Квалификациите за трката за ГН на Бахреин не донесоа ништо ново во однос на тоа кој тим ќе тргне прв на утрешната трка, затоа што Мерцедес повторно ги освои првите две места и ќе ги имаат стартните позиции.
Валтери Ботас беше најбрз во квалификациите во Сахир и на првото место заврши пред клупскиот колега Џорџ Расел, кој го замени Хамилтон и имаше извонредно возење и заврши на втората позиција.
Трето време во квалификациите имаше Макс Верстапен од Ред Бул, со 56 стотинки помалку од лидерот, а потоа следат Чарлс Леклерк, Серхио Перез, Дани Квјат, Даниел Рикардо, Карлос Сајнц, Пјер Гасли и останатите.
Трката за ГН на Бахреин е вози утре (недела), а стартот е во 18:10 часот.

