Патеката Каталонија во близина на Барселона ќе има малку изменета конфигурација за 2021 година, објави управата на шпанската патека.
Промената ќе се случи во областа на свиокот број десет Во првобитната конфигурација на патеката, која за прв пат ја одобри Формула 1 во 1991 година, десеттиот свиок беше издолжена кривина налево. Меѓутоа, во 2004 година, оваа издолжена кривина беше заменета со остар, скоро обратен, лев свиок, поради подобрената безбедност со проширување на безбедносната зона од надворешната страна на свиокот, со оддалечување на нејзиниот врв подалеку од заштитните огради. Тие самите не можат да се преместат, бидејќи последниот комплекс на свиоци на патеката поминува веднаш зад нив.
Сепак, оригиналната конфигурација на десеттиот свиок ја користеше MotoGP до 2016 година, кога поради смртта на возачот на Moto2, Луис Салом и возачите се префрлија на верзијата што ја користеше Формула 1. Сега управата на патеката објави дека новата верзија на десеттиот свиок ќе биде нешто помеѓу неговите претходни две варијанти, притоа задржувајќи го нивото на безбедност, но ќе се врати на предизвикот на оригиналната конфигурација.
„Во јануари, патеката Каталонија ќе ја смени конфигурацијата на десеттиот свиок на влезот на легендарниот стадион. Овој проект беше направен минатата година преку соработка помеѓу Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) и Меѓународната федерација за мотори (ФИМ), а со тоа ќе се подобри безбедноста на автомобилите и мотоциклите“, се вели во официјалното соопштение на раководството на патеката.
Шпанското ГП на Каталонија е закажано за 9 мај следната година, но трката е сè уште под знак прашалник, бидејќи треба да се потпише договор меѓу неговите организатори и сопственикот на трговските права на Формула 1, Либерти Медиа.

