Пјер-Емерик Обамејанг е казнет со 10.000 долари за негова објава на социјалните мрежи со што ја наруши имиџот на Африканската фудбалска конфедерација (КАФ). Напаѓачот на Габон беше критикуван затоа што минатиот месец ја мина ноќта на аеродромот во Гамбија пред квалификацискиот натпревар за Африканскиот куп на нации. Обамејанг и неговите соиграчи спиеја на подот на аеродромот откако локалните власти им забранија влез во земјата поради спорот околу тестовите за Ковид-19. Тој напиша на социјалните мрежи: „Добра работа, КАФ, како да сме повторно во 90-тите“. Напаѓачот подоцна додаде: „Ова нема да нè демотивира, но јас барам КАФ да ја преземе одговорноста. 2020…
Author: riste
Една од најголемите надежи на Арсенал – Габриел Мартинели го одигра својот прв натпревар по 9 месеци по повредата на коленото. 19-годишниот Бразилец учествуваше на натпреварот помеѓу „топџиите“ против Вимблдон (0:3). Напаѓачот се појави во почетниот состав и беше заменет по паузата. Мартинели заработи повреда на коленото за време на тренингот во јуни 2020 година, а Бразилецот беше опериран во јули. Последниот настап во дресот на Арсенал напаѓачот го имаше на 2 март против Портсмаут (2:0) за ФА купот. Вкупно во екипата на Арсенал, Мартинели има постигнато 10 голови и 4 асистенции.
Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер зборуваше за поразот во натпреварот од 6.коло од групната фаза во Лигата на шампионите со РБ Лајпциг (2:3), како резултат на кој „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од Лигата на шампионит и ќе мора да играат во Лигата на Европа. „Почнавме да играме предоцна. Покажавме одличен карактер кога се вративме во игра, но не можете да дозволите противникот да постигне три гола и да се обидете потоа да направите кам-бек. На крајот немавме среќа, но се обидовме. Се разбира, не може да се каже дека бевме доволно добри – не бевме. Главниот пораз за…
Најдобриот светски тенисер и 17-кратен победник на Грен слем турнирите Новак Ѓоковиќ одлучил да се пресели од Монте Карло (Монако) во Марбела (Шпанија), објави “Телеграф“. За време на првиот бран на пандемијата на коронавирусот, Новак беше во Марбела и го засака ова место. Тука подоцна се опоравуваше откако се зарази со коронавирусот на Адриа Тур. Првично, Србинот планираше да изнајми куќа во Шпанија, но на крајот ја купил за 10 милиони евра. Вилата се наоѓа во елитен дел на Марбела со поглед на море и планина. Куќата има 9 спални и 8 бањи. Ѓоковиќ на располагање ќе има и базен,…
Натпреварот помеѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир кој беше прекинат синоќа ќе се доигра вечерва. Натпреварот на „Паркот на принцовите“ беше прекинат во 14. минута, откако четвртиот судија Себастијан Култеску го нараше „црниот“ помошник тренер на гостите Пјер Вебо. Натпреварот ќе се догра вечерва со почеток од 18:55 часот, а ќе продолжи од минута кога беше прекинат. Судискиот тим ќе биде комплетно нов. Главен судија ќе биде Дани Маккели од Холандија, а ќе му помагаат Дикс од Холандија и Бониек од Полска, а четврти судија ќе биде Марко Ди Бело од Италија.
Барселона претрпе тежок пораз со 0:3 од Јувентус и првпат по 13 години не заврши како победник во својата група во Лигата на шампионите. Каталонците губеа со 0:2 до 20-та минута. Оваа екипа никогаш не дозволила да прими два гола толку брзо на „Камп Ноу“ во Лигата на шампионите. Барса е исто така единствената екипа која победила на првите 5 натпревари во групата, но не завршила на врвот на табелата. Барселона освои 15 поени, но исто така и Јуве, кој е подобар во директните натпревари благодарение на синоќешниот резултат. Излегоа и интересни статистички податоци поврзани со Лионел Меси. Аргентинецот упати…
Барселона го загуби првото место во својата група во Лигата на шампионите по тешкиот пораз со 0:3 од Јувентус на „Камп Ноу“. Ова беше втор последователен неуспех за Каталонците, кои викендов загубија од Кадиз во Ла Лига. Тренерот Роналд Куман ја призна супериорноста на Јувентус и ги коментираше причините за резултатот. „Мислам дека го загубивме натпреварот во првиот половина час. Направивме лош почеток, со многу грешки во одбраната. Како да не ни беше целта да победима, да не доминираме. Ни недостасуваше агресија на средината на теренот, а Јувентус одигра добро и заслужено победи. Им оставивме премногу слободен простор и во…
Ракометарите на Еурофарм Пелистер успеа да дојде до првата победа во новото натпреварување на ЕХФ, Европската лига, откако синоќа на домашен терен славеше против Тримо Требње од Словенија со сигурни 33:26. Овој натпревар од тренерски агол по мечот го анализираше помошникот на Жељко Бабиќ, Божидар Мојсов, кој на прес-конференцијата рече: „Честитки за противничката екипа за борбената игра, Тримо одигра цврст натпревар и беше многу тешко да се игра. Оваа победа ни беше многу потребна, и истата е како еден вид на шлаг на тортата за напорната работа. Имавме и проблеми сами со себе, па затоа сметам дека овој успех ни е добредојден за…
Тренерот на Интер, Антонио Конте ќе мора да ги реши проблемите во средниот ред за утрешниот решавачки натпревар против Шахтјор. Потребна им е задолжителна победа на „нероазурите“ и поволен развој на вториот натпревар во групата Б од Лигата на шампионите помеѓу Борусија (М) и Реал Мадрид за да се надеваат на пласман во следната фаза. За натпреварот со Украинците, Конте најверојатно нема да може да смета на Николо Барела и Артуро Видал. Италијанскиот репрезентативец вчера се здоби со повреда на скочниот зглоб на тренингот на својата екипа, а Чилеанецот го пропуштил тренингот. Доколку Барела не може да го започне натпреварот,…
Барселона е заинтересирана за 21-годишниот напаѓач на Бенфика Дарвин Нуњез, објави „Sport.es“. Според изворот, минатата недела, спортскиот директор на Барселона, Рамон Планес, одлетал во Лисабон за лично да го гледа играчот. Се најавува дека трансферот ќе се изврши не порано од 2022 година. Барселона направи обиди да потпише со играчот на Алмерија изминатото лето, но Нуњез се приклучи на Бенфика во септември. 21-годишниот фудбалер е интересен и за Јувентус од Торино. Тековниот договор меѓу Уругваецот и Бенфика е со важност до летото 2025 година. Оваа сезона, Нуњез учествуваше на 13 натпревари, стана автор на 6 гола и 6 асистенции.
