Чудно или не, играчот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ е на врвот на листата со најмногу додавања во Лигата на шампионите, според официјалната статистика на УЕФА. Босанскиот фудбалер од средниот ред имал најмногу додавања од сите играчи во групната фаза од Лигата на шампионите – 463. Од нив, 427 беа успешни, со ефикасност од 92 проценти. Досега никој друг не достигнал бројка од 400 точни додавања. На второто место е левиот бек на Борусија (Дортмунд) Рафаел Гереро со 399 прецизни додавања со успех од 91%. Трет е Давид Алаба од Баерн (Минхен) со 367 прецизни од 415 обиди. Меѓу…
Author: riste
Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува нов натпревар од Европската ракометна лига, вечерва во Битола го пречекуваат тимот на Тримо Требње од Словенија, а предводникот на екипата од Битола, Жељко Бабиќ смета дека со добрата анализа ги увиделе сопствените грешки и доколку ги поправат ќе може да се надеваат на победа. „Направивме добра анализа на натпреварот во Словенија, го вративме победничкиот менталитет и верувам дека оваа ситуација е одлична за цел тим и за цел клуб. Стресот ни е неопходен и ова ќе биде тест за мене и за целата екипа. Треба да видиме дали може да играме против стресот…
Централниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити се приклучи на групата за вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Јувентус. Францускиот дефанзивец беше повикан за прв пат оваа сезона откако ја третираше повреда на коленото во последните месеци. Умтити последен пат беше во можност да игра на 30 јуни, а неговиот последен натпревар беше на 27 јуни против Селта Виго. Повредените Осман Дембеле, Жерард Пике, Ансу Фати и Серж Роберто не се во списокот за вечерашниот натпревар, па тренерот Роналд Куман мораше да повика играчи од вториот тим на Барселона.
Шпанскиот Реал Сосиедад сака да го ангажира Џеси Лингард од Манчестер Јунајтед, пренесува „Sky Sports“. Според информациите на телевизијата, моментално второпласираната екипа во Примера дивизион нема пари да го купи 27-годишниот играч, но е подготвена да го земе на позајмица до летото и да му исплати плата близу до максималната. Лингард нема забележано ниту една минута за „црвените ѓаволи“ оваа сезона. Неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекува во јуни 2021 година, а несогласувањата во разговорите се веројатно причината поради која тој беше „замрзнат“ од Оле Гунар Солскјер. Според „Трансфермаркт“, неговата цена е 14 милиони евра. „Не можеме да му ја…
Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Игор Ангеловски даде свој коментар на противниците кои ги добивме во квалификациите за СП 2022 година. Тој вели дека Германија е апсолутен фаворит, а останатите репрезентации рамноправно ќе се борат за второто место. Ангеловски смета дека групата е доста изедначена и ќе биде интересно на пресметките меѓу екипите кои ќе се борат за втората позиција. „Можам да кажам дека добивме една интересна група, во која Германија е апсолутен фаворит. Сите останати – Романија, Исланд, Македонија и Ерменија, можат рамноправно да се вклучат во битката за второ место. Мислам дека Македонија со целиот свој квалитет кој…
Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за пласман на СП во Катар 2022 година. Објективно, тежок Ќе биде патот на Македонија до Катар, а така сакаше ждребката одржана вечерва во седиштето на ФИФА во Цирих. Репрезентацијата на Македонија беше извлечена од четвртиот шешир, па затоа и се очекуваше да добие силни противници. Македонија по ждрепката се најде во групата Ј, каде ќе играат селекциите на Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн. Шансите за пласман на нашата селекција на СП 2022 година се мали, но селекторот Ангеловски и фудбалерите ќе дадат се од себе за да бидат во игра…
Утре (вторник) ќе биде одигран натпреварот од 6.коло од групната фаза од Лигата на шампионите меѓу РБ Лајпциг и Манчестер Јунајтед. Според „Скај Спортс“, двајца напаѓачи на Манчестер Јунајтед ќе го пропуштат решавачкиот натпревар за пласман во елиминациската фаза на ова натпреварување. 33-годишниот Уругваец Единсон Кавани и 25-годишниот Французин Ентони Марсиал нема да играат во Германија. Според менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле-Гунар Солскјер, двајцата играчи имаат полесни повреди. На првиот меѓусебен дуел, Манчестер Јунајтед го совлада РБ Лајпциг со 5:0 на „Олд Трафорд“. Пред финалните натпревари, РБ Лајпциг, Манчестер Јунајтед и ПСЖ имаат по 9 бода. Францускиот клуб, кој е…
Квалификациите за трката за ГН на Бахреин не донесоа ништо ново во однос на тоа кој тим ќе тргне прв на утрешната трка, затоа што Мерцедес повторно ги освои првите две места и ќе ги имаат стартните позиции. Валтери Ботас беше најбрз во квалификациите во Сахир и на првото место заврши пред клупскиот колега Џорџ Расел, кој го замени Хамилтон и имаше извонредно возење и заврши на втората позиција. Трето време во квалификациите имаше Макс Верстапен од Ред Бул, со 56 стотинки помалку од лидерот, а потоа следат Чарлс Леклерк, Серхио Перез, Дани Квјат, Даниел Рикардо, Карлос Сајнц, Пјер Гасли и…
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го имаше својот 700-ти натпревар во тренерската кариера. Ова се случи на домашниот натпревар од 11-то коло во англиската Премиер лига против Фулам (2:0). Според весникот „Марка“, екипите кои ги има водено Гвардиола имаат 507 победи, 111 нерешени и 82 порази на овие 700-тини натпревари. На овие средби неговите тимови постигнале 1766 голови, а исто така ја извадија топката од сопствената мрежа 573 пати. Во текот на својата кариера, каталонскиот тренер беше тренер и на шпанските Барселона Б и Барселона, како и Баерн Минхен. Во следното коло, Манчестер Сити гостува на „Олд Трафорд“ каде…
Во мечот од 11. коло на англиската Премиер лига меѓу Манчестер Сити и Фулам имаше една несекојдневна ситуација. Средбата се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер и заврши со победа на домаќините со резултат 2:0. Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не направи ниту една замена за време на натпреварот. Според „Опта Спорт“, ова се случило за прв пат по 2 април 2005 година кога Манчестер Сити не направил замена во натпревар од Премиерлигата. На тој натпревар, Манчестер Сити го водеше Стјуарт Пирс , сега во стручниот штаб на Вест Хем Јунајтед. Рахим Стерлинг од игра и Кевин Де Бруин…
