Author: riste

Атлетик Билбао е во потрага по нов тренер, соопшти весникот „Марка“. Во моментов, тимот од Баскија е предводен од Гаиска Гаритано, меѓутоа, според истиот извор, поради незадоволителни резултати, тој може да биде разрешен. Во потесниот избор на Атлетик се тројца тренери: Маурисио Покетино , Ернесто Валверде и Марселињо. Покетино, чија последна работа беше англискиот Тотенхем, изгледа како најмалку веројатна опција, бидејќи чека понуда од еден од врвните европски клубови. Покрај тоа, клубот нема да може да му плаќа 10 милиони евра годишно – ова се финансиските очекувања на Аргентинецот. Шансите на Марселињо и Валверде во очите на раководството на Атлетик…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во Тбилиси, Грузија каде треба утре да го одигра финалето од Лигата на нации кое носи пласман на ЕП 2021 година. И покрај последните проблеми, двајцата позитивни на ковид-19, Крсте Велковски и Кире Ристевски и поврдениот Енис Барди кои не отпатуваа во Тбилиси, атмосферата во нашиот тим е позитивна и со голем оптимизам го очекувата финалето против Грузија. Македонската селекција денес треба д аго одработи официјалниот тренинг, но и да ја одржат прес-конференцијата пред утрешниот натпревар кој ќе се игра со почеток од 18 часот. ФОТО: ФФМ

Read More

Сергеј Серебреников, агентот на играчот за врска на Аталанта, Руслан Малиновски, ги коментираше гласините дека неговиот клиент може да се пресели во Интер веќе оваа зима. Беше објавено дека Интер сака да го купи Малиновски, но за да се случи тоа Интер ќе треба да го продаде играчот за врска Кристијан Ериксен . „Прочитав многу во печатот во последниве денови. Не знам дали Интер имаше контакт со Аталанта, но јас не разговарав со Интер. Износот на трансфер на Малиновски? Тешко е да се одговори, треба да ја прашате Аталанта. Клубот го купи, а само таму знаат за колку ќе бидат…

Read More

Дефанзивецот Никлас Зуле ги продолжи тренинзите со својот тим Баерн Минхен по карантинот поради коронавирусот. Минатата недела на германскиот репрезентативец беше позитивен на Ковид-19 и беше во изолација последните денови. После негативен тест, Зуле доби дозвола да започне процес на враќање на теренот. Поради коронавирусот, Зуле ги пропушти последните два меча на Баварците против РБ Салцбург во Лигата на шампионите и дербито со Борусија Дортмунд во Бундеслигата. Дефанзивецот не беше повикан од селекторот на Германија Јоаким Лев за претстојните натпревари на Германија овој месец.

Read More

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шоу ќе отсуствува четири недели поради повредата која ја заработи на мечот против Евертон, објавија од „Олд Трафорд“. Ова значи дека тој ќе ги пропушти натпреварите од Премиер лигата против Вест Бромвич Албион, Саутемптон и Вест Хем, како и натпреварите од Лигата на шампионите со Истанбул Башакшехир, ПСЖ и РБ Лајпциг. Лук Шоу е редовен стартер во изборот на Оле Гунар Солскјер од почетокот на сезоната. Сепак, тешко дека неговото отсуство ќе биде голем проблем за „црвените ѓаволи“, бидејќи сега ќе биде достапен и новото засилување Алекс Телес, кој помина период на изолација поради…

Read More

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација ги доби термините за одигрување на квалификациските натпревари за Светското првенство во Шпанија во 2021 година. Македонија доби ривали со кој ќе се надигрува, а тоа се селекциите на Исланд, Литванија и Грција. Нашата селекција ќе биде домаќин по откажувањето на Грција да го организира турнирот, а пласман на едно од првите две места ќе ни донесе два натпревари од баражот за место во Шпанија во декември 2021 година. Македонија ќе дебитира против Исланд, па следи дуел со Литванија, а на крај ќе биде дуелот со Грција. Распоред на натпревари: 4 декември – 17:45 часот, Македонија – Исланд 5 декември…

Read More

Младата фудбалска репрезентација се подготвува за двата последни натпревари од квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словенија во 2021 година. Нашите репрезентативци имаат шанси кои не се многу големи, но секако се теоретски, па затоа веруваат дека можат до шест бода и достоен крај на овие квалификации. Утре нашите млади играчи ќе заминат за Израел, каде во четврток го играат натпрреварот со домашната селекција, но на пат за Израел нема да оди Агрон Руфати кој на денешниот тренинг се повредил и нема да биде дел од овој натпреревар. Руфати не настапи на првиот натпревар со Израелците, поради суспензија, а сега од друга…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го одржа првиот тренинг во Скопје пред историскиот меч против Грузија во Тбилис за пласман на Европското првенство. Селекторот Игор Ангеловски нема многу време за подготовка, само неколку тренинзи за да ја подготви тактиката со своите избраници за дуелот со Грузија. Добра вест за нашата репрезентација е враќањето на Ељиф Елмас, кој ги пропушти претходните дуели поради позитивен тест на коронавирус. На денешниот собир се појавија сите, со исклучок на голманот Даниел Божиновски, кој е позитивен на ковид-19. Фудбалерите го одработија првиот тренинг во одлично расположение и се мотивирани да одговорат на големиот предизвик, а со тоа да се изборат за првиот…

Read More

Супер талентот на Барселона, Ансу Фати ќе биде надвор од терените околу четири месеци, објавија од „Камп Ноу“. Денес Ансу Фати бил опериран, а според медиумите интервенцијата над 18 годишниот фудбалер била успешна. По консултациите било одлучено да се оди на операција иако хируршката интервенција можеби е подобра за менискусот, но закрепнувањето трае подолго. Ансу Фати се повреди во саботата на мечот со Бетис.

Read More

Играчот за врска на Арсенал Томас Парти нема да може да игра за Гана на претстојните средби на националниот тим. 27-годишниот Томас Парти се здоби со повреда на бутот во поразот од Астон Вила со 0:3, на меч одигран синоќа и беше принудно заменет на паузата. Поради повредата, тој ќе остане во Лондон и нема да патува во својата татковина, каде требаше да учествува на натпреварите со Судан на 12 и 17 ноември во квалификациите за Африканскиот куп на нации. Според информацијата објавена во Англија, повредата на Парти не е сериозна и тој најверојатно ќе се врати во игра веднаш…

Read More