Манчестер Јунајтед ја забележа десеттата последователна победа во Премиер лигата на гостински терен, откако стигна до 3:2 против последнопласираниот Шефилд Јунајтед. Домаќините поведоа по киксот на Хендерсон, кој го искористи Дејвид МекГолдрик. „Црвените ѓаволи“ во 33-та минута стигнаа до целосен пресврт со головите на Маркус Рашфорд и Ентони Марсиал. По паузата, англискиот репрезентативец го зголеми водството на гостите. Непосредно пред крајот, МекГолдрик постигна втор гол за Шефилд Јунајтед, но мораа да се помират со уште еден пораз. Шести пати по ред од почетокот на сезоната, Манчестер Јунајтед прима прв гол на гостувањето во шампионатот и победи шести пат по ред.…
Author: riste
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не го криеше задоволството од успехот над Шефилд Јунајтед (3:2). Ова беше десетта последователна победа на „црвените ѓаволи“ на гостински терен, но Солскјер се надева дека тимот ќе започне да ја покажува истата игра и на „Олд Трафорд“. „Победата можеше да биде поубедлива. На 3:1 во наша корист изгубивме концентрација. Факт е дека корнерот од кој падна вториот погодок за домаќините беше погрешно досуден, па тогаш стана навистина тешко”, призна Солсјкер „Сите наши голови беа прекрасни. Знаевме дека од физичка гледна точка, натпреварот ќе биде многу тежок. Тоа беше вистинска битка. Тоа беше…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше многу емотивен по добивањето на наградата за најдобар тренер според ФИФА. „Очигледно не бев подготвен за ова, но секако морам да ви се заблагодарам и го сторам тоа, особено во име на целиот мој тренерски тим. Тоа е јасно – без нив јас не би бил тука и немаше да го имаме успехот што го постигнавме. Ова ќе беше невозможно без играчите. Работам во неверојатен клуб, ја добивам целата поддршка што ми е потребна, има само прекрасни луѓе околу мене. Затоа, доаѓаме тука дури и во тешки времиња, секој ден со насмевка на лицето“,…
Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ги сподели своите емоции откако беше избран за најдобар фудбалер на светот за 2020 година во избор на ФИФА. Полскиот напаѓач зад себе ги остави Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои 14-ти пат по ред беа во идеалниот тим на годината. „Јас сум многу среќен. Среќен сум и горд на она што го постигнав. Ова е одличен ден не само за мене, туку и за моите соиграчи и клубот. Наградата им припаѓа на сите нив и на тренерите, на сите во Баерн. Чувството е фантастично“, рече Левандовски. „Работев толку многу изминатите години. 2020 година…
Меѓународната фудбалска федерација, заедно со Меѓународната федерација на здруженија на професионални фудбалери (FIFPro), го објави идеалниот тим за 2020 година. Уште еднаш, Португалецот Кристијано Роналдо и Аргентинецот Лионел Меси беа во најдобрите 11 за оваа година. 2020 година стана 14-та година по ред, како овие двајца фудбалери се во идеалниот тим на годината. Двајцата играчи беа во конкуренција и за главната индивидуална награда на годината од ФИФА – „Најдобар играч на годината“, но таа му припадна на напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски. Составот на идеалниот тим на 2020 година: Голман: Алисон Бекер (Ливерпул) Дефанзивци: Вирџил ван Дајк, Трент Александар-Арнолд…
Александар Васоски повеќе не е тренер на Вардар. Она што пред неколку дена го најави денес го потврди досегашниот тренер на „црвено-црните“ кој по победата над Беласица во Струмица се прости од своите фудбалери, но и од навивачите и симпатизерите на најтрофејниот македонски клуб. „Почитувани спортски пријатели, навивачи на Вардар, почитувана спортска јавност. Сакам во името на стручниот штаб да ви се заблагодарам за поддршката која му ја дававте на Вардар во овој тежок период за клубот. Почитувани вардарови фудбалери, вашите имиња треба да се впишат со златни букви во историјата на овој клуб, затоа што не дозволивте клубот да доживее…
Со натпреварите кои беа одиграни денес во рамките на 18-то коло во ПМФЛ заврши есенскиот дел од сезоната. Шкендија која заврши на првата позиција со 39 освоени бодови го доживеа првиот пораз и тоа на домашен терен во последното есенско коло. Шкендија загуби од Пелистер со гол од пенал во финишот о днатпреварот. Шкупи и Македонија ЃП кои завршија на второто и третто место исто така имаа домашни порази, Шкупи загуби од Струга ТЛ со 1:2, а Македонија ЃП од Ренова со 2:3. Вардар беше убедлив на гостувањето во Струмица кај Беласица и славеше со 3:0, додека Работнички го победи…
Вест Бромвич официјално објави дека го отпуштиле Славен Билиќ од менаџерското место на тимот. Неговиот стручен штаб заминува со него. Хрватот пристигна во клубот летото 2019 година и го врати тимот во Премиер лигата во својата прва сезона. Во тековната сезона, сепак, тимот е на 19-то место на табелата со само 7 поени од 13 натпревари. Така, Билиќ стана првиот ослободен менаџер во англиската елита за сезоната 2019/20. Според англиските медиуми, фаворит за негов наследник е искусниот Сем Алардајс, кој последен пат го предводеше Евертон во 2018 година.
Играчот за врска на Баерн Минхен, Кингсли Коман има шанса да склучи нов договор со клубот, објавија неколку германски медиуми. Според истата информација, 24-годишниот француски играч за врска и германскиот гигант преговараат за нов договор, кој ќе трае до 2025 година. Оваа сезона Кингсли Коман учествуваше на 8 натпревари од германската Бундес лига, постигна 2 гола и 6 асистенции. Играчот за врска е дел од репрезентацијата на Франција од 2015 година. Коман се пресели во Баерн Минхен од Јувентус во 2017 година за 17 милиони евра. Неговиот сегашен договор со клубот трае до 2023 година. Во сезоната 2019/2020, напаѓачот одигра…
Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели истакна дека клубот му понудил нов договор на аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала. „Одлично е да се слушне дека тој го сака Јувентус и се чувствува пријатно во клубот. Оваа љубов е взаемна. Во него го гледаме идниот капитен на тимот. Знам дека Пауло доби понуда што ќе го стави на списокот на најплатени играчи во Европа. Со нетрпение очекуваме да слушнеме од него. Најважно е да се види неговиот одговор на теренот“, изјави Ањели за „Тутоспорт“. Претходно во медиумите беше објавено дека Дибала сака да го смени клубот. Сепак, самиот Аргентинец ја демантираше оваа информација.…
