Author: riste

Македонските фудбалери го прославија големиот успех и пласманот на ЕП, но веќе со мислите се кон мечот со Естонија кој го играат утре. На редовната прес-конфереција, селекторот на Македонија, Ангеловски изјави дека иако се емоционално испразнети, нашиот тим е подготвен за новиот предизвик. Тој најави дека сега како учесник на ЕП, товарот е поголем, но сепак момците се подготвени да одговорат на предизвикот. „Кажав во септември дека главна цел е пласман на ЕП, ама и тука сакаме да бидеме први. Моментално сме на прво место и ќе дадеме се да бидеме први во ЛН. Нормално е по голем пласман емоциите…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година се соочи со проблеми поради позитивни тестови на ковид-19, па иако синоќа беше најaвено дека Чурлинов, Тодороски и Јанков ќе бидат прекомандувани во А селекцијата, веднаш мораше да се реагира и тиа остануваат кај младите фудбалери. Селекторот Благоја Милевски мораше дополнително за натпреварот со Црна Гора да повика неколку нови фудбалери. Се работи за играчи од домашното првенство и еден од Бугарија. Повик добија Енсар Љума (Шкендија), Ване Јованов(Академија Пандев), Славе Маркоски (Охрид) и Виктор Крстевски (Вардар). Од страна на ФФМ не беше соопштено кои се играчите кои отпагаат од списокор на Милевски за оваа…

Read More

Германија ќе оди на задолжителна победа против Украина и пласман во финалето на Лигата на нации, изјави тренерот на тимот Јоаким Лев. Светските шампиони од 2014 година се изедначени со Украина со шест бода и заостануваат со еден бод зад лидерот од Шпанија. Натпреварот се игра утре (сабота) од 20:45 часот. На прашањето дали Бундестимот може да ја освои групата, Лев рече: „Можно е, тоа е нашата цел. Јас сè уште не размислувам за Шпанија, бидејќи пред тоа треба да ја победиме Украина”. Напаѓачот Тимо Вернер, кој ќе игра на стадионот во Лајпциг првпат по трансферот во Челзи, ќе го…

Read More

Од РК Еурофарм Пелистер преку соопштение потврдија дека дуелот со Кадетен Шафхаузен во рамките на Европската ракометна лига ќе се игра во планираниот термин, односно на 17.ноември во 18.45 часот во Битола. „Натпреварот Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен редовно ќе се одигра на 17 ноември Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека натпреварот од третото коло на групата Д на Лига Европа меѓу нашиот клуб и Кадетен Шафхаузен од Швајцарија ќе се одигра редовно во вторник на 17 ноември во 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола без присуство на гледачи. РК Еурофарм Пелистер навремено ја извести…

Read More

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да го напушти тимот на крајот на оваа сезона. Актуелниот договор на капитенот на Реал Мадрид важи до летото 2021 година, а клубот сè уште не го обнови договорот со него. Беше објавено дека Реал Мадрид, кој обично не им нуди договор на постарите играчи повеќе од една сезона, отстапи од своите принципи и изрази подготвеност да потпише двегодишен договор со Серхио Рамос. Сепак, како што објавија некои медиуми од Мадрид, сега има импресивни 80% шанси Рамос да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната. Серхио ги брани боите на Кралскиот клуб…

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах е позитивен на коронавирус, потврдиле од Египетскиот фудбалски сојуз. „Салах, sвездата на Ливерпул, е заразен со коронавирус. Тој нема симптоми. Другите тестови на членовите на тимот се негативни. Мохамед е изолиран и во иднина ќе биде повторно тестиран“, соопшти прес-службата на Египетскиот фудбалски сојуз. 28-годишниот репрезентативец на Египет постигна осум гола на осум настапи за клубот од „Енфилд“ во англиската Премиер лига оваа сезона. Салах ги брани боите на Ливерпул од 2017 година. Како дел од „црвените“, тој ги освои Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство, а минатата сезона ја освои титулата…

Read More

Македонската спортска јавност или поточно цела Македонија одбројува и со нетрпение го очекува историскит меч во кој нашата фудбалска репрезентација ќе игра против Грузија, во обид да се најде на Европското првенство наредната година. Претседателот Стево Пендаровски имаше разговор со нашите репрезентативци и испрати поддршка до фудбалерите. Разговорот со селекторот Игор Ангеловски и сите негови избраници го сподели на својот Фејсбук профил. https://www.facebook.com/watch/?v=997803797363004 Нашите репрезентативци добиваат поддршка од целата јавност во Македонија и секако со таа мисла ќе истрчаат на теренот во Тбилиси во обид да го остварат најголемиот успех за нашата држава.

Read More

Сојузот на спортови на Град Скопје денес ги додели наградите 13 ноември во областа на спортот. Повеќе од 50 години Сојузот на спортови на Град Скопје ги доделува овие награди, а оваа година тие им припаднаа на Игор Димовски (триатлонец) како спортист. За спортски работник награда доби Александар Петровски, директор на СЦ „Борис Трајковски“, а наградите на спортски работници за животно дело им беа доделени Др. Нада Темелковска (спортски лекар), Ристо Петров (куглање), Петар Шумановски (стрелаштво) и Марјан Начевски (ракометен спортски работник и поранешен судија). За помагање и поддршка на спортските натпревари и настапи, награда 13 ноември доби Дејан Трајковски,…

Read More

Италијанските весници „Газета дело Спорт“ и „Кориере дела Сера“ излегоа со свој коментар околу информацијата која се појави во последните два дена дека Јувентус размислува да се раздели со Кристијано Роналдо. Според ови два медиуми, шампионот во Серија А нема намера да се откаже од својот најпопуларен играч, бидејќи покрај тоа што е исклучително вреден со своите голови на теренот, тој е и од голема важност за спонзорските договори на клубот. Популарноста и присуството на напаѓачот во Јувентус му помогнаа на одлуката на осигурителниот гигант „Алијанц“ да се согласи да го продолжи договорот за рекламирање со „бјанконерите“ за уште седум…

Read More

Актуелниот шеф на тимот на Вилијамс, Сајмон Робертс имал позитивен тест за КОВИД-19 и ќе го пропушти викендот за Големата награда на Турција оваа недела, ова го потврди британскиот тим доцна синоќа. Тестот на Робертс во понеделникот беше негативен, но бидејќи се чувствуваше лошо, вчера имаше втор тест, кој даде позитивен резултат. Ова не му дозволи на Робертс да замине за Истанбул, бидејќи тој ќе се самоизолира во наредните денови. Одговорностите на Робертс за време на викендот на „Истанбул парк“ ќе бидат поделени помеѓу менаџерот на тимот Дејв Рединг и главниот инженер на тимот Адам Картер. Самиот Робертс се чувствува…

Read More