Дефанзивците на Манчестер Сити, Ерик Гарсија и Александар Зинченко нема да го напуштат клубот во јануарскиот преоден рок, пренесуваат медиумите во Англија. Се тврди дека и двајцата играчи ќе го напуштат клубот во зима само под еден услов – доколку биде добиена солидна понуда за трансфер. Манчестер Сити нема притисок за да се ослободи од Гарсија и Зинченко, со оглед на густиот распоред на натпревари во зима и пролет. Беше објавено дека Манчестер Сити е подготвен да се раздели со Зинченко. Јувентус и Наполи покажаа интерес за украинскиот фудбалер. Оваа сезона Зинченко учествуваше на 5 натпревари во сите натпреварувања. Тековниот…
Author: riste
Манчестер Сити на својата официјална веб-страница објави дека имаат неколку позитивни тестови за коронавирус по последната проверка. Инфекцијата е идентификувана кај дефанзивецот Кајл Вокер и напаѓачот Габриел Жесус. Покрај фудбалерите, заразени се уште две лица од тимот. Сите тие ќе ја поминат во следниот период во изолација. Манчестер Сити со 23 бода на 13 натпревари е осми на табелата во Премиер лигата, со 8 бода помалку од лидерот во ова натпреварување, Ливерпул. Во следното коло, избраниците на Пеп Гвардиола ќе игра против ЊукаслЈунајтед, кој е на 12-то место. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер утре со почеток…
Отпуштањето на Томас Тухел од тренерското место во ПСЖ ќе ја искомплицира позицијата на Реал Мадрид во однос на купувањето на Килијан Мбапе. Како што објави весникот „АС“, потенцијалниот трансфер во Кралскиот клуб на напаѓачот Килијан Мбапе сега е во опасност да не се реализира. Играчот имаше проблематичен однос со германскиот тренер, но неговото отпуштање и поканата на Маурисио Покетино да го води тимот, која беше објавена претходно, може да направи разлика. Сега е можно Мбапе да го продолжи договорот со ПСЖ, кој се обидува да го задржи со сите сили. 22-годишниот напаѓач сака во новиот договор да го запише…
Манчестер Јунајтед денес нема да го одржи традиционалниот божиќен ручек за сите во клубот. Причината е пандемијата на коронавирусот, поради што беше затворена кантината во тренинг базата на тимот, пренесува весникот „Сан“. Играчите на тимот сепак ќе имаат 90-минутен утрински тренинг. После тоа, тие ќе можат слободно да поминат неколку часа во своите домови со своите семејства, по што подоцна во текот на денот ќе заминат на гостувањето кај Лестер Сити, натпревар кој го играат утре, на популарниот Боксинг Деј. Средбата се игра утре, сабота со почеток во 13:30 часот.
Атлетико Мадрид нема да потпише нов договор со напаѓачот Диего Коста, објавија медиумите во Шпанија. Напаѓачот може да го напушти тимот во јануари. Атлетико може да го замени Коста со напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, чиј договор со Наполи истекува ова лето. Коста игра за Атлетико Мадрид од 2018 година. Во сезоната 2019/2020, шпанскиот напаѓач учествуваше на 23 натпревари во Примера, постигна 5 гола и 4 асистенции. Оваа сезона, 32-годишниот напаѓач одигра седум натпревари на теренот, на кои постигна два гола. Договорот на фудбалерот со шпанскиот клуб важи до летото 2021 година. Диего Коста објави во септември дека тој е…
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд стана главна трансферна цел на Челзи, пренесува „Скај Спорт Италија“. Според изворот, лондонскиот клуб ќе се обиде да го купи фудбалерот во текот на летниот преоден рок. Претходно Ерлинг Халанд ја доби наградата „Златно момче“, која му се доделува на најдобриот млад фудбалер во Европа на возраст под 21 година и игра во Топ 5 шампионатите во Европа. Потсетуваме, Ерлинг Халанд стана играч на Борусија во јануари 2020 година, откако премина од австрискиот клуб РБ Салцбург за 20 милиони евра. Оваа сезона од германскиот шампионат, Халанд учествуваше на 8 натпревари, на кои постигна 10…
Играчот од средниот ред на лондонскиот Арсенал Месут Озил разговарал со претставници на турскиот Фенербахче, пренесува „Дејли меил“ повикувајќи се на информацијата објавена од „Билд“. 32-годишниот Германец не го известил Арсенал за состанокот. Доколку играчот се согласи да се пресели во Фенербахче, неговата плата ќе биде околу 166 илјади евра неделно. Во Арсенал, играчот за врска добива околу 2,3 пати повеќе. Да потсетиме, Арсенал не го вклучи германскиот фудбалер во пријавените фудбалери за сезонава која е во тек. Во исто време, во декември, тренерот на Арсенал, Микел Артета не ја исклучи можноста играчот од средниот ред да се врати во…
Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, го прогласи голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, за еден од најдобрите голмани во светот. „Убаво е да се запознаваме. Во моментов тој е еден од најдобрите голмани во светот, и секогаш е добро да се натпреваруваме со најсилните. Ова дополнително мотивира да се обидеме да постигнеме гол и на секој натпревар тој покажува колку е тешко да се направи тоа. Ќе биде задоволство да го запознаам не само на улица, туку и на фудбалскиот терен. Ова ги прави натпреварите повозбудливи“, изјави Меси во однос на квалитетите на Јан Облак. Оваа сезона, Облак одигра 13…
Аргентинскиот тренер Маурисио Покетино наскоро ќе потпише тригодишен договор со ПСЖ. Ова го објави новинарот Николо Шира. Според оваа информација 48-годишниот тренер ќе стане главен тренер на парискиот клуб по заминувањето на Томас Тухел. Договорот со Аргентинецот ќе биде склучен до 2023 година. Тухел беше отпуштен шест месеци пред истекот на неговиот договор. Францускиот клуб му соопшти на тренерот з аотказот по убедливата победа во 17-то коло од Лига 1 против Стразбур (4:0). Покетино го напушти Тотенхем во ноември 2019 година. Пред Тотенхем, аргентинскиот тренер ги предводеше Саутемптон (2013-2014) и Еспањол (2009-2012).
Играчот за врска на Тотенхем Џовани Ло Селсо нема да игра повеќе до крајот на годината и го пропушта згуснатиот циклус околу Божиќ и Нова година, бидејќи на мечот со Лестер се здоби со повреда на бутот, објави менаџерот на Тотехем , Жозе Мурињо. Аргентинецот се појави на теренот во второто полувреме и мораше да ја напушти играта нешто подоцна. Тотенхем загуби минатиот викенд на овој натпревар со 0:2. Така, 24-годишниот Ло Селсо испадна од плановите на Мурињо за трите натпревари во следните седум дена. Сепак, играчот за врска Танги Н’Домбеле, кој неделава го пропушти натпреварот од Лига купот против…
