Раководството на Севиља го објави своето петто засилување. Се работи за левиот бек Маркос Акуња, кој доаѓа од Спортинг (Лисабон) за 10 милиони евра и уште 2 милиони бонуси. 28-годишниот дефанзивец потпиша договор до 2024 година. Тој е аргентински репрезентативец, со 27 натпревари за својата селекција, како и натпревари од Светското првенство. Со ангажманот на Акуња, Севиља ја пополнува празнината од заминувањето на Серхио Регилон, кој се врати во Реал Мадрид. Ова лето на „Рамон Санчез Писхуан“ пристигнаа и Иван Ракитиќ, Оскар Родригес, Јасин Буну и Сусо.
Author: riste
Андреа Пирло денес ќе добие тренерска лиценца, пренесува Фудбал Италија. Тој денес треба да го има своето лично предавање и да ја брани тренерската диплома во базата во Коверчано. Претходно Андреа Пирло беше назначен за тренер на Јувентус. На 41-годишниот тренер му беше дозволено да застане на чело на „старата дама“, бидејќи тој веќе ја започна својата обука со посета на тренерските курсеви. Како овластен тренер, Пирло ќе го има својот прв натпревар против Сампдорија во првото коло од италијанскиот шампионат. Натпреварот е закажан за 20 септември на стартот на новата сезона во Серија А.
Милан на својата официјална веб-страница објави дека склучиле договор со напаѓачот Анте Ребиќ , кој претходно му припаѓаше на Ајнтрахт и минатата сезона играше за Милан со позајмица. Напаѓачот не беше вклучен во почетниот состав на Милан на почетокот на сезоната, но потоа започна да игра важна улога во тимот. Во завршената сезона од Серија А, Ребиќ постигна 11 гола, даде три асистенции и доби пет жолти картони. Во замена за Ребиќ, Ајнтрахт Франкфурт го ангажираше напаѓачот Андре Силва, кој претходните денови исто така потпиша целосен договор со германскиот клуб. Од 2013 до 2018 година, Анте Ребиќ припаѓаше на италијанската…
Лидс Јунајтед официјално потврди дека менаџерот на тимот Марсело Биелса потпишал договор со клубот за уште една година. Аргентинецот го презеде тимот летото 2018 година, кога потпиша за две години. Неговиот договор истече, но двете страни се согласија да го продолжат за уште 12 месеци, па Биелса ќе го предводи Лидс во првата сезона на тимот во Премиер лигата по пауза од 16 години. Вчера, на неговата прес-конференција пред мечот со Ливерпул, Биелса откри дека сè е јасно. Денес клубот ја потврди информацијата. Медиумите на Островот тврдат дека 65-годишниот тренер ќе добие 8 милиони фунти следната сезона, што ќе го…
Џакомо Бонавентура официјално потпиша договор со Фиорентина. 31-годишниот играч за врска пристигнува на „Артемио Франки“ по шест сезони поминати во Милан. Тој потпиша со „Виолетовите“ како слободен агент откако му истече договорот со „росонерите“. Бонавентура беше подложен на лекарски прегледи и потпиша двегодишен договор. Тој веќе започна да тренира со своите нови соиграчи. Бонавентура е дел од академијата на Аталанта. Потоа тој беше привлечен од Милан во 2014 година за 5,3 милиони евра. Тој има 254 натпревари во Серија А, на кои постигна 44 погодоци и направи 38 асистенции.
ФК Тиквеш и градот Кавадарци ќе го добијат она што со децении го сонуваа сите вистински љубители на фудбалот. После 30 години Градскиот стадион во Кавадарци ќе добие потполно нова слика. Фудбалската федерација на Македонија целосно реконструира две трибини (јужна и источна), а целосно покриена со кровна конструкција ќе биде јужната трибина. Веќе се набавени и 2000 нови столчиња за стадионот на ФК Тиквеш. Општина Кавадарци потоа целосно ќе ги обнови и модернизира соблекувалните и останатите простории во рамки на стадионот. „За кратко време го поминавме патот од идеја до реализација. Сите знаеме колку стадионот и ФК Тиквеш значи за…
Лондонски Арсенал е заинтересиран за францускиот играч за врска на Олимпик Лион, Хусем Ауар , објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо. Самиот играч исто така нема ништо против за овој трансфер затоа што смета дека го надминал нивото на францускиот шампионат и сака да се обиде со англиската Премиер лига. Во исто време, Лион сака да добие 60 милиони евра за играчот и веќе ја одби понудата на Арсенал да го замени Ауар со играчот од средниот ред Матео Гендузи. Освен Арсенал, за Ауар е заинтересиран и Манчестер Јунајтед. Хусем Ауар е играч кој потекнува од школата на Лион и…
Раководството на Челзи ја одби понудата на Интер за играчот за врска Н’Голо Канте, пренесува весникот „Гардијан“. Според истиот извор, Интер го понудиле Марсело Брозовиќ како дел од договор, но лондончани одбиле. По првиот негативен одговор, Интер се обиде со нов играч, па понудиле размена помеѓу Канте и Кристијан Ериксен на „Стемфорд Бриџ“, но резултатот бил ист. „Гардијан“ тврди дека Канте во моментов е најголемата трансфер цел на Антонио Конте. Сепак, менаџерот на Челзи, Френк Лампард не сака да се раздели со Французинот, иако минатата сезона повредите го спречија Канте да покаже максимум од неговите квалитети и тој одигра само…
Новиот играч за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ пристигна во својата нова екипа, а тоа беше потврдено на официјалниот Твитер профил на Барселона. 30-годишниот фудбалер се пресели во каталонскиот клуб ова лето од Јувентус. Сумата за трансфер беше 60 милиони евра. Миралем играше за „бјанконерите“ од 2016 година, а пред тоа ги бранеше боите на Рома, Лион и Мец. Тој настапува за репрезентацијата на Босна и Херцеговина од 2008 година. Минатата сезона Пјаниќ учествуваше на 30 натпревари од италијанската Серија А во дресот на Јувентус, постигна 3 гола и 6 асистенции, но исто така доби и 10 жолти картони. На…
Стефан Ел Шарави е се поблиску до враќање во европскиот фудбал. Четири екипи сакаат да го имаат во овој играч во својот состав. Тоа се ПСЖ, Атлетико Мадрид, Рома и Арсенал, кои ќе влезат во трансфер битка за неговиот потпис, пренесува „Скај Италија“. Во моментов Ел Шарави е во сопственост на Шангај Шенхуа, но кинескиот клуб е подготвен да го позајми барем до крајот на 2020 година, и не е чудо и до следното лето. Во оваа фаза се верува дека фаворит за потписот на „Малиот фараон“ е неговиот поранешен клуб Рома. 27-годишниот играч настапуваше за Рома до пред една…
