Луис Хамилтон и официјално ја освои седмата титула во Формула 1, откако беше најдобар на патеката во Истанбул и се израмни со легендарниот Михаел Шумахер на вечната листа.
Британецот иако долго време беше зад водечката тројка сепак најдобро се снајде на влажната патека и во клучниот момент дојде до предност која ја задржа до крај на оваа трка. Второто место му припадна на Серхио Перез, кој возеше одлично, а неверојатен напредок имаа болидите на Ферари, па Ветел во последен момент дојде до подиумот откако во финишот на сметка на тимскиот колега Шарл Леклер искористи грешка во последниот круг.
Зад нив останаа Саинц, Верстапен, Албон, Норис и најголем „губитник“ беше Ленс Строл кој почна прв и долго водеше, но грешната одлука со пневматиците го чинеше многу. Ова победа на Хамилтон му ја донесе седмата титула во Ф1, четврта во низа и со тоа ја потврди доминацијата во однос на останатите тимови тимови и возачи.

