Репрезентацијата на Италија беше домаќин на Естонија во пријателски натпревар кој се одугра на стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца и заврши со победа на домаќините со резултат 4:0. Со оваа победа репрезентацијата на Италија предводена од Роберто Манчини го повтори рекордот од 1994 година, имаат три победи во низа без примен гол на три пријателски натпревари – против САД (1:0), Молдавија (6:0) и Естонија (4:0). Следниот натпревар кој ќе го игра репрезентацијата на Италија ќе биде на домашен терен со Полска во Лигата на нации на УЕФА. Натпреварот ќе се одржи на 15 ноември со почеток во 20:45 часот. По…
Author: riste
Холандија беше домаќин на репрезентацијата на Шпанија во пријателски натпревар. Средбата се одигра на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам и заврши нерешено со резултат 1:1. Она што е интересно за оваа среба е тоа што, репрезентацијата на Шпанија, за прв пат од 90-тите години, нема извојувано ниту една победа на последните шест гостувања (5 нерешени средби и пораз). Последен пат тоа се случило помеѓу јуни 1990 година и март 1993 година. Тогаш серијата порази на шпанската репрезентација беше осум натпревари. Репрезентацијата на Шпанија настапува во групата 4 од Лигата А во Лигата на нации на УЕФА и е на првото…
Дојде денот, 12 ноември 2020, денот кој долго го очекуваа актуелните репрезентативци на Македонија, сите оние кои досега го носеле дресот на нашата репрезентација, оние кои ја предводеле селекцијата, оние кои биде дел од македонскиот фудбал, но и сите љубители на фудбалот во Македонија. Македонската фудбалска репрезентација вечерва игра за пласман на Европско првенство, нешто што беше сон на многу генерации фудбалери кои го носеа дресот со националниот грб, а оваа генерација, предводена од капитенот Горан Пандев се избори да биде во ситуација да игра за пласман на ЕП. Последниот чекор Македонија треба да го направи во Тбилиси, каде вечерва…
Реал размислува за повеќе купувања во текот на зимскиот преоден рок, пренесуваат медиумите во Шпанија. Главна трансфер цел на Реал Мадрид е напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. За него Реал Мадрид е подготвен да плати 75 милиони евра, како и да им го даде на двегодишна позајмица Лука Јовиќ на тимот од Дортмунд. Исто така, Реал е заинтересиран за услугите на напаѓачот на Рен, Едуардо Камавинга. Кралскиот клуб ќе му даде на Рен понуда во износ од 50 милиони евра и може да го вклучи Маријано Дијаз во зделката . Халанд се пресели во Борусија во јануари оваа година…
Најголемата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси реализираше повеќе пенали во последните 10 години отколку некои од водечките клубови на Стариот континент, пресмета ЕСПН. Во последната деценија, аргентинскиот фудбалер постигна гол 33 пати од белата точка. За споредба, лидер кај клубовите во овој поглед е италијанскиот гигант Јувентус, кој заостанува зад Меси со 31 реализиран удар од белата точка. Реал Мадрид е втор со 26, а тројката ја надополнува Рома со 24. Меси во моментов е во деликатна ситуација во Барселона. Во летото тој побара да замине, но клубот не го пушти. Тој одлучи да остане наместо да се расправа на…
Прес-службата на Барселона објави официјално соопштение за преговорите со дел од играчите на каталонскиот гигант за намалување на платата. Разговорите се одвиваат поради тешката финансиска состојба на Барселона. „На 11 ноември, по неколкудневни напнати состаноци и заморни преговори, двете страни го завршија периодот на консултации без да се постигне договор. Раководството беше принудено да се одлучи за вакви мерки за надминување на сериозните финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот, што доведе до намалување на приходите на клубот за повеќе од 300 милиони евра, што бара корекција на платите од 191 милиони евра. Имајќи предвид дека за време на преговарачкиот…
Нашите репрезентативци веднаш по прес-конференција на селекторот Ангеловски и капитенот Пандев го одработија официјалниот тренинг и ја почувствуваа арената „Борис Паичадѕе“, каде утре од 18:00 ќе се обидат да дојдат до пласман на ЕП. Последниот тренинг ќе треба да ги разреши сите дилеми кај селекторот со кој единаесет ќе го почне натпреварот со Грузија.
Еден од оние кои играа финале на големо натпреварување или натпревар со голем влог е Горан Пандев. Капитенот на нашата репрезентација успеа да ја освои ЛШ со Интер, а утре треба да игра финале за остварување на својот сон, настап на ЕП. „Долго време сме заедно, живееме за овој натпревар и верувам дека ќе се радуваме. Не сум најзаслужен, сите се заслужни што стигнавме тука. Жал ми е што тука не се Барди, Ристевски и Велкоски, но ќе играме и за нив. Утрешниот натпревар се споредува со натпреварите на „Камп Ноу“ и „Сантијаго Бернабеу“. Но, мора да признаам дека по победата…
Македонската фудбалска репрезентација ги прави последните подготовки за утрешниот натпревар со Грузија во Тбилиси, а селекторот Игор Ангеловски ја одржа задолжителната прес-конференција на која ги искажа своите очекувања од мечот. Главна тема меѓу претставниците на медиумите беа изостаноците на Ристевски, Барди и Велкоски и дилемите околу настапот на Адеми. „Сите фудбалери кои се тука во Тбилиси се во комбинација за настап и ќе ги изберам најдобрите единаесет. Го респектирам Владимир Вајс, оствари големи резултати во минатото, одлично ја води Грузија, но и ние имаме зад себе добри резултати. Утре е нов натпревар, мора да има победник и се надевам дека на крајот ќе…
Фудбалската федерација на Грузија потврди дека во своите редови има позитивни фудбалери, па селекторт Вајс за дуелот со Македонија нема да може да смета на двајца играчи, Хвича Кварацхелија и Леван Шенгелија. „Според протоколите на УЕФА на 10 ноември е направено тестирање на сите фудбалери и стручниот штаб, а резултатите покажаа два позитивни случаи. Истите повторно беа тестирани и откако и вториот резултат беше позитивен, играчите веќе се во изолација и ќе бидат под надзор на лекарски тим во наредните денови“, објавија од Грузиската фудбалска федерација. Поради истата причина за Грузија не отпатуваа нашите репрезентативци Крсте Велковски и Кире Ристевски,…
