Баерн Минхен на својата веб-страница ги објави резултатите од гласањето за најдобар фудбалер на тимот во ноември. Напаѓачот Кингсли Коман беше прогласен за најдобар на минатиот месец , со три гола и две асистенции во тој период. Французинот доби 42% од гласовите. Зад него се најдоа напаѓачот Томас Милер, голманот Мануел Нојер (двајцата имаат по 21%), играчот за врска Џамал Мусиала (7%) и напаѓачот Роберт Левандовски (4%). Баерн Минхен со 30 бода во 13 кола е на првото место во поредокот во германската Бундес лига, со два бода пред најблиските ривали Баер Леверкузен и РБ Лајпциг. Во Лигата на шампионите,…
Author: riste
Ливерпул нема да се раздели со напаѓачот Мохамед Салах и покрај гласините за негово можно заминување, објавија медиумите во Англија. Според истите информации, англискиот клуб сака да го задржи 28-годишниот египетски фудбалер и планира да му понуди нов договор со подобрени услови. Според сегашниот договор, кој е со важност до летото 2023 година, Мохамед Салах заработува 200.000 фунти (220.000 евра) неделно. Претходно, Салах отворено го искажа своето разочарување од одлуката на главниот тренер на тимот Јирген Клоп да го избере за капитен на натпреварот од 6.коло од групната фаза од Лигата на шампионите со Мидтјиланд (1:1) не него, туку помладиот…
Фудбалската федерација на Германија го објави местото каде ќе ја пречека Македонија во квалификациите за СП. Тие го одредија градот Дуисбург за домаќин на натпреварот меѓу Германија и Македонија, кој треба да се одигра на 31 март следната година. Нашите фудбалски репрезентативци за прв пат ќе играат против овој светски фудбалски гигант и тоа во Дуисбург, односно на арената „МСВ“, чиј капацитет е 31.500 седишта. Македонија пред дуелот со Германија ќе одигра натпревар 25 март и тоа на гостински терен кај Романија, потоа ја пречекува селекцијата на Лихтенштајн на 28.март па следува гостувањето во Германија. Додека Германија во првото коло исто…
Италијанскиот тим Интер сака да го замени својот фудбалер Иван Перишиќ за играчот на Челзи, Маркос Алонсо, објавија медиумите во Италија. Според истиот извор, иницијатор на размената е главниот тренер на Интер Антонио Конте , кој работеше со Алонсо во Челзи. Алонсо е фудбалер кој идеално би се вклопил во формацијата 3-5-2 која ја практикува Антонио Конте кој беше на чело на Челзи од 2016 до 2018 година, а дојде во Интер од 2019 година. Оваа сезона, 31-годишниот Перишиќ одигра 18 натпревари за Интер во сите натпреварувања, постигна два гола и две асистенции. 29-годишниот Алонсо одигра три натпревари во Премиер…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема беше прогласен за најдобар играч во минатата сезона во Ла Лига според рангирањето на весникот „Марка“. Французинот ја доби наградата која го носи името на легендата Алфредо ди Стефано и стави крај на доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Последен кој ја освои наградата пред двете мегаsвезди на светскиот фудбал беше Раул во сезоната 2007/08. „Се чувствувам горд и среќен. Тоа навистина ми значи. Ја прифаќам како награда за моите напори во Реал од 2009 година. Долго време сум во клубот и секогаш работам напорно за да бидам корисен”, изјави Бензема. „Меси и…
Зенит Санкт Петербург покажува интерес за бразилскиот напаѓач од екипата на Гремио, Пепе, пренесуваат медиумите во Русија. Исто така, Порто и Севиља се заинтересирани за овој фудбалер кој има 23-години. Во информацијата се вели дека летото 2020 година, Гремио сакаше да добие најмалку 20 милиони евра за нивниот играч, но оваа сезона цената на напаѓачот падна на 15 милиони. Италијанскиот тим Рома исто така беше заинтересиран за играчот, но подоцна сметаа дека неговата цена е превисока. Претходно, Порто веќе понуди 12 милиони евра за Пепе плус 3 милиони во вид на бонуси, но трансферот беше откажан поради несогласувања околу датумот…
Ракометната репрезентација на Норвешка е нов шампион на Европа, откако во финалето ја совлада селекцијата на Франција која ја бранеше титулата со 20:22 (10:14) во меч кој се одигра во салата „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг. Норвежанките ја имаа предноста во поголемиот дел од натпреварот, а во првото полувреме имаа предност од неколку голови, за на одмор да заминат со 14:10. Во вториот дел Франција успеа да се врати во натпреварот и во последните минути да дојдат до негатива од 18:19, но немаа сили да направат целосен пресврт на оваа средба, па Норвешка успеа да го заврши мечот со победа од 22:20. Најдобри…
Во натпреварот од 14. коло на англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед на стадионот „Олд Трафорд“ го пречека Лидс Јунајтед. Овој натпревар влегува во историјата на Премиерлигата поради рекордот кој го постави играчот на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминеш кој успеа да постигне два гола за својата екипа за само 3 минути. Според „Опта Спорт“, играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминај стана првиот играч во историјата на англиската Пермиер лига, кој станал двоен стрелец до третата минута од натпреварот. Ова се првите голови на 24-годишниот играч во Премиер лигата оваа сезона.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ проговори за изгледите да игра за клубот. „Ќе биде многу тешко за секој играч без да игра редовно. Кога напаѓачот не е сигурен во себе, тој дава малку. Напаѓачот треба само да постигне гол. Ако немам можност да се докажам во иднина, се надевам дека ќе имам шанса да го сменам тимот“, изјави Лука Јовиќ за „Спортклуб“. Лука Јовиќ се пресели во Реал Мадрид од португалска Бенфика во 2019 година, додека последната сезоната пред да се пресели во Мадрид, играчот ја помина во Ајтрахт Франкфурт. Во тековната сезона од шпанскиот шампионат, српскиот напаѓач учествуваше…
Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски има постигнато 17 погодоци (2 пенали) на 12 настапи во германската Бундес лига. Полскиот фудбалер постигнува гол во просек на секој 58 минути. Вечерва, напаѓачот постигна два гола во мечот од 13. коло на германскиот шампионат со Баер (2:1), а вториот гол му ја донесе и победата на неговиот тим. Левандовски води на листата на стрелци. Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е на второто место (10 гола на осум средби, 1 – од белата точка). Напаѓачот на Волфсбург, Вегхорст (9 гола на 12 натпревари, 1 пенал) и напаѓачот на Ајнтрахт, Андре Силва (9 гола…
