Играчот за врска на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис е прогласен за најдобар спортист на годината во Канада од страна на Постмедија, се наведува на официјалната веб-страница на Канадскиот фудбалски сојуз. Фудбалерот на Баерн ја освои наградата машки спортист на годината 2020. Дејвис е двократен добитник на наградата, претходно ја доби наградата во 2018 година. Тој исто така го освои Трофејот Лу Марш, традиционалниот избор спортист на годината во Канада од страна на спортските новинари на главните медиуми во Канада. Тој е првиот Канаѓанец што беше дел од наградите кои ги додели ФИФА на најдобрите во 2020 година. Дејвис потпиша со…
Author: riste
Фудбалерот за врска на Барселона, Филипе Кутињо може да биде надвор од терените подолго време, објави венсикот „АС“. Фудбалерот има болка во менискусот. Денес, Бразилецот ќе биде подложен на преглед, со кој ќе се утврди сериозноста на повредата. Најлошото сценарио би било доколку му биде потребна операција, по што закрепнувањето ќе трае до четири месеци. Ако се покаже дека Кутињо има мало оштетување на менискусот, тој ќе избегне хируршка интервенција, но нема да може да излезе на терен еден и пол до два месеци. Кутињо игра за Барселона од 2018 година. Оваа сезона, 28-годишниот играч за врска одигра 12 натпревари…
ПСЖ конечно официјално ја објави разделбата со тренерот на тимот, Томас Тухел. Ова беше познато пред пет дена, но дури денес францускиот шампион ја потврди оваа вест. Клубот додаде дека одлуката за ослободување на тренерот е донесена по „длабока анализа на спортската ситуација“ на клубот. „Би сакал да му се заблагодарам на Томас Тухел и неговиот персонал за сè што придонесоа за клубот. Томас вложи многу труд и енергија во неговата работа и секако дека ќе ги паметиме сите убави моменти што ги имавме заедно. Му посакувам се најдобро во иднина“, рече претседателот Насер Ал-Хелаифи за веб-страницата на клубот. Тухел…
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за собир на машката сениорска ракометна репрезентација за прстојната ЕХФ недела. Оваа ЕХФ недела селекторот на Македонија ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија. Планирано е за време на подготовките да бидат одиграни два контролни тренинг натпревари од затворен карактер против репрезентацијата на Чиле. Нашата репрезентација е резерва за СП во Египет и доколку некоја селекција откаже настап, може да се најде на СП…
Традиционално европскиот ракометен шампион го дознаваме на крајот на мај или почетокот на јуни, но оваа година е различна од сите други зад нас, па така на крајот на 2020 година треба да го дознаеме тимот кој во наредниот период ќе го носи епитетот – Европски првак. Келн, местото каде се крунисуваат шампионите во машкиот елитен ракомет ќе биде сведок на уште еден финален натпревар, а откако Веспрем и ПСЖ загубија вчер аво полуфиналето ќе мора денес да се задоволат со настап во мечот за 3 место. Финален судир во „Ланксес Арена“ треба да донесе супер интересен ракомет затоа што…
Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип наскоро ќе го знае времето за закрепнување по повредата.Овој фудбалер се повреди на мечот од 15. коло на англиската Премиер лига со Вест Бромвич Албион (1:1). Во второто полувреме, тој посегна по топката, по што почувствува болка во препоните и не можеше да продолжи со играта. Според „Дејли Меил“, денес Жоел Матип ќе биде подложен на дополнителен преглед за да се утврди сериозноста на повредата. Во најлошо сценарио, дефанзивецот ќе пропушти неколку недели. Во исто време, тренерот на „црвените“ Јирген Клоп се уште не е решен да го засили центарот на одбраната во зимскиот преоден…
Познати се деталите за избувнувањето на коронавирусот во Манчестер Сити, поради што беше одложен натпреварот од 15-то коло на англиската Премиер лига со Евертон. Според одредени медиуми во Англија, резултатите од тестирањето спроведено на 27 декември покажале дека биле заразени уште тројца играчи, чии имиња не биле прецизирани. Така, вкупниот број на заразени во таборот на „граѓаните“ достигна седум лица, откако клубот претходно објави позитивни тестови за дефанзивецот Кајл Вокер и напаѓачот Габриел Жесус, како и за двајца вработени во стручниот штаб. По зголемувањето на бројот на заразени во Манчестер Сити, натпреварите со Челзи и Манчестер Јунајтед се под знак…
Германскиот Мајнц 05 се раздели со тренерот Јан-Мориц Лихт кој остана на функцијата помалку од три месеци. „Црвените“ од Мајнц во моментов се на претпоследното 17-то место, а синоќа управата го повикала 40-годишниот Лихт и му соопштиле дека тој повеќе не е тренер на тимот. Работата со првиот тим ќе ја превзеде привремено Јан Сиверт, кој досега ги водеше младите играчи до 19 години. Судбината на Лихт беше јасна по слабите резултати во шампионатот, а трпението на управата заврши откако беа елиминирани во Купот на Германија од второлигашот Бохум. На последните 11 натпревари од шампионатот, Мајнц освои 6 бода, и…
Италијанската екипа Рома сака да се раздели со аргентинскиот играч за врска Хавиер Пасторе. Клубот е незадоволен од високата стапка на повреди на фудбалерот, пренесува „Кориере дело Спорт“. Познато е дека од 31-годишниот играч било побарано да го раскине договорот, но тој одбил. Договорот на Пасторе со Римјаните е до летото 2023 година. Платата на Аргентинецот е 4,5 милиони евра годишно. Во исто време, играчот за врска нема одиграно ниту еден натпревар за Рома оваа сезона. Пред Рома, Пасторе играше за аргентинските Талерес и Хуракан, италијанскиот Палермо и францускиот ПСЖ. Како дел од парижаните, фудбалерот стана петкратен шампион на Франција,…
Играчот за врска Фабијан Руиз има намера да го напушти Наполи, пренесува „Газета дело Спорт“. Според изворот, клубот од Неапол се надевал дека ќе го продолжи договорот со 24-годишниот шпански фудбалер, но Руиз ја одбил понудата. Наполи е подготвен да го пушти Руиз доколку друг клуб понуди најмалку 50 милиони евра за играчот. Неколку клубови како Реал Мадрид, Барселона и Евертон се заинтересирани за услугите на шпанскиот играч за врска. Оваа сезона Руиз учествуваше на 12 натпревари од италијанскиот шампионат, постигна 1 гол и 1 асистенција. Наполи успеа да освои 25 поени на 13 средби и е на 5-то место…
