23-годишниот бразилски дефанзивец во редовите на Арсенал Габриел се разболел како резултат на инфекција со коронавирус, објави „Sky Sports“. Сега играчот, според прописите на Велика Британија, ќе мора да биде во самоизолација. Тој ќе пропушти најмалку две претстојни средби во англиската Премиер лига, против Брајтон и Вест Бромвич. „Габриел беше позитивен на КОВИД-19 и е изолиран во согласност со протоколите на владата на Велика Британија и Премиерлигата. Ние ќе продолжиме да го следиме и поддржуваме Габриел и се надеваме дека тој ќе биде повторно достапен по нашите следни два натпревари“, се вели во официјалното соопштение. Да потсетиме, Габриел стана играч…
Author: riste
Ракометарите на Кил се пласираа во финалето на Ф4 турнирот во Келн по еден драматичен натпревар со многу резултатски пресврти и падови и подеми во играта на двете екипи. Кил го одигра одлично првото полувреме и го доби со 18:13 и кога во вториот дел продолжи со одличната игра и дојде до предност од 22:16 се чинеше дека ќе имаат лесна задача да додјдат до финале. Така не мислеа ракометарите на Веспрем кој направија неверојатна серија од 12:2 и дојдоа до предност од 28:24, а потоа застанаа и дозволија Кил да се врати во игра и да ја преземе предноста,…
Екипата на Барселона се пласираше во финалето на Ф4 турнирот во Келн во рамките на завршницата од Лигата на шампионите на ЕХФ за минатата сзона. Барселона убедливо славеше над Пари Сен Жермен (37:32) и сега ќе го чека подобриот од второто полуфинале меѓу Кил и Веспрем. Од една страна Раул Гонзалез, на друга Чави Пасквал, но сепак на крајот поуспешен беше предводникот на Барселона. ПСЖ одлично го почна натпреварот и имаше предност од 3 гола разилика (7:4 и 8:5) , но подоцна се разигра Барселона и направи пресврт за на одмор да заминат со предност од 18:14. Во вториот дел Барселона не…
Милан продолжува со преговорите за нов договор со Џанлуиџи Донарума, објави денес „Кориере дела Сера“. Италијанскиот клуб му нуди плата од седум милиони евра по сезона на 21-годишниот голман. Агентот на италијанскиот репрезентативец Мино Рајола веќе ги извести медиумите дека неговиот клиент добил понуди за трансфер од Интер и Јувентус. Пред неколку месеци стана јасно дека Донарума сака плата од 7,5 милиони евра годишно. Актуелниот договор на Донарума со гигантот од Милано истекува во летото 2021 година. Мино Рајола има намера да вклучи посебна клаузула во договорот на голманот во случај на неуспех на Милан во квалификациите за Лигата на…
Дефанзивецот на Челзи, Маркос Алонсо, може да се врати во својата матична земја во Шпанија за време на зимскиот преоден рок. Според „Индипендент“, Атлетико Мадрид е заинтересиран за услугите на 30-годишниот фудбалер. Тимот од Мадрид во моментов води разговори со „сините“ од Лондон за позајмица на Маркос Алонсо. Претходно имаше информации дека Алонсо може да замине во Интер. Тренерот на оваа екипа Антонио Конте добро ги знае квалитетите на Шпанецот додека работеше во Челзи. Алонсо не играше за Челзи од крајот на септември оваа година, кога го изрази своето незадоволство од замената на полувремето на натпревар од англискиот шампионат против…
Натпреварот од 16-то коло во Премиер лигата помеѓу Евертон и Манчестер Сити нема да се одигра, објави „Би-Би-Си“. Според информацијата која беше објавена, причината за оваа одлука била избувнувањето на коронавирусот кај „граѓаните“. Во петокот, клубот соопшти дека КОВИД-19 е идентификуван кај напаѓачот Габриел Жесус, одбранбениот играч Кајл Вокер и уште двајца членови на тимот. Новите информации велат дека идентификувани се нови инфекции во клубот, па токму поради тоа натпреварот против Евертон е откажан.
Францускиот фудбалски шампион ПСЖ се договори за условите на договорот со аргентинскиот тренер Маурисио Покетино, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо. Документите се потпишани по отстранувањето на последната пречка – условите за предвремено раскинување на договорот со германскиот тренер Томас Тухел, кој беше предводник на францускиот тим од 2018 година. Според информациите, Германецот ќе добие 6 милиони евра обештетување и веднаш ќе замине. 48-годишниот Покетино претходно работеше за шпанскиот Еспањол, за англиските Саутемптон и Тотенхем, со кои во сезоната 2018/2019 за прв пат во историјата на клубот се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.
Во еден од централните натпревари од 15. коло на англиската Премиер лига на стадионот „Емирати“ во Лондон, Арсенал го совлада Челзи со 3:1. Но она што беше впечатливо пред почетокот на оваа средба беше тоа што недостасуваа тројца првотимци во стартниот состав. Од Арсенал веднаш го објаснија отсуството на Габриел, Давид Луиз и Вилијан кои не беа вклучени во тимот за оваа средба. Според официјалниот Твитер профил на „топџиите“, дефанзивецот Габриел ќе ги пропушти следните три натпревари, бидејќи неодамна бил во контакт со заразен со КОВИД-19 и ќе мора да оди во изолација. Дефанзивецот Давид Луиз и играчот од средниот…
Агент на напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинес ги демантираше информациите за трансфер на неговиот клиент во Барселона во текот на зимскиот трансфер период. „Лаутаро е среќен во Интер. Тој постојано се развива, има огромен потенцијал. Тој има тригодишен договор со Интер и кој сака да го купи мора да преговара со клубот. Но, тој е среќен во Интер и сака да остане”, изјави агентот Бето Јаке, за аргентинското издание „Оле“. Оваа сезона, Мартинез има 20 натпревари за Интер со 7 голови и 5 асистенции.
Реал Мадрид е близу до потпис со австрискиот дефанзивец на Баерн Минхен, Давид Алаба. Алаба одби да склучи нов договор со Баерн Минхен. Реал Мадрид е подготвен да му даде на Алаба платата што ја бара Австриецот, со што е фаворит во борбата за дефанзивецот. Беше објавено дека Алаба неколку пати ја одбил понудата на Баерн Минхен за нов договор, а претходно овој месец клубот изјави дека нема да прават нови обиди за продолжување на договорот со Австриецот. Според одредени информации, Алаба ги разладил односите со Баерн Минхен затоа што сакал иста плата како напаѓачот Роберт Левандовски – 12 милиони…
