Возачот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл направи големо изненадување и ја освои првата позиција на денешните квалификации пред трката за ГН на Турција.
Дождот беше причина за се она што се случуваше на патеката и хаосот во квалификациите кои ветуваат интересна трка утре со старт од 11:10 часот. За овој млад возач, оваа пол позиција ќе му биде прва во кариерата.
На дождливата патека во Истанбул, целосно потфрли тимот на Мерцедес. Луис Хамилтон се пласираше дури на шестата позиција, а Валтери Ботас на 9-та позиција, што е прв пат во текот на оваа сезона. Двата пилоти на Мерцедес досега имаа „еден-два“ пол позиции на сите досегашни 13 трки.
Макс Верстапен беше близу да го искористи лошиот ден на возачите на Мерцедес, но со влегувањето во боксот и менувањето на пневматиците го успори, а тоа го искористи скористи Ленс Строл. По Строл и Верстапен третото место за утре му припадна на вториот возач од Рејсинг Поинт, Серхио Перез.

