Челниците на италијанскиот фудбал разговараат со владата за тоа какви мерки треба да се преземат за можно враќање на навивачите на стадионите во Серија А. Првенството започнува следниот викенд, а планот е навивачите да можат да присуствуваат на трибините од средината на октомври. Целта е да се полнат стадионите најмногу 20% од нивниот капацитет, практика што ќе се спроведува во Бундеслигата уште од првото коло оваа недела. Весникот „Ла Република“ откри неколку детали за враќање на навивачите на стадионите во Италија: – Фановите ќе мора да носат проѕирни маски за да не му прават проблем на системот за препознавање на…
Author: riste
Дефанзивецот Сеад Колашинац и играчите од средниот ред Матео Гендузи и Лукас Тореира би можеле да го напуштат Арсенал, објави весникот „Мирор“. Вест Хем е заинтересиран за Колашинац, Валенсија веќе преговара за услугите на Гендузи, а Тореира е на размислување да се врати повторно во Серија А. Дефанзивецот Габриел од Лил и крилото Вилијан од Челзи се приклучија на тимот од Северен Лондон во тековниот преоден рок. Микел Артета се одлучи да го продаде голманот Мартинез кој се пресели во Астон Вила, но сака да се ослободи уште од овие тројца играчи кои ќе му помогнат да донесе уште едно…
Фановите на Баерн Минхен го избраа напаѓачот Роберт Левандовски за најдобар играч во сезоната 2019/20, соопшти прес-службата на клубот на Твитер профилот. Полскиот напаѓач се приклучи на тимот во 2014 година од Борусија Дортмунд како слободен агент. Вкупно, тој одигра 289 натпревари за Баерн, постигна 246 погодоци и 57 асистенции. Во сезоната 2019/2020, напаѓачот забележа историско достигнување – стана најдобар стрелец во сите натпреварувања каде што учествуваше клубот, а исто така ја освои и тројната круна. Минатата сезона, Левандовски одигра 47 натпревари, постигна 55 голови и 10 асистенции. Актуелниот договор на Роберт Левандовски со Баерн Минхен е до 2023 година.…
Играчот на ПСЖ, Анхел Ди Марија може да добие долга суспензија по натпреварот против Марсеј (0:1) во третото коло од францускиот шампионат, пренесува „Дејли меил“. Според изворот, Ди Марија може да биде казнет за плукање кон дефанзивецот на Марсеј, Алваро Гонзалес, кое беше снимено на видео. Ова е сериозно кршење на протоколот за коронавирус. Аргентинскиот фудбалер може да биде суспендиран на шест натпревари. Да потсетиме, на крајот од средбата, екипите имаа расправија, при што Бразилецот Нејмар доби црвен картон за ударот на шпанскиот дефанзивец од Марсеј, Алваро Гонзалес во задниот дел од главата. Уште неколку играчи беа исто така отстранети.…
Напаѓачот на Ајнтрахт Бас Дост може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига, објави весникот „Гардијан“. Тотенхем и менаџерот на тимот, Жозе Мурињо се заинтересирани за услугите на 31-годишниот фудбалер , кој сака да ја зголеми конкуренцијата во тимот. Клубовите веќе започнаа преговори, но тие се уште се далеку од договор. Ајнтрахт е подготвен да го пушти Дост да замине само со продажба, но не и на позајмица и тоа за 5,5 милиони евра. Од друга страна, Тотенхем најмногу сака да го добие играчот со позајмица. Дост се пресели во Ајнтрахт Франкфурт минатата година, а пред тоа играше за…
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Хет-Трик“ програмата за развој на фудбалската инфраструктура го претставува идејното решение за западната трибина на Градскиот стадион во Штип. Новиот стадион нѐ само што ќе стане пристоен дом за штипската гордост, ФК Брегалница, туку би бил и прилика за македонската репрезентација да биде домаќин на важни квалификациски натпревари. https://youtu.be/wbq99qDkHDc Во проектот финансиран од Фудбалската федерација на Македонија предвидено е западната трибина да има капацитет од 2.000 седишта, ВИП ложа и ресторан, простор за медиуми и за лица со инвалититет, а во подтрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите…
РК Вардар отпатува за Брест каде што утре со почеток од 18:45 го игра мечот против тимот на Мешков Брест во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Пред заминувањето за Белорусија Филип Талески, истакна дека екипата е подготвена за предизвикот кој следи и дека ќе стори се како тој така и целиот тим Вардар на овој меч да забележат победа. „Почнува новата сезона на Лигата на шампиони, играме со добро позната екипа, со која што Вардар со години се соочува во регионалната СЕХА лига. Се знаеме многу добро со нив, имаме голем број на мегусебни мечеви, годинава…
Денес во ФФМ беше извршена ждрепка за првото коло од фудбалскиот куп на Македонија. Оваа година во првото коло односно 1/16 финалето ќе бидат одиграни 12 натпревари, а четири екипи дирректно се пласираа во 1/8 финалето. Во првото коло ќе се сретнат (23 септември од 15.30 часот): Кит-Го – Скопје Победа – Македонија Ѓ.П. Љуботен – Пелистер Слога Виница – Шкупи Вардар Форино – Вардар Велешта – Кожуф Росоман – Беласица Охрид – Ренова Лабуништа Тетекс – Силекс Каменица Саса – Борец Гостивар – Тиквеш Вeлазерими – Работнички Во првото коло ќе бидат одиграни 12 натпревари по кои во следното…
Според планот утре и задутре требаше да започне новата сезона во Лигата на шампионите во ракомет со одигрување на 4 натпревари во среда и четврток, но утрово од Европската куќа на ракометот (ЕХФ) информираат дека еден натпревар е одложен. Екипата на ПСЖ нема да патува кај унгарскиот тим ПИК Сегед во Сегедин, и овој натпревар кој требаше да се игра во четврток од 18.45 часот нема да се одигра во планираниот термин. Поради заразени ракометари во редовите на унгарскиот вицешампион, поголемиот дел од екипата мораше да заврши во карантин, па така на ЕХФ не му преостана ништо друго освен да…
Четворица играчи на англиската Премиер лига беа позитивни на коронавирус, објави „Sky Sports“. Лигата одлучи да не ги открива имињата на играчите заразени со КОВИД-19, или на тимовите за кои тие играат. За време на последната сесија беа извршени 2131 тестови во периодот од 7 до 13 септември. Сите четири заразени играчи во моментов се во самоизолација и ќе останат во неа најмалку 10 дена. Англискиот шампионат, како и огромното мнозинство на други европски лиги, се одржува без публика поради пандемијата на коронавирусите. Шампионатот во Премиер лигата за сезоната 2019/2020 беше прекината во март, но заврши летото 2020 година, шампионската…
