждрепката за оваа фаза беше извлечена синоќа, а во неа веќе се вклучени екипите од Премиер лигата. Ливерпул го започнува своето учество во ФА Купот со тешко гостување на „Вила Парк“ кај Астон Вила. Потсетуваме, двата тима веќе се сретнаа во Премиер лигата и Астон Вила во Бирмингем забележа убедлива победа со 7:2. Во исто време, освојувачот на трофејот Арсенал ќе започне да ја брани својата титула со домашен натпревар против Њукасл. Манчестер Јунајтед исто така ќе биде домаќин во оваа фаза, „црвените…

Read More

Напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам го привлече интересот на Манчестер Сити, пренесува „Goal.com“. 23-годишниот Французин, кој игра олично од почетокот на сезоната е меѓу опциите за ново засилување во нападот на „граѓаните“. Главниот играч во нападот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро има договор што истекува следното лето и засега не дава индикации дека сака повторно да потпише. Турам дојде во Борусија Менхенгладбах во 2019 година од Гингамп за 12 милиони евра. Оваа сезона во Бундеслигата, Турам одигра 9 натпревари, постигна 2 гола и даде 2 асистенции.

Read More

Јоаким Лев ќе продолжи да работи како селектор на германската фудбалска репрезентација, се наведува на официјалната веб-страница на Германската фудбалска асоцијација (ДФБ). Денес, Јоаким Лев се состанал со раководството на федерацијата за да разговара за моменталната состојба во тимот, поразот на натпреварот од Лигата на нации со репрезентацијата на Шпанија (0:6) и иднината на селекторот. 60-годишниот тренер на германската репрезентација ги сподели своите идеи и идните планови. „На патот до Европското првенство, сите важни спортски цели се постигнати. Соодветно на тоа, Јоаким Лев продолжува да ја ужива довербата на Германскиот фудбалски сојуз. Убедени сме дека Лев и неговиот стручен штаб…

Read More

Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, Еден Азар има повреда на бутот на десната нога по саботниот натпревар со Алавес. Од „Сантијаго Бернабеу“ објавија за повредата, но не открија за период на опоравување. Според шпанските медиуми, Белгиецот ќе отсуствува од терените најмалку три или четири недели. Така, Азар сигурно го пропушта дербито со Атлетико Мадрид. Весникот „АС“ пресмета дека нема да биде во составот за најмалку шест официјални средби на Реал Мадрид. Азар веројатно нема да биде на теренот до крајот на календарската година. Еден Азар веќе имаше повреда на мускулот на десната нога на почетокот на сезоната. Повредата…

Read More

Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез беше опериран во Лондон. Вчера, за време на натпреварот со лондонски Арсенал, Хименез се здоби со сериозна повреда на главата при судир со дефанзивецот Давид Луиз и беше хоспитализиран. Објавено е дека на фудбалерот му била дијагностицирана фрактура на черепот. „Раул се оперираше синоќа во болница во Лондон. После тоа го посети неговата девојка Даниела, сега тој одмара. Тој ќе остане под медицински надзор уште неколку дена пред да започне со закрепнување. Клубот сака да им се заблагодари на медицинскиот персонал на Арсенал, персоналот на брзата помош, болничкиот персонал и хирурзите кои, благодарение на нивната…

Read More

29-годишниот дефанзивец на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ, може да ја продолжи својата кариера во Јувентус, објави „Калчомеркато“ Според изворот, Јувентус ќе даде понуда за трансфер на играчот следното лето, доколку играчот не се договори со клубот од Мадрид за продолжување на договорот, кој важи до летото 2022 година. Се најавува дека конечната одлука за потписот на Савиќ ќе биде донесена откако Јувентус ќе одлучи за судбината на дефанзивците Џорџо Киелини и Даниеле Ругани. Савиќ се пресели во Атлетико летото 2015 година од Фиорентина. Пред тоа, фудбалерот ги бранеше боите на Манчестер Сити и Партизан. Оваа сезона црногорскиот дефанзивец има одиграно…

Read More

Натпреварот помеѓу кошаркарските репрезентации на Македонија и Италија кој е дел од квалификациите за настап на ЕП 2022 е одложен, поради позитивен ковид-тест во нашиот национален тим. Раководството на нашата кошаркарска федерација доби информација од ФИБА дека поради позитивни случаи на присуство на ковид – 19 кај најмалку еден кошаркар, комплетниот наш тим ќе мора да направи уште еден ПЦР тест. Според ова, натпреварот кој беше предвиден да запопчне денес од 15:00 часот нема да се игра во овој термин и за него ќе се бара нов термин во „балонот“ во Талин, а можно е воопшто да не се одигра во овој…

Read More

Дури пет клуба во Серија А можат да бидат санкционирани со одземање на три бода од нивните конта, пишува „Газета Дело Спорт“. Причината е што тие не им исплатиле плати на своите играчи последните три месеци. Наполи, Лацио, Беневенто, Сампдорија и Џенова последен пат платија на своите играчи во август, а поради пандемијата на коронавирусот им беше дозволено да ја одложат исплатата на платите до 1 декември. Доколку клубовите не ги исплатат платите на играчите до тогаш, може да добијат санкција со одземање на три бода. Други пет екипи – Болоња, Кротоне, Интер, Парма и Рома ги исплатија своите плати…

Read More