Author: riste

Денес беше отворена изложбата на 242 детски ликовни творби и 23 инфопанели на тема „БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО И ДИСКРИМИНАЦИЈАТА МЕЃУ МЛАДИТЕ ВО СПОРТОТ“  кои беа пријавени на конкурс кој го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија (ФУСМ) и Детскиот ликовен центар – Скопје (ДЛЦ), а во рамки на проектот Фер шанса за млaдите во спортот кој го финансира ЕУ преку програмата Еразмус+. Овој проект се реализира со учество на партнери од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Италија и Бугарија, а нашата земја ја претставува Федерацијата на училишен спорт на Македонија. „Целта на проектот е да се превенираат сите…

Read More

Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА ) го објави периодот за одржување на Светското клупско првенство. Турнирот во 2021 година ќе се одржи од 1 до 11 февруари во Катар. Турнирот е одложен поради пандемијата на коронавирусот. На веб-страницата на организацијата се вели дека поради промена на времето на одржување на националните шампионати, турнирот беше одложен за февруари 2021 година. Првично беше планирано натпреварите да се одржи во декември 2020 година. Учесници на Светското клупско првенство се најсилните екипи од шест конфедерации, како и шампионот на земјата во која се одржува турнирот. Актуелен победник на натпреварувањето е Ливерпул. Поради пандемијата на…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со реми ја отворија европската сезона на домашен терен, откако во рамки од 3. коло на Европската лига одиграа 25:25 против швајцарскиот претставник Кадетен Шафхаузен. Ракометарите на Жељко Бабиќ и покрај големите проблеми со кои се соочуваа во последниот период, на терен истрчаа со цел да ги израдуваат своите фанови со прва победа и да докажат дека поразот од ГОГ Гудме во Данска беше несреќен. И покрај одличното прво полувреме кое го донија со 16:10, ракометарите на Еурофарм Пелистер неуспеаа да ја задржат предноста до крај иако водеа со неколку гола разлика до пред самиот крај, а…

Read More

Атлетик Билбао потпиша нов долгорочен договор со дефанзивецот Унаи Нуњес. Новиот договор е до летото 2025 година, според официјалната веб-страница на Баскијците, Нуњес (23) е од соседниот град Сестао, но сепак беше привлечен од школата на Атлетик Билбао кога бил многу мал. Тој има вкупно 65 натпревари и 1 гол за Атлетик, игра како централен дефанзивец. Тој веќе е повикан во шпанската репрезентација, а пред некое време медиумите во Шпанија пишуваа за интересот за него од Јувентус и Челзи.

Read More

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година победи на последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2021 година на меч против Црна Гора со 2:1. Селекторот Благоја Милевски по натпреварот кажа дека жали за пропуштената шанса и оваа генерација да игра на уште едно големо натпреварување. „Момците покажаа дека немаат само квалитети и потенцијал, туку и фактор плус. Штета за оваа генерација, која остана без пласман на Европско првенство. Задоволително ќе беше барем да одиграат барем плеј-оф. Форматот се промени на половина од овие квалификации, а тоа е голема штета. Треба да бидеме горди на момците и тоа што тие го покажаа во…

Read More

Неколку македонски репрезентативци настапуваат во екипи од Кипар и добор ја знаат климата, амбиентот и стадионот во Никозија каде што утре ќе играме против Ерманија. Иван Тричковски утре по третпат ќе биде капитен на нашата репрезентација, како што беше и претходно на средбите против Естонија. На денешната прес-конференција фудбалерот на АЕК Ларнака и нашата репрезентација го кажа своето размислување за оваа средба: „Атмосферата е одлична и на највисоко нив, а и мотивацијата никогаш не ни недостасувала. Тоа не краси, индивидуално и тимски сме мотивирани и на утрешниот натпревар ќе докажеме дека можеме и умееме. Се чуствувам поконфорно на овој стадион. Сега имаме дополнителна мотивација, нема публика но имаме…

Read More

Македонија со победа над Естонија отпатува за Кипар каде ја очекува последната средба од Лигата на нации. Дуел против добро познат протиовник, Ерменија со кој се бориме за првото место во нашата група и пласман во повисок ранг. На ден пред одлучувачкиот натпревар во Никозија против Ерменија, селекторот Ангеловски изјави: „Не калкулирам, па на нерешено и не знам да играм. Ќе играме на победа, имаме одличен избор на фудбалери. Секој позитивен резултат ќе не однесе во  Лигата – Б, а тоа е приоритет за нас. Со Ерменија игравме и претходно и добро ги познаваме. Тигран и Хов се играчи кои настапуваа за Вардар во…

Read More

Португалскиот играч за врска на Вулверхемптон, Педро Нето, може да ги смени боите на својот дрес. Како што пренесува „Тутоспорт“, Јувентус преговара со англискиот клуб за трансфер на Нето веќе во зимскиот преоден рок. Забележано е дека агентот Хорхе Мендеш , кој исто така ги застапува интересите на напаѓачот на „старата дама“ Кристијано Роналдо, ќе биде посредник во оваа зделката . Педро Нето се проценува на 22 милиони евра. Тој претходно играше во Серија А, настапувајќи за римскиот Лацио. Оваа сезона, 20-годишниот португалски репрезентативец одигра 8 натпревари во англиската Премиер лига за Вулверхемптон, на кои успеа да постигне еден гол.…

Read More

Најдобрата македонска фудбалска селекција забалежа победа во натпреварот од 5.коло во Лигата на нации против репрезентацијата на Естонија со 2:1. И покрај тоа што на оваа средба недостасуваа неколку стандардни првотимци во нашата репрезентација сепак Македонија беше фаворит на оваа средба,а со играта го потврди тоа. Нашата селекција дојде до водство преку Иван Тричковски во 29.минута по одличното додавање од Спировски, Тричковски ја сочека топката на 10 метри од голот и веднаш упати удар кој не можеше да го одбрани голманот на Естонија. Тричковсјки имаше уште една убава шанса но неговиот удар со глава успеа на самата гол линија да…

Read More

Манчестер Сити покажува интерес за двајца играчи на Астон Вила. Според „Дејли Стар“, Манчестер Сити планира да ги купат 25-годишниот Англичанец Џек Грилиш и 22-годишниот Бразилец Даглас Луиз. Од страна на Сити се подготвени да платат околу 100 милиони евра на тимот од Бирмингем за двата играчи. Оваа сезона во англиската Премиер лига, Грилиш одигра 8 натпревари, на кои постигна 5 гола и направи 6 асистенции. Трансфермаркт го проценува 25-годишниот играч за врска на 45 милиони евра. Даглас Луиз има 2 асистенции на 8 натпревари оваа сезона. Трансфермаркт ја проценува цената на 22-годишниот фудбалер за врска на 27 милиони евра.…

Read More