Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Пореч домаќин на 56-то Европското првенство во карате 2021
    Меѓународен микс

    Пореч домаќин на 56-то Европското првенство во карате 2021

    risteBy riste10/12/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Извршниот комитет на Европската карате федерација (EKF) реши сениорското европско првенство во 2021 година да се одржи во Пореч, Хрватска. Во предвид беа земени повеќе значајни параметри при изборот на нов домаќин, откако Гетеборг ја откажа организацијата на најголемиот континентален настан во каратето поради штетите предизвикани од пандемијата од коронавирусот.

    ЕКФ веднаш започна да бара алтернативи, земајќи ја предвид важноста на настанот, како и итноста да се најде нов домаќин колку што е можно порано и да се овозможи започнување на подготовките за организација, без никакво одлагање. Во таа насока, Извршниот комитет дефинираше прецизни параметри со цел да се обезбедат што е можно повеќе услови за одржливост на настанот, земајќи ги предвид однапред утврдените барања како што се локацијата до Централна Европа (полесен пристап за поголем број земји), искуството во одржување настани под посебни околности на COVID-19 и слободниот пристап до земјата без оглед на пандемијата или политичката ситуација во Европа во сегашно време.

    Исто така, треба да се потенцира дека уште четири земји изразија подготвеност да ја преземат организацијата на ова европско првенство, што наиде на позитивни реакции. Најпрвин Азербејџан, каде што годинава во март годинава требаше да се одржи европското првенство кое беше откажано поради COVID-19, потоа и Бугарија, Полска и Шпанија, но од споменатите причини, предност доби Пореч.

    Според календарот 56-то европско првенство ќе се одржи од 19 до 23-ти мај 2021 година и ќе биде дел од бодувањето за светската ранг листа, три недели пред Квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио, закажан во Париз од 11-ти до 13-ти јуни. Претседателот на EKF, Антонио Еспинос изрази благодарност за унитарноста на сите земји членки на европската федерација, кои во тешки и неизвесни ситуации докажаа колку сме обединети и колку е цврсто ова единство кое нè прави уште посилни.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.