Author: riste

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе настапи во рамките од Шампионатот на Италија во ТЦР и го освои 6. место и во првата од двете трки на Имола освои 10 бода. Со новите бодови Стефановски падна на 12 место на табелата во првенството на Италија. Сега пред него изби Јакопо Џудети кој на трката на Имола го освои четвртото место и 15 бодови. Утре ќе се вози втората трка на Имола со што ќе заврши првенството на Италија во ТЦР. Игор Стефановски – Иџе до крајот на трката се обиде да дојде и до петтата позиција против Ахмадов, но…

Read More

Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт , кој пропушти околу три месеци поради повреда на рамото, се врати во составот и се подготвува за следната средба од италијанската Серија А, соопшти прес-службата на клубот од Торино. Холандскиот фудбалер имаше изместување на десното рамо на крајот на 2019 година. Операцијата беше одложена до крајот на сезоната 2019/20. Причината за одложувањето на операцијата може да биде тоа што во тоа време беа повредени и Џорџо Киелини и Демирал. Јувентус стана шампион на Италија. Со 83 поени пред најблискиот ривал Интер кој имаше бод помалку. Во следната рунда од италијанскиот шампионат, Јувентус е…

Read More

Организаторите на Светското првенство во Катар се подготвени со 90 проценти од инфраструктурата две години пред почетокот на шампионатот, кој ќе започне на 21 ноември 2022 година, објави ФИФА. Три од осумте стадиони сега се целосно подготвени, уште три се скоро завршени, а уште два ќе бидат завршени следната година. ФИФА исто така соопшти дека и покрај пандемијата со коронавирусот, повеќе од 100 натпревари се одиграа безбедно на три стадиони оваа година. Светското првенство исто така го почести новото метро во Доха и проширувањето на аеродромот во главниот град пред Светското првенство, каде што навивачите можат дури и да присуствуваат…

Read More

Лидерот во Бундеслигата, Баерн Минхен, нема да може да смета на играчот за врска Корентин Толисо за првенствениот натпревар против Вердер Бремен кој го играат утре. Толисо се здоби со повреда на мускулот за време на обврските кон француската репрезентација оваа недела, објави тренерот на Баварците Ханзи Флик. „Имаме проблеми во средниот ред. Кимих и Толисо се надвор од комбинација”, рече Флик. Кимих веќе беше опериран на 8 ноември и ќе се врати во игра во јануари следната година. Новото засилување Танги Нианзу, кој пристигна во Баерн од ПСЖ во текот на летото, може да дебитира за Баварците. Нианзу се…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е под притисок на кадровски проблеми пред утрешниот натпревар со Виљареал. „Имаме играчи со болки и повреди и ова се лоши вести. Варан не е 100% подготвен, но тој сака да игра и тоа е убаво. Ќе видиме што ќе правиме утре. Рамос ќе недостасува многу, тој е лидер и го покажува тоа“, рече францускиот тренер на прес-конференција пред утрешниот натпревар со Виљареал. „Фудбалерите воопшто немаа одмор, календарот е многу тежок. Не зборувам само за моите играчи. Треба да им дадеме повеќе одмор, но тоа е мое мислење“, рече Зидан. Запрашан за преговорите за…

Read More

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино нема да ја одбие Барселона по трет пат доколку каталонскиот клуб повторно му предложи на Аргентинецот да ја преземе функцијата главен тренер на клубот, пренесува „Спорт.ес“. Претходно беше објавено дека Маурисио Покетино двапати одбивал да ја предводи Барселона со цел да работи во Манчестер Јунајтед. Во моментов главен тренер на Барселона е Роналд Куман, кој го презеде каталонскиот клуб ова лето, на местото на Кике Сетиен. Покетино кој има 48 години го предводеше Тотенхем од 2014 до 2019 година и претходно беше тренер на Саутемптон и Еспањол. Со Тотенхем, аргентинскиот тренер стигна до финалето…

Read More

УЕФА размислува да го премести натпреварот помеѓу Мидтјиланд и Ливерпул во друга земја поради компликациите кои произлегуваат од ограничувањата на патувањето од Данска. Според нив, фудбалерите на Ливерпул треба да бидат во карантин две недели по враќањето во Велика Британија по посетата на скандинавската земја. Натпреварот треба да се игра на 9 декември, но веројатноста ова да се случи на неутрален терен се зголемува. Според медиумите на островот, мечот има најголеми шанси да се одржи во Германија, бидејќи фаворит за домаќин на овој натпревар е стадионот на Борусија (Дортмунд) „Сигнал Идуна Парк“. Тоа би значело дека менаџерот на Ливерпул, Јирген…

Read More

Во репрезентацијата на Уругвај, откриени се неколку случаи на инфекција со коронавирус одеднаш, стои на веб-страницата на националната фудбалска асоцијација. Инфекцијата е пронајдена кај двајца играчи – дефанзивецот Алексис Ролин (Рентистас) и напаѓачот Диего Роси (Лос Анџелес) – како и пет члена на делегацијата. Претходно се дозна дека напаѓачот Луис Суарез бил позитивен на коронавирус. Поради инфекција, тој ќе ги пропушти следните натпревари на Атлетико Мадрид. На 18 ноември, репрезентацијата на Уругвај на квалификацискиот турнир на СП 2022 беше домаќин на репрезентацијата на Бразил. Натпреварот заврши со резултат 2:0 во корист на Бразилците.

Read More

Нашата фудбалска репрезентација со пораз го заврши настапот во втората сезона од Лигата на нации. Пораз од селекцијата на Ерменија во никозија со 1:0, а единдствениот гол беше дело на Хамбарџумијан во 55.минута. Македонија одигра добро прво и лошо второ полувреме, во првиот дел не искористо неколку шанси за да дојде до водство, додека Ерменија искористи едно невнимание и постигна гол за водство и победа на оваа средба. Селекторот Игор Ангеловски го доживеа првиот пораз во 2020 година и тоа во најлош можен момент – во борбата за место кое води во Лига Б. По натпреварот, предводникот на Македонија потенцираше…

Read More

Играчот за врска на Јувентус, Сами Кедира може да го напушти клубот во текот на зимскиот преоден рок, објави „Билд“. 33-годишниот Германец со туниско потекло не е во плановите на тренерот на италијанскиот шампион Андреа Пирло. Оваа сезона, играчот за врска нема ниту една минута настап за Јувентус и не се најде ниту во групата за натпреварите. Раководството на Јувентус му нуди на Кедира да го раскине договорот со заедничка согласност и тоа најверојатно ќе се случи во јануари, по што играчот ќе може да се пресели во друг клуб како слободен агент. Минатата сезона, играчот за врска играше 18…

Read More