Макс Верстапен со болидот на Ред Бул ќе стартува од пол позицијата во последната трка оваа сезона, за ГН на Абу Даби. Верстапен успеа да ги заврши квалификациите на првото место пред пред ривалите од Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон. Верстапен имаше најбрзо време од 1:35.246, што беше за 25 десетинки побрзо од Финецот, а 86 од шампионот Хамилтон. Формата на Хамилтон очигледно е опадната по изолацијата поради коронавирусот, што гарантира утре да имаме интересна и возбудлива трка. Во квалификациите понатаму следуваа Ландо Норис од Мекларен, додека Алекс Албон од Ред Бул уште еднаш покажа дека може да биде…
Author: riste
Фудбалската репрезентација на Македонија останува на истата позиција на најновата ФИФА-ранг листа објавена денес. Нашиот национален тим се наоѓа на 65. позиција, а веднаш зад нас се Албанија, Саудиска Арабија и Бугарија. И понатаму најдобра репрезентација во светот е Белгија, пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија. Од нашите следни противници во квалификациите за СП, Германија е 13-та, Романија 37-ма, а Исланд е 46-ти. Што се однесува до противниците на ЕП, Холандија е 14-та, Австрија е 23-та, додека Украина е 24-та. Бидејќи ова беше последната ранг-листа за оваа година, тоа значи дека 2020 година која е…
Синоќа, Реал Мадрид победи со 2:0 и со тоа се пласираше во осминафиналето на најпрестижното клупско натпреварување, иако во одредени моменти пласманот во следната фаза беше ставено под сериозно прашање. Оваа победа означува уште еден историски триумф од статистичка гледна точка за Реал Мадрид, ова беше 29-ти пласман во елиминациската фаза за Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Реал Мадрид заврши како прв во групата, пред Борусија Менхенгладбах, Шахтјор Доњецк и Интер. Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи во понеделник, на 14 декември во 12 часот.
Бразилскиот напаѓач Хулк се најде на списокот на желби на Вулверхемптон, пренесуваат медиумите во Англија. Англискиот клуб е во потрага по замена за напаѓачот Раул Хименез, кој се здоби со скршеница на черепот на натпреварот од 10-то коло во Премиер лигата против Арсенал (2:1). Ќе потсетиме, порано беше објавено дека Хулк е подготвен да се согласи за намалување на плата за 90% со цел да игра во англиската Премиер лига. Платата на 34-годишниот играч во кинескиот клуб Шангај СИПГ беше околу 20 милиони евра. Хулк најави заминување од Шангај СИПГ и е слободен играч. Претходно беше објавено дека Зенит и…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солсјкер ќе продолжи да работи со тимот и покрај резултатите од групната фаза во Лигата на шампионите. Во последното, 6. коло, „црвените ѓаволи“ загубија од РБ Лајпциг со резултат 2:3, губејќи 0:3 за време на средбата. Тимот заврши како трет во групата и ќе се пресели во Лигата на Европа. Покрај германскиот клуб, ПСЖ се пласираше во плејофот во Лигата на шампионите. Според „Дејли меил“, раководството на Манчестер Јунајтед не е многу потресено од неуспехот во Лигата на шампионите и продолжува да го поддржува Солскјер. Дури и фактот дека екс тренерот на Тотенхем Маурисио…
Во натпреварот од шестото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, Реал Мадрид ја победи Борусија Менхенгладбах. Средбата се одигра на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид и заврши со резултат 2:0 во корист на домаќините. Францускиот напаѓач во редовите на Реал Мадрид Карим Бензема го одигра 527-от натпревар за Реал Мадрид во сите натпреварувања и го повтори достигнувањето на Роберто Карлос по бројот на настапи за Кралскиот клуб меѓу странските играчи. Бензема беше одличен на синоќешниот натпревар од последното коло во групата Б, а со неговите два гола и тоа со глава му донесе победа и прво место на…
Во натпреварот од 6.коло од групната фаза во Лигата на шампионите на УЕФА, Мидтјиланд беше домаќин на Ливерпул. Средбата се одигра на стадионот „МЦХ Арена“ во Хернинг (Данска) и заврши нерешено со резултат 1:1. За Ливерпул, стрелец на голот беше Мохамед Салах. За Мохамед Салах ова беше 22-от гол за Ливерпул во Лигата на шампионите и со тоа го надмина поранешниот фудбалер и капитен на Ливерпул Стивен Жерард по овој индикатор. Благодарение на ова, тој стана најдобар стрелец на тимот во Лигата на шампионите. Ливерпул со 13 бода обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите како првопласиран во групата…
Извршниот комитет на Европската карате федерација (EKF) реши сениорското европско првенство во 2021 година да се одржи во Пореч, Хрватска. Во предвид беа земени повеќе значајни параметри при изборот на нов домаќин, откако Гетеборг ја откажа организацијата на најголемиот континентален настан во каратето поради штетите предизвикани од пандемијата од коронавирусот. ЕКФ веднаш започна да бара алтернативи, земајќи ја предвид важноста на настанот, како и итноста да се најде нов домаќин колку што е можно порано и да се овозможи започнување на подготовките за организација, без никакво одлагање. Во таа насока, Извршниот комитет дефинираше прецизни параметри со цел да се обезбедат што…
Поранешниот италијански репрезентативец Паоло Роси почина на 64-годишна возраст, објави „Газета дело Спорт“. Италијанската фудбалска суперarвезда ја предводеше Италија на Светското првенство во Шпанија 1982 година постигнувајќи шест гола, освојувајќи ја Златната копачка за најдобар стрелец и Златната топка за најдобар играч на првенството. Истата година тој беше награден со Златна топка од списанието Франс Фудбал за најдобар фудбалер во Европа. Паоло Роси, роден на 23 септември 1956 година во градот Прато, играше во екипите на Комо, Виченца, Перуџа, Јувентус, Милан и Верона. Како дел од Јувентус, тој ги освои КНК, Суперкупот на Европа (1984) и КЕШ во 1985 година.…
Тренерот на Реал Мардид, Зинедин Зидан изјави дека е задоволен од победата над Борусија (Менхенгладбах) од 2:0, со која Шпанците се пласираа во осминафиналето од Лигата на шампионите како победник во групата Б. „Среќен сум. Тоа беше нашата цел – да завршиме први во групата. Ние го игравме тоа. Имавме одлична игра од првата до последната минута. Мислам дека тоа беше нашиот најдобар натпревар во сезоната. Беше важно да го освоиме првото место. За прв пат успеавме да го сториме тоа со мене како тренер“, прокоментира Зидан. „Бев фудбалер и знам дека е невозможно да се игра така на секој…
