Макс Верстапен го заврши она што го почна во вчерашните квалификации на патеката во Абу Даби.
Возачот на Ред Бул победеи на последната трка од оваа сезона којасе возеше на патеката „Јас Марина“ во Аби Даби. Тој стартуваше од првата позиција и во текот на целата трка знаеше како да ја задржи пшредноста пред двата болида на Марцедес со Валтери Ботас и Луис Хамилтон.
Денешната трка помина без возбудувања и промени на лидерските места, па на подиумот резултатите беа исти како на стартот, односно Верстапен, пред Ботас и Хамилтон, додека тимскиот колега од Ред Бул, Алекс Албон заврши четврти позиција пред Ландо Норис. Успешен настап имаа и Норис и Саинц од Мекларен, па со новите бодови го освоија третото место кај конструкторите оваа сезона.

