Author: riste

Македонската ракометната репрезентација во месец март наредната година ги  продолжува квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2022 година, а следат два дуели со фаворитот Данска. Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 10 март, а потоа следи натпреварот на гостински терен со истата репрезентација, на 14 март. Од страна на Данска е одрдено местото каде ќе ја пречекаат Македонија, а тоа ќе биде Алборг и салата „Јутландер банк Арена“. Македонија и Данска по првите два натпревари имаат максимален учинок од две победи против Финска и Швајцарија, а  најдобрите две репрезентации во групата патуваат директно на ЕП 2022.

Read More

Макс Верстапен го заврши она што го почна во вчерашните квалификации на патеката во Абу Даби. Возачот на Ред Бул победеи на последната трка од оваа сезона којасе возеше на патеката „Јас Марина“ во Аби Даби. Тој стартуваше од првата позиција и во текот на целата трка знаеше како да ја задржи пшредноста пред двата болида на Марцедес со Валтери Ботас и Луис Хамилтон. Денешната трка помина без возбудувања и промени на лидерските места, па на подиумот резултатите беа исти како на стартот, односно Верстапен, пред Ботас и Хамилтон, додека тимскиот колега од Ред Бул, Алекс Албон заврши четврти позиција…

Read More

По вчеаршниот дебакл од Штутгарт на домашен терен беше сосема очекувано да реагира управата на Борусија Дортмунд и денес да му врачи отказ на тренерот, Лусиен Фавр. По овој тежок пораз 63-годишниот Швајцарец доби отказ од екипата на Борусија Дортмунд и го заврши својот престој на „Сигнал Идуна Парк“. Тој дојде во Германија во 2018 година, кога пристигна од редовите на Ница. Борусија имаше лоши резултати на последните пет натпревари и го загуби чекорот од водечките екипи во Будеслигата. Трите порази, едно реми и само една победа во последните пет средби го натераа раководството на клубот на овој потег. Во наредните…

Read More

Напаѓачот на Ајакс, Клас Јан Хунтелер ја објави својата одлука дека ќе ја заврши кариерата на крајот на оваа сезона. „Тој момент доаѓа. Мислам дека ова е моја последна сезона. Да, ќе застанам. Со задоволство ќе продолжам да играм до крајот на сезоната. Што сакам да направам откако ќе ја завршам кариерата? Дали сакам да бидам тренер? Мислам дека ќе добијам диплома, но прво ќе поминам неколку месеци дома со моето семејство. После тоа ќе размислиме за тоа“, изјави Хунтелар за „Воетбал Интернешнл“. 36-годишниот Хунтелар потекнува од школата на ПСВ. Тој се пресели во Ајакс во 2006 година, но го…

Read More

Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема го држи рекордот во клубот по бројот на одиграни натпревари меѓу странците. Бензема синоќа го одигра натпреварот од 13. коло во Ла Лига со Атлетико Мадрид. Овој натпревар беше 528. за 32-годишниот фудбалер во мадридскиот клуб. Французинот го собори рекордот на поранешниот бразилски дефанзивец Роберто Карлос по бројот на настапи за Реал Мадрид меѓу странците (527). Бензема игра во Реал Мадрид од 2009 година. Претходно, Реал Мадрид постави рекорд во Лигата на шампионите за најмногу пласмани во фазата на елиминации, односно најмногу пати помината група во ова натпреварување. На натпреварот против Борусија Менхенгладбах,…

Read More

Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик изјави дека играчот за врска Леон Горетцка се повредил на натпреварот од 11. коло на германската Бундес лига со Унион Берлин (1:1). „Леон чувствуваше болка додека трчаше. Сè уште не знаеме што точно се случило. Ќе направиме уште неколку медицински тестови во Минхен. Се надеваме дека повредата не е сериозна“, изјави Флик за официјалната веб-страница на Баерн Минхен. Оваа сезона, играчот за врска учествуваше на 15 натпревари за германскиот клуб, постигна четири погодоци и три асистенции. Баерн Минхен има 24 бода на 11 натпревари и се наоѓа на првото место на табелата во германската…

Read More

Аргентинскиот играч за врска Лукас Зеларајан постигна два гола, а Колумбос го освои својот втор шампионски трофеј во Американската фудбалската лига (МЛС) по победата од 3:0 против Сиетл. Колумбос поведе во 25-та минута кога голманот на гостите Стефан Фрај не успеа да го одбрани волеј ударот на Зеларајан. Аргентинецот асистираше на голот на Дерик Етиен за 2:0 во 31-та минута, по што на крајот во 82-та минута постигна уште еден гол за конечни 3:0. Колумбос е седмиот тим во историјата што освоил два или повеќе МЛС-трофеја. Тие исто така го освоија шампионскиот трофеј во 2008 година, додека Сиетл остануваат со…

Read More

Играчот за врска на ПСЖ, Марко Верати изјави дека се надева дека напаѓачите Нејмар и Килијан Мбапе ќе ги продолжат договорите со неговиот клуб. „Секој ден ги замолувам Нејмар и Мбапе да останат во ПСЖ! Понекогаш го прашувам Килијан: „Дали веќе потпишавте нов договор?” Мислам дека наскоро ќе се договорат, бидејќи обајцата овде се чувствуваат добро”, изјави Верати. Да потсетиме, договорите на Нејмар и Мбапе со ПСЖ се со важност до 2022 година. Нејмар се приклучи на ПСЖ од Барселона летото 2017 година. Сумата на трансферот изнесуваше рекордни 222 милиони евра, кои беа обележани во договорот на бразилскиот напаѓач со…

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота може да пропушти околу два месеци поради повреда. Според португалскиот „Рекорд“, повредата на коленото, која ја доби 24-годишниот Португалец на последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите со данскиот Мидтјиланд (1:1), е сериозна. Првично, се тврдеше дека Жота ќе го пропушти само следниот натпревар на Ливерпул. На најверојатно играчот кој досега одигра девет натпревари, на кои се постигна четири гола ќе мора на подолга пауза. Тој исто така постигна четири гола на шест натпревари во Лигата на шампионите. Натпреварот од 12-то коло на англиската лига  меѓу Фулам – Ливерпул е закажан за утре,…

Read More

Месут Озил официјално е играч на Арсенал, но нема настап оваа сезона за неговата екипа, па затоа е подготвен да го напушти тимот во зимскиот преоден рок. Според ЕСПН, 32-годишниот Германец размислува да започне кариера во МЛС лигата. Интерес за него покажаа ДЦ Јунајтед и Лос Анџелес Галакси веќе неколку месеци. Заинтересирани клубови се Интер Мајами, новоформираниот клуб во сопственост на група инвеститори предводени од Дејвид Бекам . Според изворот, Арсенал, кој не го вклучи Месут Озил во составот оваа сезона, нема да го спречи играчот да си замине. Договорот на фудбалерот истекува на 30 јуни 2021 година, а од…

Read More