Бразилската sвезда на ПСЖ, Нејмар најверојатно ќе се врати на терените во јануари, откако се здоби со повреда на скочниот зглоб за време на мечот со Олимпик Лион минатиот викенд, објави францускиот шампион. Плејмејкерот, кој пристигна од Барселона, претходно претрпе сериозни повреди на ногата во 2018 и 2019 година. На натпреварот со Лион, тој беше фотографиран со солзи во очите откако имаше старт над него од Тиаго Мендеш од Лион со двете нозе и заработи црвен картон за неговиот старт. „Откако се виде дека има изместен лев скочен зглоб, следното нешто што го очекуваме е да поминат модринките и да…
Author: riste
33-годишниот аргентински напаѓач на Барселона Лионел Меси, кој го постигна голот на натпреварот од 14. коло на Шпанското првенство со Валенсија, повтори значајно достигнување, информира „Фудбал Еспања“. Голот постигнат против Валенсија беше 643. во кариерата на капитенот на Барселона во дресот на оваа екипа. Лионел Меси го повтори рекордот на легендарниот Бразилски фудбалер Пеле – постигна ист број на голови за Сантош. Да потсетиме дека од 1956 до 1974 година, Пеле настапуваше во Бразил за екипата на Сантош, по што помина две сезони во САД во клубот Њујорк Космос. До крајот на 2020 година, Барселона во Шпанското првенство ќе се…
Шалке го отпушти главниот тренер Мануел Баум и го назначи Хуб Стевенс да како негова замена. Шалке е во невидена лоша серија од 28 натпревари во Бундеслигата без победа, а од почетокот на оваа сезона освоија само 4 бода од 12 натпревари. Во средата, Шалке загуби со 0:2 од Фрајбург на домашен терен, што се покажа како последен натпревар за Баум на чело на тимот. Баум (41) беше на кормилото на Шалке помалку од три месеци. Тој беше назначен за главен тренер на 30-ти септември на местото на Давид Вагнер, кој доби отказ по само две рунди. За 67-годишниот Стевенс…
Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод освоениот европски сребрен медал во таеквондо. „Особена чест ми претставува што денес, кај нас, во куќата на спортот е Дејан Георгиевски, Вицешампион на Европа во таеквондо. Од таа причина, најпрвин би сакал искрено да му честитам првенствено на Дејан, за освоениот сребрен медал, а на челниците на Националната федерација да им се заблагодарам за успешно остварените цели и за сите досегашни резултати, кои овозможија овој спорт да се стави на врвот на спортовите во нашата држава. Нашите очекувања се со сигурност ваша крајна цел, а тоа е остварување на олимписка норма за Токио“, изјави директорот…
По натпреварот во Струмица против Беласица одигран пред два дена, Александар Васоски веќе не е тренер на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар. Популариот „Тетовче“ изминатиот перид несебично даваше се од себе за да му помогне на својот клуб, но откако не се решија проблемите во клубот, тој одлучи да направи нов чекор во својата тренерска кариера. Клубот преку порака на својата официјална интернет страница се збогуваше од својот стратег кој во минатата сезона и покрај проблемите успеа повторно да го вивне клубот до самиот врв и да стане шампион во ПМФЛ. „Фудбалскиот клуб Вардар му се заблагодарува на Васоски за…
Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, уште еднаш вети верност кон клубот и призна дека нема да престане да го брка трофејот во Лигата на шампионите. „Се надевам дека можеме да ја освоиме Лигата на шампионите, бидејќи тоа би било неверојатно за нашите навивачи. Тие сонуваат за тоа. Додека не умрам, ќе се борам со Атлетико да го кренам пехарот во Лигата на шампионите. Фудбалот му го должи овој трофеј на Атлетико“, изјави шпанскиот играч за врска за „Мовистар“. Атлетико Мадрид досега загуби три финалиња, од кои две против Реал Мадрид по 90-та минута. Оваа сезона, Атлетико Мадрид ќе се сретне…
Откако Ливерпул го донесе минатото лето напаѓачот на Вулверхемптон, Диого Жота, со кого направи вистински трансфер, сега „волците“ сакаат еден од актуелните играчи на шампионот. Станува збор за Дивок Ориги, кој многу веројатно ќе биде продаден во јануари, тврди „Дејли меил“. 25-годишниот Белгиец има седум настапи во сите натпреварувања оваа сезона и само еден гол. Во Премиерлигата, тој запиша само два натпревари во текот на тековната сезона. На Вулверхемптон му е потребен напаѓач откако Раул Хименез се здоби со скршеница на черепот и најверојатно нема да игра наскоро. Според „Дејли меил“, останатите опции на Вулверхемптон се Макси Гомез од Валенсија…
Серхио Перез потпиша договор со тимот на Ред Бул и ќе биде совозач на Макс Верстапен во 2021 година, објавија германските медиуми кои ја следат Формула 1. Според истите, официјалната потврда за зделката се очекува во текот на денот. Мексиканецот остана без возачко место за следната година, откако неговиот сегашен тим Расинг Поинт избра да го привлече четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел, иако Перез имаше важечки договор до крајот на 2022 година. Бидејќи оваа вест беше објавена дури во септември, кога веќе беа зафатени повеќето потенцијални опции за Перез, тој по трката за ГН на Бахреин објави дека ако не…
Патеката Каталонија во близина на Барселона ќе има малку изменета конфигурација за 2021 година, објави управата на шпанската патека. Промената ќе се случи во областа на свиокот број десет Во првобитната конфигурација на патеката, која за прв пат ја одобри Формула 1 во 1991 година, десеттиот свиок беше издолжена кривина налево. Меѓутоа, во 2004 година, оваа издолжена кривина беше заменета со остар, скоро обратен, лев свиок, поради подобрената безбедност со проширување на безбедносната зона од надворешната страна на свиокот, со оддалечување на нејзиниот врв подалеку од заштитните огради. Тие самите не можат да се преместат, бидејќи последниот комплекс на свиоци…
Вејн Руни го запиша своето име во историјата на Манчестер Јунајтед како најдобар стрелец на клубот во сите времиња, а неговиот син Каи се надева дека ќе ги следи стапките на неговиот славен татко. 11-годишниот Руни јуниор го потпиша својот прв договор со „црвените ѓаволи“. „Ден на гордост. Каи потпиша со Манчестер Јунајтед. Продолжи да работиш напорно, сине“, напиша поранешниот англиски репрезентативец на социјалните мрежи. Каи е најстариот од четирите сина на Вејн Руни и неговата сопруга Колин. Момчето е страствен навивач на Манчестер Јунајтед и ќе го продолжи својот развој на Англиската Гранд Академија. Вејн Руни моментално е во…
