Играчот за врска на Шахтјор Доњецк, Виктор Коваленко , очигледно, кариерата ќе ја продолжи во Италија. Според објавените информации во Италија, Аталанта постигнала прелиминарен договор со 24-годишниот фудбалер, за кој игра неговиот сонародник Руслан Малиновски. Главниот тренер на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, лично сакаше да го види Виктор Коваленко во тимот . Коваленко треба да се приклучи на Аталанта бесплатно следното лето, кога истекува неговиот договор со Шахтјор. Бенфика исто така се интересираше за играчот за врска, но клубот од Лисабон се вклучи предоцна во борбата за овој фудбалер. Коваленко потекнува од школата на Шахтјор, а игра за оваа екипа…
Author: riste
Со завршувањето на натпреварот од првото коло на групата А на СЕХА Гаспром лигата против Металопластика во понеделникот, завршија активностите на РК Еурофарм Пелистер за есенската полусезона. Сите ракометари се на одмор, со исклучок на оние кои ќе бидат дел од националните репрезентации. Клубот известува дека со подготовки за вториот дел од сезоната, екипата ќе започне на осми јануари во Битола. По Божиќните празници Бабиќ ќе прозива во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола, каде ракометарите ќе тренираат неполни две недели. Централната фаза на подготовки е предвидена од 20 до 30 јануари 2021 година, а веројатно база на екипата ќе…
Играчот за врска на Удинезе, Родриго Де Пол, би можел да се пресели во Интер, тврди „Калчомеркато“. 26-годишниот Аргентинец првично може да се пресели на „Џузепе Меаца“ со позајмица од една и пол година, а потоа неговите права да бидат откупени. Во тековната сезона на Серија А, Ридриго де Пол има 13 натпревари на кои постигна 3 гола и даде 2 асистенции. Офанзивниот играч за врска е поранешен играч на Валенсија и Расинг.
Наполи ја определи цената од 50 милиони евра за својот играч за врска, шпанскиот интернационалец Фабијан Руиз, и е подготвен да ги слушне понудите за играчот и да го продаде, пренесува „Калчомеркато“. За фудбалерот се заинтересирани Евертон, ПСЖ, Реал Мадрид и Барселона. Веќе неколку месеци клубот се обидува да се договори со него за нов договор, но досега не беше успешен. Затоа, претседателот Аурелио Де Лаурентис одлучи дека опцијата за продажба е посоодветна за клубот.
ПСЖ ќе му плати на Томас Тухел и неговиот стручен штаб 7 милиони евра обештетување за предвременото прекинување на соработката, пренесува „Ле Паризиен“. Ќе потсетиме, претходно беше објавено дека главниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел беше разрешен од функцијата. Францускиот клуб одлучи да се раздели со германскиот тренер шест месеци пред истекот на неговиот договор. Управата го известила Тухел за отказот синоќа, по убедливата победа на мечот од 17-то коло во Лига 1 против Стразбур (4:0). Тухел го презеде ПСЖ во 2018 година. Под негово водство, Парижаните станаа шампиони на Франција двапати, а исто така ги освоија Купот, Лига Купот…
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука најголемиот успех – пласманот на македонската репрезентација на ЕУРО 2020 да го награди со исплата на најголемата премија во историјата на македонскиот спорт. Фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија добиваат четири милиони и двесте илјади евра вкупна премија за пласманот на Европското првенство.. Репрезентативците и стручниот штаб веќе инкасираа близу еден милион евра за освоеното прво место во групата Д од Лига на нации и квалификациите за ЕУРО 2020. Со денешната одлука на Управниот одбор на ФФМ, до крајот од годината, федерацијата ќе им исплати сума од…
Челзи е подготвен да се ослободи од неколку играчи со цел да го зголеми буџетот за трансфери, објавија денес медиумите во Лондон. Тие тврдат дека Челзи во рок од шест месеци ќе ги продаде Антонио Рудигер, Андреас Кристенсен, Жоржињо, Маркос Алонсо, Рос Баркли, Дени Дринквотер и Виктор Моузес. На „сините“ им требаат пари за да се натпреваруваат за потписот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд и за играчот за врска на Вест Хем, Деклан Рајс . 29-годишниот Моузес се приклучи на Спартак како позајмен играч до крајот на сезоната 2020/2021 со опција за откуп. Минатата сезона, Моузес играше за…
Играчот за врска на Ливерпул, Тиаго Алкантара заедно со Џејмс Милнер и Шердан Шаќири се вратиле на тренинг на својата екипа. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп претходно зборуваше за состојбата на играчот од средниот ред Тијаго Алкантара. Ќе потсетиме, Тиаго се повреди на мечот од 5. коло на англиската Премиер лига со Евертон (2:2). Алкантара се пресели во Ливерпул на 18 септември за 20 милиони фунти (скоро 22 милиони евра), кои ќе бидат исплатени за времетраењето на договорот со шпанскиот фудбалер, со дополнителни 5 милиони фунти (5,5 милиони евра) во вид на бонуси. Оваа сезона, играчот за врска учествуваше на…
Играчот за врска на Борусија Дортмунд, Торган Азар се здоби со повреда на мускулот и ќе биде надвор од теренот неколку недели, се наведува во информацијата објавена на веб-страницата на клубот. Забележано е дека Азар започнал да тренира со тимот завчера, откако се опоравил од повредата на колкот. Во 1/8 финалето од Купот на Германија со Ајнтрахт Брауншвајг (2:0), што се одигра вчера, 27-годишниот Белгиец влезе како замена на крајот од второто полувреме, во 83-та минута. Точниот период за закрепнување на Азар сè уште не е објавен. Оваа сезона во германската Бундеслига, Торган Азар настапи на пет натпревари и постигна…
28-годишниот дефанзивец на Баерн Минхен, Давид Алаба е прогласен за фудбалер на годината во Австрија, пренесува официјалната веб-страница на клубот од Минхен. На гласањето, играчот беше пред Марсел Забицер (РБ Лајпциг). „Ова е голема чест. Јас сум многу благодарен за оваа награда“, изјави за прес-службата на клубот Алаба. На фудбалерот му честитаа и претседателот на Баерн Минхен Карл-Хајнц Румениге и главниот тренер на тимот Ханс-Дитер Флик, истакнувајќи дека дефанзивецот со право е избран за најдобар. Тренерите и спортските директори на австриските бундеслигашки клубови учествуваа во изборот на победникот. Ова е седма награда за Алаба. Пред тоа, тој беше избран за…
