Author: riste

Играчот за врска на Реал Мадрид, Валверде, ќе биде надвор од терените околу еден месец, објавија шпанските медиуми. Уругвајскиот играч за врска има повреда на скочниот зглоб на десната нога, која беше дијагностицирана денес. Вчера играчот за врска беше стартер во поразот од Валенсија со 1:4. Валверде ќе ги пропушти претстојните натпревари со Виљареал, Алавес и Севиља во Ла Лига, како и другите три натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите. Каземиро и Еден Азар се ставени во карантин по позитивни тестови за коронавирусот.

Read More

Фудбалската репрезентација на Макеоднија полека се комплетира, а тројца од првотимците, Горан Пандев, Ељиф Елмас од Италија и езџан Алиоски од Англија пристигнаа во хотелот ТЦЦ „Гранд Плаза“ и му се ставија на располагање на Игор Ангеловски. За Пандев и Елмас вчера се појавија шпекулации дека може да не пристигнат по одлуки на властите во Италија односно нивните клубови Џенова и Наполи, но еве и двајцата се веќе во Македонија. Веднаш се сместија во хотелот, а вечерва се очекува да го имаат и првиот тренинг. Исто така со нив пристигна и Езџан Алиоски од Лидс јунајтед. Во текот не денот веќе во базата на македонија беа пристигнати…

Read More

Репрезентативците од Фиорентина, Џенова, Интер, Лацио, Рома и Сасуоло нема да можат да се приклучат на своите репрезентации за претстојните контролни и официјални средби од Лигата на нации. Претходно денес, здравствените власти на соодветните региони во Италија, од каде се клубовите, издадоа забрана за спортисти да патуваат на натпревари на нивните репрезентации. Ова се должи на присуството на најмалку еден пациент со коронавирус во соодветните тимови. Веќе неколку дена сите играчи на овие клубови се изолирани од надворешниот свет, патувајќи само за натпреварите во Серија А. Поради пандемијата, ФИФА неодамна дозволи секој клуб да може да одлучи дали ќе дозволи…

Read More

Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски – Иџе остана без бодови викендов во ТЦР-шампионатот во Италија затоа што не ја заврши втората трка која се одржа денес. Стефановски вчера имаше добро возење до предсамиот крај кога имаше несреќа и падна дури на 14-та позиција, а денес на втората трка по пет извозени круга се судри во едно од возилата кое се изврти, па го оштети возилото и не можеше да продолжи, а со тоа мораше да ја напушти патеката. Ова и дефинитвно бешелош и несреќен викенд за Игор Стефановски Иџе кој во новата сезона од ТЦР-шампионатот во Италија има освоено 52 бода.

Read More

Натпреварот помеѓу Англија и Исланд во Лигата на нации можеби нема да се одигра, информираше „Би-Би-Си“. Причината за ова се ограничувањата наметнати од британската влада за влез на странци кои патуваат од Данска. Исланд игра со Данска во Копенхаген три дена пред натпреварот со Англија, што треба да се одржи на „Вембли“ на 18 ноември. Причината за ограничувањето е што во скандинавската земја е пронајден нов мутиран вид на коронавирус, кој се пренесува од мали цицачи на луѓе. Според властите на Велика Британија, нема да бидат дозволени исклучоци за оние што влегуваат од Данска, доколку не се британски државјани. Сето…

Read More

Манчестер Сити има намера значително да ја зголеми платата на играчот од средниот ред Фил Фоден, пренесува „Мирор“. Според изворот, англискиот клуб ќе го продолжи договорот со 20-годишниот фудбалер, а неговата плата ќе биде тројно поголема. Актуелниот договор на Фоден со Манчестер Сити трае до 2024 година. Во моментов, играчот за врска добива 25 000 фунти неделно (околу 28 000 евра). Преговорите за новиот договор се очекува да завршат на почетокот на 2021 година. Фоден е дете на Манчестер Сити. Играчот за врска игра за првиот тим 2016 година. Има одиграно вкупно 47 натпревари и постигнато 8 гола, а оваа…

Read More

Многу клубови од Бундеслигата и лидерот во втората лига Хамбургер ќе се сретнат во среда во Франкфурт за да разговараат за иднината на германскиот професионален фудбал сред пандемијата на коронавирусот. Состанокот ќе биде неофицијален и во моментов 14 екипи го потврдиле учеството. Според весникот „Билд ам Зонтаг“, дел од учесниците на овој неформален состанок се Баерн (Минхен), Борусија (Дортмунд), РБ Лајпциг, Борусија (Менхенгладбах) и Баер (Леверкузен). Претставници на Германската фудбалска лига (ДФЛ) не се поканети, пишува весникот. Истата публикација додава дека екипите на Мајнц, Аугсбург, Арминија (Билефилд) и Штутгарт не се поканети. Мајнц, Аугсбург и Штутгарт, како и неколку други…

Read More

Притисокот врз тренерот на Фиорентина, Џузепе Јакини значително се зголеми откако неговиот тим одигра 0:0 на гостувањето кај Парма во натпревар од 7. коло во Серија А. „Виолетовите“ имаат само една победа во последните шест натпревари или вкупно 2 победи досега, што ги рангира на 12-то место со 8 бода. Полека ејасно дека Јакини можеби нема да дочека на продолжување на шампионатот по паузата за репрезентациите. Чезаре Прандели е фаворит за враќање на тренерската позиција, објавија медиумите во Италија. Весникот „Тутоспорт“ објави дека луѓето околу претседателот Роко Комисо исто така изгубиле надеж дека работите ќе се подобрат под водство на…

Read More

29-годишниот лев бек на РБ Лајпциг Марсел Халстенберг започна како стартер за РБ Лајпциг во победата над Фрајбург од 3:0, но мораше да биде заменет со Анхелињо откако почувствува силна болка во препоните. „Тој се чувствуваше добро за време на загревањето кога ги прашав играчите дали сè е во ред. Проблемот на Марсел дојде после тоа”, објасни главниот тренер на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман. Ова е уште еден проблем за селекторот Јоаким Лев затоашто Германија во среда ќе биде домаќин на Чешка во Лајпциг во контролен натпревар, а три дена подоцна е домаќин на Украина на истото место на натпревар…

Read More

32-годишниот играч на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија изјави дека има намера да ја заврши својата европска кариера во парискиот клуб. „Сакам да ја завршам мојата европска кариера тука, но тоа не зависи само од мене. Среќен сум што играм за ПСЖ. Ова е клуб кој многу добро се однесува кон мене. Ќе дадам се од себе“, изјави Анхел Ди Марија за францускиот „Канал +“. Минатата сезона Анхел ди Марија одигра 41 натпревар за ПСЃЖ во сите натпреварувања, на кои постигна 12 гола и даде 23 асистенции. Во сезоната 2020/2021, на 5 натпревари, тој има 3 постигнати голови и…

Read More