Author: riste

Она што беше најавувано подолго време, веќе е официјализирано од страна на УЕФА. Европската фудбалска централа (УЕФА) потврди дека од лето 2021 стартува новото, трето по ранг европско натпреварување, во кое Македонија ќе има три претставника. Во ова натпреварување ќе влезат освојувачот на Купот и втората и третата екипа од шампионатот. Всушност тие кои порано беа дел од квалификациите за Лигата на Европа, сега ќе играат во Конференциската лига во која ќе се натпреваруваат во квалификациите екипи кои доаѓаат од земји кои се под 15-тото место според ранкингот на УЕФА. За ова натпреварување и буџетот е помал, па тоа значи…

Read More

Ница официјално објави разделба со сегашниот тренер на тимот Патрик Виеира. Поранешниот капитен на Арсенал беше известен за одлуката на управата синоќа, откако неговата екипа загуби со 2:3 од Баер Леверкузен на домашен терен, со што беше ставено крај на надежите на оваа екипа за пласман во елиминациската фаза во Лигата на Европа. Ова беше петти последователен пораз за Ница, па веста за отказот на Виеира не е особено изненадувачка. Тимот привремено ќе го води сегашниот асистент на Виеира – Адријан Урсеа. Виеира започна со работа во Ница пред 30 месеци. Во јуни 2018 година го наследи Лусиен Фавр, кој…

Read More

ESPN го објави список на најдобрите 10 тренери за годината што завршува 2020 година. Првото место на рангирањето го зазеде предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп , под чие водство екипата на Ливерпул стана шампион на Англија за прв пат по 30 години. Ханс-Дитер Флик, со кого Баерн ја освои тројната титула е на второто место. Најдобрите три ги комплетираше Пеп Гвардиола од Манчестер Сити. Граѓаните го освоија Лига купот на Англија оваа година. Топ 10 тренери: Јирген Клоп (Ливерпул) Ханс-Дитер Флик (Баерн) Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) Џан Пјеро Гасперини (Аталанта) Јулијан Нагелсман ( РБ Лајпциг) Марсело Биелса (Лидс Јунајтед) Диего…

Read More

Играчот на Тотенхем, Герет Бејл го реализираше пеналот на мечот од 5-то коло од групната фаза во Лигата на Европа против австрискиот клуб ЛАСК (3:3). Овој погодок беше за 31-годишниот Велшанец 200-ти во кариерата, објави весникот „Марка“. Со Тотенхем, Бејл погоди 57 пати. Фудбалерот постигна 105 голови за Реал Мадрид, 33 за Велс и 5 за Саутемптон. Последниот гол на Герет Бејл во УЕФА натпреварите беше пред повеќе од две години, на 27 ноември 2018 година, за Реал Мадрид во натпревар со Рома во Лигата на шампионите кој го добија со 2:0. Тотенхем досега има освоено 10 поени и обезбеди…

Read More

Уругвајскиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Луис Суарез е повторно тестиран за коронавирус. Неговиот резултат беше негативен, се вели во информацијата објавена на официјалната веб-страница на клубот. Претходно, поради позитивен тест за КОВИД-19, Суарез не учествуваше на последните натпревари на Атлетико. Конкретно, Уругваецот не играше против Локомотив Москва (0:0) и Баерн Минхен (1:1) во Лигата на шампионите, а ги пропушти и натпреварите од шпанското првенство со Барселона (1:0) и Валенсија (0:1). Оваа сезона Луис Суарез одигра 9 натпревари во сите натпреварувања за Атлетико и постигна 5 погодоци на нив. Напаѓачот се пресели во оваа екипа од Барселона во летниот преоден рок…

Read More

Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо зборуваше за закрепнувањето на напаѓачот Хари Кејн од повредата што не му дозволи да настапи на натпреварот од 5-то коло во Лигата на Европа против ЛАСК (3:3). „Мислам дека Хари Кејн ќе биде подготвен за Арсенал, но не сум стопроцентно сигурен во тоа. Тој се лекува. Можев да блефирам и да се преправам дека има сериозни проблеми, но тоа не е така, и мислам дека тој сепак ќе игра“, изјави Мурињо. Натпреварот од 11-то коло на англиската Премиер лига Тотенхем – Арсенал ќе се одигра на 6 декември. Лондонското дерби меѓу овие двата тима сеогаш…

Read More

Во Франција се убедени дека мегаsвездата на Барселона, Лионел Меси од новата сезона ќе стане дел од амбициозниот проект на ПСЖ. Аргентинецот беше подготвен да ја напушти Барселона минатото лето, но наиде на отпор од управата. Тој одби да влезе во судска битка со клубот и остана да го исполни својот договор, кој истекува во летото 2021 година. Прв кој зборуваше за таквата можност беше бразилската sвезда во ПСЖ, Нејмар, кој рече дека е убеден во можноста да игра со Меси повторно во тим од новата сезона. Неговите зборови ги потврди играчот за врска Леандро Паредес. Исто така добро упатените…

Read More

Фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис е прогласен за најдобар фудбалер во Канада во 2020 година, соопшти прес-службата на националната федерација. Оваа награда 20-годишникот ја доби за прв пат. „Резултатот што Дејвис го постигна ќе инспирира нова генерација играчи“, рече канадскиот селектор Џон Хердман за наградата на Дејвис . Дејвис се пресели од Ванкувер во Баерн Минхен во 2019 година. Како дел од тимот од Минхен, тој стана шампион на Германија, освојувач на Купот и Суперкупот на земјата, како и освојувач на Лигата на шампионите. Оваа сезона, Канаѓанецот одигра 8 натпревари во сите натпреварувања и имаше една асистенција. Претходно, Дејвис…

Read More

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос веќе сакал да го напушти клубот, тврдат одредени медиуми во Шпанија. Дефанзивецот, кој е дел од Реал Мадрид од 2005 година, добил интересна понуда од ПСЖ, како и од клубови во Англија и Италија. До неодамна, Рамос разговараше со управата на Реал Мадрид околу неговиот нов договор на „Сантијаго Бернабеу“. 34-годишниот играч сакаше да потпише двегодишен договор, но ова беше спротивно на принципите на Реал Мадрид за понуда на едногодишни договори на постари играчи. На крајот, Реал сигнализираше дека ќе ги прифати условите на Рамос, кој освои 22 трофеи со оваа екипа, вклучувајќи и…

Read More

Австрискиот тим Рапид Виена постави антирекорд со своите настапи во второто по квалитет натпреварување под капата на УЕФА, Лига Европа. Поразот од Арсенал на „Емирати“ со 1:4 беше 27-ми за Рапид во ова натпреварување каде што е редовен учесник. Така, австрискиот тим сега е сам на врвот на оваа ранглиста на рекорден број на порази во Лигата на Европа, оставајќи го зад себе норвешкиот Розенборг, кој има 26 порази. Со 23 порази во Лигата на Европа се Спортинг Лисабон и данскиот ФК Копенхаген.

Read More