Author: riste

Тиаго Алкантара официјално е играч на Ливерпул. Англискиот шампион ја објави веста со видео од играчот во соблекувалната на „Енфилд“. Договорот на 29-годишниот Шпанец е на четири сезони, а според англиските медиуми, Ливерпул ќе плати 20 милиони фунти за него плус 5 милиони во форма на бонуси. Сумата ќе се плаќа на четири рати во период од четири години. Самиот играч ќе стане трет според платата на „Енфилд“ по Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах. Ливерпул и Баерн вчера го договорија трансферот, а денес Тиаго пристигна во Ливерпул и го потпиша својот договор. Тој ќе игра со дресот со број…

Read More

Познати се условите за претстојниот трансфер на играчот за врска на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара во Ливерпул, како и договорот на играчот со англискиот клуб. Според одредени информации, почетната сума на трансферот ќе биде 20 милиони фунти (скоро 22 милиони евра), кои ќе бидат платени за време на договорот на 29-годишниот Шпанец. Други 5 милиони фунти (5,5 милиони евра) се во вид на бонуси, вклучително и титула во англиската Премиер лига и Лигата на шампионите, како и настапот на Алкантара во европските натпреварувања. Информациите кои доаѓаат од Англијавелат дека Тиаго ќе биде подложен на медицински преглед во Ливерпул денес. Играчот…

Read More

Реал Мадрид и Тотенхем ги договорија условите за трансфер на играчот од средниот ред Герет Бејл на позајмица. На 18 септември, играчот ќе отпатува за Лондон да помине лекарски преглед и да потпише договор со Тотенхем. 31-годишниот Велшанец сезоната 2020/21 ќе ја помине во Тотенхем, објави на Твитер спортскиот новинар Фабрицио Романо . Герет Бејл играше за Тотенхем од 2007 до 2013 година. Играчот одигра 203 натпревари, постигна 56 гола и 58 асистенции. Играчот се пресели во Реал Мадрид во 2013 година од Тотенхем. Трансферот на Велшанецот беше 101 милиони евра. Бејл одигра 251 натпревар за Реал Мадрид, постигна 105…

Read More

ПСЖ даде понуда вредна вкупно 60 милиони евра за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. Според „Тутоспорт“, понудата за трансфер е од 52 милиони плус 8 милиони во бонуси. Италијанското издание тврди дека претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис чека да види дали нема да добие подобра понуда од Манчестер Сити, кој исто така е заинтересиран за играчот. Доколку тоа не се случи, дефанзивецот се очекува да замине за Париз, а трансферот би можел да се финализира следната недела. Де Лаурентис изјави дека Кулибали би можел да го напушти клубот во сегашниот преоден рок, но само со соодветна понуда. Наполи за…

Read More

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски заработи потешка повреда, поради која ќе мора да паузира најмалку шест месеци, објавија лекарите од неговата екипа. Ова значи дека освен на клупски, тој ќе ги пропушти и одлучувачките натпревари за нашата млада репрезентацијата. 22-годишниот напаѓач на вчерашниот вечерен тренинг на Ријека се здобил со фрактура на десната нога и бил пренесен веднаш во болница, каде му била извршена итна операција. Според првичните инфоримации, повредата е незгодна бидејќи е во делот на зглобот. Како што стојат работите Ристовски поради оваа повреда нема да може да се врати на теренот до крајот на оваа календарска година,…

Read More

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, кажа неколку зборови во однос на ситуацијата со Луис Суарез откако беше одиграна синоќешната контрола со Џирона, а победија со 3:1. Уругваецот повторно не беше вклучен во составот на екипата, но продолжува да тренира со тимот. „Разговарав со него за неговата иднина и очекуваме да видиме дали тој ќе остане или не. Ако на крајот остане, тој ќе биде дел од тимот“, изјави Роналд Куман. Јасно е дека на „Камп Ноу“ очекуваат Луис Суарез да најде нов клуб, а исто така е важно фудбалерот и Каталонците да се договорат околу финансиите. Доколку Суарез остане…

Read More

Шпанската фудбалска Ла Лига презакажа четири натпревари во двете фудбалски дивизии. Сето ова е поради спорот кој го имаат за неиграње на натпревари во петок и понеделник. Како резултат на тоа, Гетафе и Осасуна ќе го играат својот натпревар во сабота, а Бетис и Ваљадолид наместо во понеделник ќе играат во недела. Одлуката влијаеше и на средбите од второлигашката конкуренција, па така Кастелон – Малага и Картагена – Спортинг Хихон ќе играат во сабота, односно недела. Од Федерацијата и Ла Лига ги прекина натпреварите во петок и понеделник поради одлука на судот за емитување на некои реклами во работните денови.…

Read More

Од страна на РК Голден Арт КЛ7 денес информираа дека поради позитивни на ковид-19 во нивната екипа, комплетниот тим ќе биде во изолација во наредните 15 дена. Во целост информацијата од РК Голден Арт КЛ7: „Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на македонската суперлига во ракомет, кој се одигра во Радовиш против истоимениот тим, кај дел играчите се појавија симптоми карактеристични за вирусот Ковид19 (покачена температура, губење на вкус и мирис), па поради тоа клубот како институција која е максимално одговорна спрема своите играчи и вработени веднаш…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе има значителни потешкотии да го состави најсилиот тим за претстојното гостување кај Реал Сосиедад во недела навечер. Дури девет играчи од првиот тим страдаат од разни повреди на мускулите, а само Иско е близу до враќање во терените. Герет Бејл, Еден Азар, Лука Јовиќ, Мартин Јодегор, Едер Милитао, Лукас Васкез, Маријано Дијаз и Марко Асенсио продолжуваат да тренираат индивидуално и ќе биде тешко да бидат подготвени за мечот во Сан Себастијан. Дополнително на тоа, Бејл, Јовиќ, Васкез и Маријано се уште не се сигурни каде ќе играат во новата сезона. Така, Зидан ќе…

Read More

Фудбалерот на Интер, Борха Валеро (35 години) се приклучи на Фиорентина со слободен трансфер. Играчот ќе игра за „виолетовите“ со број шест, објави прес-службата на тимот. Валеро веќе играше за Фиорентина од 2012 до 2017 година. Играчот од средниот ред одигра 212 натпревари, постигна 17 голови и 45 асистенции. Во 2017 година се пресели во Интер за 6,5 милиони евра. Во сезоната 2019/2020, Шпанецот одигра 25 натпревари и постигна три гола. Играчот за врска повеќе не е вклучен во главниот тим на Интер и затоа си замина од Милано. Валеро беше дел од А селекцијата на Шпанија, дебитираше во 2011…

Read More