Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел може да го напушти клубот следното лето, пренесува ЕСПН. Според изворот, предводникот на клупата на ПСЖ и спортски директор Леонардо се во конфликт. Особено, Тухел не ги сака играчите кои беа донесени од други. Сепак, за време на кризата поради пандемијата на коронавирусите и притисокот од финансискиот фер-плеј, раководството се обиде да ги пополни потребните позиции со слободни играчи или играчи на позајмица. Тухел може порано да го раскине договорот и да се раздели со клубот следното лето. Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино и поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри се подготвени да го…
Author: riste
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е подготвен да го раскине договорот со Жедсон Фернандеш и да го врати играчот за врска во Бенфика. Играчот за врска беше ангажиран во јануари со позајмица на 1,5 година со опција за откуп, но никогаш не успеа да го импресионира Мурињо. Досега има забележано само 13 натпревари за лондончани. „Ако Бенфика сака да го раскине договорот, ние сме подготвени да го прифатиме затоа што го сакаме најдоброто за играчот. Бенфика има право да одлучи и ние ќе ја прифатиме нивната одлука. Јас нема да вршам притисок или да кажам дека не ни треба. Ја…
Луис Хамилтон и официјално ја освои седмата титула во Формула 1, откако беше најдобар на патеката во Истанбул и се израмни со легендарниот Михаел Шумахер на вечната листа. Британецот иако долго време беше зад водечката тројка сепак најдобро се снајде на влажната патека и во клучниот момент дојде до предност која ја задржа до крај на оваа трка. Второто место му припадна на Серхио Перез, кој возеше одлично, а неверојатен напредок имаа болидите на Ферари, па Ветел во последен момент дојде до подиумот откако во финишот на сметка на тимскиот колега Шарл Леклер искористи грешка во последниот круг. Зад нив…
Македонската фудбалска репрезентација како учесник на ЕУРО денес треба да го одигра петтиот натпревар од својата група во Лигата на нации. Противник на нашата селекција денес ќе биде селекцијата на Естонија со која во Талин одигравме 3:3, а до тој резултат стигнавме во последните моменти од натпреварот. Селекторот Игор Ангеловски за оваа средба нема да може дасмета на неколку стандардни првотимци кои од различни причини го пропуштаат крајот на оваа сезона во Лигата на нации односно последните две кола. И во ваков случат Ангеловски верува дека квалитетот е на наша страна и дека овие играчи сега како идни учесници на…
Возачот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл направи големо изненадување и ја освои првата позиција на денешните квалификации пред трката за ГН на Турција. Дождот беше причина за се она што се случуваше на патеката и хаосот во квалификациите кои ветуваат интересна трка утре со старт од 11:10 часот. За овој млад возач, оваа пол позиција ќе му биде прва во кариерата. На дождливата патека во Истанбул, целосно потфрли тимот на Мерцедес. Луис Хамилтон се пласираше дури на шестата позиција, а Валтери Ботас на 9-та позиција, што е прв пат во текот на оваа сезона. Двата пилоти на Мерцедес досега имаа…
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли се зарази со коронавирус, објавија денес некои од италијанските новинари. Тренерот на италијанскиот Милан наполни 55 години на 20 октомври оваа година. На 9 октомври 2019 година, Стефано Пиоли стана главен тренер на италијанскиот клуб Милан, потпишувајќи 2-годишен договор. Во сезоната 2020/2021, Милан има освоено 17 поени (без пораз) во седум кола од Серија А и се на првото место на табелата. На 22 ноември Милан ќе игра ќе игра против Наполи во рамките на осмото коло од италијанскиот шампионат. Клубот игра во групната фаза во Лига Европа. По три кола, Милан освои шест поени…
Напаѓачот на Германија, Тимо Вернер во пресрет на натпреварот од 5-то коло во Лигата на нации на УЕФА против Украина го сподели своето мислење за противникот. „Секако, ќе се обидиме да го добиеме натпреварот. На првиот натпревар видовме дека противникот има одличен тим. Украинците се опасни. Треба да бидеме внимателни. Но, пред сè, Германија мора да нападне. Верувам дека ќе се справиме добро и ќе победиме”, рече Тимо Вернер. Новото засилување на Челзи ќе игра повторно и тоа прв пат по заминувањето од РБ лајпциг на стадионот во Лајпциг. Она што е интересно пред овој натпревар е дека може да…
Четворица играчи на украинската репрезентација и администраторот на тимот еден ден пред натпреварот на Лигата на нациите со германската репрезентација добија позитивни резултати од тестот за коронавирусот, пренесува веб-страницата на Украинската фудбалска федерација. Денес, Украинците повторно ќе бидат тестирани. Доколку не дојде до друг позитивен, УЕФА нема да го откаже мечот во Лајпциг. Според медиумите од Украина, заразените играчи на националниот тим се изолирани во хотелот во кој престојува тимот. Прашањето за нивниот понатамошен престој во Германија треба да одлучива денес специјалната медицинска служба на УЕФА заедно со владините служби на Германија. Според локалниот медицински протокол, лицето кое поминало позитивен…
Нашата фудбалска репрезентација го одработи единствениот тренинг пред одигрувањето на натпреварот со Естонија, меч кој ќе биде последен за нашите играчи на домашен терен, затоа што за неколку дена ќе играат со ерменија во Кипар. Погледнете како изгледаше овој тренинг на нашата репрезентација биз фотографиите од ФФМ:
Македонија по пласманот на Европското првенство, откако во Тбилиси ја победи Грузија (0:1), ја очекува натпревар против Естонија. Еден од оние кои секако ќе добие шанса за настап на оваа средба е искусниот напаѓач Иван Тричковски кои смета дека нема да застана овде и ќе се обидат да го освојат првото место во групата. „Истрошени сме психички и физички, ама ќе дадеме сè од себе да победиме. Од АЕК ни честитаа мене и на Спировски и многу се горди и чест им е што ќе ги претставуваме на Европското првенство. Утре со Естонија, имаме должност и желба да се бориме и да…
