Раководството на Борусија (Дортмунд) веќе заработи 130 милиони евра од продажбата на Осман Дембеле во Барселона. Летото 2017 година, крилниот напаѓач се пресели на „Камп Ноу“ за трансфер вреден 105 милиони евра плус бонуси. Тој веќе го одигра својот натпревар број 75 за Барселона, која додаде уште 5 милиони евра на сметката на клубот од „Сигнал Идуна парк“. Вкупната сума на трансферот може да достигне 148 милиони евра доколку се исполнат сите бонуси. Повеќе од три години, Дембеле има само 22 гола и 17 асистенции на 83 официјални натпревари.
Author: riste
Тотенхем објави загуба од околу 70 милиони евра за минатата сезона. „Влијанието на пандемијата врз нашиот приход е значајно. Штотуку ја завршивме изградбата на стадион од 1,35 милијарди евра, која беше финансирана од клупски ресурси и долгорочни заеми. Во сезоната 2020/2021, навивачите сè уште не смеат да влегуваат на стадионите. Исто така, намалени се приходите со губење на споредни настани како што се натпревари во НФЛ, концерти и затворање продавници во рамките на арената. Проценуваме дека во тековната фискална година, потенцијалната загуба на приходот ако стадионот остане затворен за навивачите ќе надмине 165 милиони евра“- објави претседателот на бордот на…
Напаѓачот на Челзи и Франција, Оливие Жиру може да го напушти лондонскиот клуб во јануарскиот преоден рок. Според одредени информации објавени во медиумите на Островот желбата на 34-годишниот фудбалер е да биде во играчки ритам пред одложеното ЕУРО 2020. Во врска со ова, лондончани се подготвени да ја разгледаат опцијата за пуштање на играчот, доколку самиот Оливие го сака тоа. Судејќи според последните коментари на играчот, голема е веројатноста дека тоа ќе се случи. Жиру се пресели во Челси во јануари 2018 година од Арсенал. Сумата на трансфер за 34-годишниот Французин беше 17 милиони евра, а актуелниот договор меѓу Оливие…
Џејдон Санчо би можел да се врати составот на Борусија Дортмунд за мечот од Лигата на шампионите против Бриж (Белгија) во вторник, а главниот тренер Лусиен Фавре изјави дека ротацијата ќе биде клучна за згуснатиот распоред на тимот до крајот на годината. 20-годишниот репрезентативец на Англија, кој не е близу до својата сензационална форма од минатата сезона, има два гола на девет натпревари во сите натпреварувања, остана на клупата за резерви во победата на тимот против Херта Берлин од 5:2 во Бундеслигата во саботата. „Во саботата решивме тој да се одмори за да го задржиме свеж“, им рече Фавре на…
Британската влада донесе одлука за ублажување на дел од мерките во врска со присуството на спортски настани на отворено, а од 2 декември некои од спортските објекти, вклучително и фудбалските стадиони, ќе бидат отворени за гледачите. Планот е веќе одобрен, а вечерва премиерот Борис Џонсон ќе го објави во јавноста. Според планот, ова ќе се случи во т.н. Зона 1 и зона 2, кои ги опфаќаат областите каде ширењето на COVID-19 е најконтролирано. Стадионите од прва категорија ќе дозволат максимум 4.000 гледачи, додека оние од втората – до 2.000 гледачи. Во областите на зоната 3 спортските објекти ќе останат затворени.…
Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик се надева дека дефанзивците Давид Алаба и Жером Боатенг ќе останат во тимот и по завршувањето на сезоната. Во оваа фаза, преговорите меѓу управата и агентите на Алаба за нов договор беа неуспешни поради големите финансиски побарувања на играчот. Ветеранот Боатенг исто така е пред разделба со Баварците, бидејќи раководството нема намера да му понуди нов договор. „Нема јасни индиции дека клубот планира да се раздели со Жером Боатенг. Тој е важен играч и неблагодарно е да кажеме дека тој заминува”, изјави Флик. „Што се однесува до Давид Алаба, тој е голем човек и…
Напаѓачот на Олимпик Марсеј, Флоријан Товин може да ја продолжи кариерата во Милан, пренесува „Calciomercato.com“. Според изворот, италијанскиот клуб ја дал првата понуда до Марсеј за трансфер на 27-годишниот француски фудбалер. Претходно беше објавено дека Милан постигнал принципиелен договор со Товин. Да потсетиме, сегашниот договор на Товин со Марсеј е до летото 2021 година. Товин игра во францускиот клуб од 2016 година, најпрво како позајмен играч од Њукасл Јунајтед, а потоа и со перманентен договор. Напаѓачот играше за Марсеј од 2013 до 2015 година. Флоријан потекнува од Академијата во Гренобл, абеше дел и од екипата на Бастија. Од 2017 година…
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе и покрај проблемите кои ги имаше со непријатност на втората трка на „Имола“ во рамки на ТЦР-шампионатот во Италија, сепак успеа да освои бодови. Иџе беше на втората позиција и се бореше за подиум, но по еден дуел Аскона беше невнимателен и го истурка од патеката. Стефановски успеа некако да се врати во трката, по влегување во боксот за да го поправи автомобилот, а потоа со одлично возење да освои бодови. Игор Стефановски ја заврши трката на десеттото место и дојде до нови пет бода. Ова беше последна трка во сезоната на ТЦР-шампионатот во…
Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло по натпреварот од 8. коло на италијанскиот шампионат со Каљари (2:0) го пофали играчкото ниво на својот фудбалер, Адриен Рабио . „Рабио е разноврсен играч. Не сум видел често некој да биде толку силен физички и технички. Тој дури и не знае каков потенцијал има во него. Ние работиме со него на психолошки аспект, така што тој треба да знае дека е шампион. Рабио е се подобар со секој одигран натпревар“, изјави Пирло за „Sky Sport Italia“. Јувентус освои 16 поени за осум кола и се најде на второто место на табелата на италијанската Серија…
Централниот дефанзивец на Барселона, Жерард Пике ќе биде надвор од терените во наредните месеци поради повреда на десното колено. Од „Камп Ноу“ денес објавија дека дефанзивецот има истегнати вкрстени лигаменти и повредата е потешка отколку што првично се очекуваше. Според шпанските медиуми, ова ќе го извади Пике од составот на Барселона неколку месеци. Поранешниот шпански репрезентативец го изврте коленото откако Анхел Кореја падна врз него во второто полувреме на синоќешниот натпревар со Атлетико Мадрид. Роналд Куман има огромни проблеми во одбраната. Клемент Ленгле е единствениот централен дефанзивец од првиот тим. На лошата вест за Пике се додава и онаа за…
