Актуелниот шеф на тимот на Вилијамс, Сајмон Робертс имал позитивен тест за КОВИД-19 и ќе го пропушти викендот за Големата награда на Турција оваа недела, ова го потврди британскиот тим доцна синоќа.

Тестот на Робертс во понеделникот беше негативен, но бидејќи се чувствуваше лошо, вчера имаше втор тест, кој даде позитивен резултат. Ова не му дозволи на Робертс да замине за Истанбул, бидејќи тој ќе се самоизолира во наредните денови.
Одговорностите на Робертс за време на викендот на „Истанбул парк“ ќе бидат поделени помеѓу менаџерот на тимот Дејв Рединг и главниот инженер на тимот Адам Картер. Самиот Робертс се чувствува добро, и покрај лесните симптоми што ги покажа.
Робертс го презеде тимот на Вилијамс кон крајот на август откако беше купен од американскиот инвестициски фонд „Дорилтон Капитал“, што доведе до повлекување на семејството Вилијамс по викендот на трката за ГН на Италија.

