Словачката скијачка Петра Влхова триумфираше на слаломот кој денес се одржа на Слјеме, покрај Загреб. Со ова натпреварување традиционално се отвора новата година во сезоната во алпско скијање. До титулата „Снежна кралица“ Влхова стигна со вкупно време од 1:59.08 што беше за пет стоти делови од секундата подобро од второпласираната Катарина Линсбергер од Австрија. Место на подиумот имаше и за Швајцарката Мишел Гизин која доцнеше 22 стотинки зад победничката. Една од фаворитките, американката Микаела Шифрин на крајот мораше да се задоволи само со четвртото место. Со овој триумф Петра Влхова ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Мишел Гизин и…
Author: riste
Полскиот ски скокач Камил Штох победи на третото натпреварување од новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во Инсбрук. Штох до победата стигна со два одлични скока од 127,5м и 130м и со вкупно 261,6 поени го освои првото место. Втор во Инсбрук беше Словенецот Анже Ланишек со 249,6 поени и скок од 123,5 метри во втората серија, а на третата позиција се пласираше Давид Кубацки со 248,3 поени. Во генералниот пласман на новогодишната турнеја води Штох со 809,9 поени пред Кубацки кој има 794,7 поени, а натпреварувањето ќе биде завршено со скоковите во Бишофсхофен кои ќе се одржат на 6-ти јануари.
ПСЖ и официјално потврди за назначувањето на Маурисио Покетино за нов тренер. Аргентинецот потпиша договор со клубот од француската престолнина до 30 јуни 2022 година, со опција за дополнителна година. 48-годишниот Маурисио Покетино има историја во ПСЖ каде, како централен бек и капитен на клубот оствари 95 настапи помеѓу 2001 и 2003 година, постигнувајќи 6 гола. Маурисио Покетино дојде во Европа од Њуелс Олд Бојс, а настапуваше за Еспањол пред да дојде во ПСЖ. Како тренер ги водеше екипите на Еспањол, Саутемптон и Тотенхем, а сега ќе го предводи тимот на ПСЖ „Јас сум навистина среќен и почестен што станав нов тренер…
Денеска беше формиран распоредт за плеј-оф и плеј-аут во ракометната Супер-лига за мажи. Во трката за титулата ќе бидат активни осум екипи. Тоа се: Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Охрид и Струга. Во првото коло ќе играат: Еурофарм Пелистер – Струга Бутел Скопје – Охрид Вардар – Еурофарм Пелистер 2 Пролет – Металург Продолжението на сезоната ќе биде на крајот на февруари а завршницата кон крајот на мај во 2021 година. Ќе се игра по принцип дома-гости или 14 кола
Многу е веројатно дека сите професионални играчи во италијанскиот фудбал ќе бидат обврзани да бидат вакцинирани против коронавирус. Франческо Браконаро, кој е дел од раководството на фудбалска федерација, смета дека ова е единствената правилна одлука во моментот. „Вакцинирањето на сите професионални фудбалери во Италија е опција за која треба да се разговара“, рече Браконаро кој дава поддршка на претседателот на лигата Франческо Гирели, кој е на мислење дека сите играчи мора да бидат вакцинирани. „Со оглед на тоа низ што поминавме последните 10 месеци – едноставно нема друга алтернатива. Сè уште не сме разговарале за ова прашање со медицинскиот комитет,…
Јувентус направи потесниот избор на тројца напаѓачи пред зимскиот преоден рок, вели „Тутоспорт“. Според оваа информација од Јувентус ќе избираат помеѓу Диего Коста, Мемфис Депај и Дивок Ориги. Коста претходно го откажа договорот со Атлетико и сега е слободен агент. Депај игра за Олимпик Лион, но неговиот договор истекува следното лето. Самиот фудбалер изјави дека сака да се испроба во друг клуб. Ориги не е задоволен од улогата на резервист во Ливерпул. Што се однесува до Јувентус, тие сакаат да најдат замена за напаѓачот Алваро Мората, кој не е многу постојан во своите настапи. Претходно беше објавено дека Јуве исто…
РК Еурофарм Пелистер ја информираше јавноста дека ракометарот Стипе Мандалиниќ го продолжи договорот со клубот до јуни 2022 година. На половина од неговата прва сезона во Битола, Мандалиниќ и клубот во перфектна согласност дојдоа до продолжување на соработката и за сезоната 2021/22. Мандалиниќ се наметна со својот капацитет, квалитет и харизма и по шест официјални натпревари беше најдобар стрелец на Еурофарм Пелистер оваа есен. Одигра 21 натпревар за екипата и веднаш стана миленик на битолските љубители на ракометот. На Струшкиот турнир во август беше прогласен за најдобар ракометар. 28-годишниот хрватски интернационалец играше за Фуксе Берлин од 2017 до 2020 година,…
Ветеранот Фабио Кваљарела ќе потпише нов договор со Сампдорија, тврди „Газета дело Спорт“. Иако има 37 години, поранешниот италијански репрезентативец не престанува да постигнува голови и има 7 гола од почетокот на тековната сезона во Серија А. Тој е со обврски во клубот до летото 2021, но управата на Сампдорија веќе одлучи да му понуди продолжување на договорот за уште 12 месеци. Кваљарела дојде во Сампдорија во 2016 година од Торино. Напаѓачот продолжува да биде важна фигура во тимот на Клаудио Раниери, а за целиот свој престој во Џенова постигна вкупно 91 гол на 201 натпревар. Во Серија А, Кваљареала…
Во 16-то коло на „Ла Лига“, Барселона на домашниот натпревар одигра нерешено со Еибар (1:1). Барса има освоено 25 бода на 15 натпревари и се наоѓа на шестото место, ова е најлош старт за каталонците од 2003 година. Во сезоната 2003/2004, тимот предводен од Френк Рајкард освои 20 поени на 14 натпревари. Барселона го заврши тој шампионат на второто место, освојувајќи 72 поени на 38 натпревари. Вчера Барселона најнапред не успеа да дојде до предност откако Мартин Брајтвајт не реализираше пенал во 8-та минута, а потоа во 57.минута Кике постигна гол за Еибар. Сепак Дембеле израмни во 67.минута, но до…
На официјалната веб-страница на Јувентус беше објавено соопштение дека клубот го продолжил спонзорскиот договор со „Jeеp“ во следните три сезони во износ од 45 милиони евра годишно. Покрај тоа, според договорот, „старата дама“ ќе може да смета на дополнителни бонуси за разни спортски достигнувања. За одбележување е дека и Јувентус и холдингот ФЦА Италија, кој управува со „Jeep“, припаѓаат на семејството Ањели. Да потсетиме, партнерството помеѓу Јувентус и „Јееp“ започна уште во сезоната 2012/2013. Јувентус во моментов со 24 поени по 13 кола се наоѓа на 6-то место, со 10 поени помалку од лидерот Милан. Во натпреварите од Лигата на…
