Author: riste

Крилниот играч Иван Перишиќ се врати во Интер. Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик, за медиумите во Германија изјави дека Баварците се откажуваат од опцијата за купување на правата на 31-годишниот Хрватски интернационалец. Перишиќ минатата сезона ја помина во Германија на позајмица. Баерн му плати на Интер 5 милиони евра и можеше да го купи играчот за 20 милиони евра. Сепак, Германците се обидоа да ја намалат висината на сумата за трансферот, но клубовите не успеаја да се договорат. Минатата сезона Перишиќ одигра 35 натпревари, постигна 8 гола и 10 асистенции. Другите двајца, кои беа со позајмица на „Алијанц Арена“…

Read More

Македонската репрезентација до 21 година се враќа од гостувањето на Фарските Острови со остварена цел, освоени 3 бода од ова гостување. Домашната селекција покажа дека неслучајно славеше против Израел пред неколку дена и одигра црвст натпревар со Македонија. Нашата репрезентација дојде до водство во 16-та минута преку Милан Ристовски и долго го чуваше ова водство кое во 80-та минута Ацковски го зголеми на 2:0. Пред крајот на мечот имаше уште еден гол, но овој пат во нашата мрежа, а го постигна Кнудсен во 84-минута. Македонија У21 во следната квалификациска рунда ќе игра против казахстан на гостински терен, а дуелот е закажан во…

Read More

Играчот за врска на ПСЖ, Јулијан Дракслер може да го напушти тимот во овој преоден рок. Според одредени медиуми во Франција, овој клуб сака да го продаде 26-годишникот за да го напали платниот список. Договорот на Јулијан Дракслер е до летото 2021 година. Баер Леверкузен е заинтересиран за услугите на играчот. Се тврди дека клубот од Леверкузен може да си дозволи трансфер на играч од средниот ред. Дракслер ги брани боите на ПСЖ од 2017 година, а претходно играше за Волфсбург и Шалке 04. Тој е дел од германската репрезентација од 2012 година. Минатата сезона, германскиот играч за врска учествуваше…

Read More

Продолжува војната помеѓу Кралската шпанска федерација и Ла Лига за програмата на натпреварите во шпанското првенство. Минатата недела беа утврдени деновите и времето на средбите од првото коло, кои треба да започнат за неколку дена. Според програмата, првиот натпревар во новата сезона треба да биде помеѓу Гранада и Атлетик Билбао и да се игра во петок. Федерацијата е против одигрување на мечот во петок. Со месеци инсистираат на натпревари само во сабота и недела, а не во петок и понеделник. Со оглед на недостатокот на гледачи на трибините во Ла Лига, тие си дозволија да ги распределат натпреварите од првото…

Read More

Sвездата на Валенсија, Денис Черишев одби да ја продолжи кариерата во својата татковина. Поради финансиската криза, во Валенсија имаше информации дека тој ќе ја напушти „Местаља“. 29-годишниот играч одби да го носи дресот на Краснодар. Тој сака да остане во Валенсија или да се пресели во друг тим од Ла Лига, информираат медиумите во Шпанија. Во текот на изминатата сезона Черишев одигра 30 натпревари и постигна 3 гола во сите натпреварувања. Фудбалерот има играно за Реал Мадрид, Виљареал и Севиља. Русинот го освои Купот на кралот во сезоната 2018-19 со екипата на Валенсија.

Read More

Мемфис Депај, кој е поврзуван со Барселона, потврди дека ќе разговара со челниците на Олимпик Лион. Напаѓачот е една од приоритетните цели на новиот тренер на тимот од „Камп Ноу“ Роналд Куман, кој до неодамна беше селектор на репрезентацијата на Холандија. „Знам дека има интерес од Барса, но не знам ништо повеќе“, прокоментира Депај по синоќешниот пораз на неговата селекција од Италија во Лигата на нации. „Утре треба да се појавам во клубот (се мисли за денес) и ќе видиме што ќе се случи. Ќе зборуваме” рече Депај. Депај е во последната година од договорот. Информациите за проценетата цена се…

Read More

Металург имаше среќа и доби релативно лесен противник во второто квалификациско коло за Европската лига, откако ждрепката одреди дека ќе се сретне со Кринс Луцерн. Швајцарскиот тим во никој случај не смее да се потцени, а то аго вели и стратегот на Металург, Зоран Кастратовиќ. „Пред ждрепката, Кринс Луцерн беше еден од клубовите што најмногу ги посакував. Сметам дека фаворитската улога и во овој дуел му припаѓа на Металург, но истата ќе мораме да ја оправдаме на терен. Засега немаме многу информации за противникот, каде игра и поранешниот ракометар на Металург – Лапајне, но ќе биде многу лошо за нас…

Read More

Екипата на Металург е на еден чекор да му се приклучи на Еурофарм Пелистер во групната фаза од новоформираната Европска лига на ЕХФ. Поранешниот македонски шампион, во првото коло беше поуспешен од Спачва Винковци и доби носителско место во денешната ждрепка во Виена за последниот филтер пред групната фаза. Македонскиот тим поради одличниот рејтинг ги избегна гигантите и за влез во групната фаза пред себе ќе го има тимот на Кринс од Луцерн. Со евентуален триумф на Металург во двомечот со Кринс, нашата земја ќе има два учесници во второто по ранг натпреварување на ЕХФ. Натпреварите ќе се играат на 22 септември и на 29 септември, со…

Read More

Македонските фудбалски репрезентативци Иван Тричковски и Кире Ристевски поради повреда нема да бидат во комбинација за настап на натпреварот во Тбилиси против Грузија. Напаѓачот во македонската репрезентација, Иван Тричковски кој го пропушти и мечот со Ерменија има поголем хематом на левата надколеница (m. Vastus lateralis), додека дефанзивецот Кире Ристевски има истегнување и хематом на адукторот на десниот бут поради што нема да биде во можност за настап на натпреварот и нема да патува со екипата за Грузија. Натпреварот меѓу Грузија и Македонија од 2. коло во групата 2 од Лигата Ц од Лига на нации се игра на 8. септември во…

Read More

Играчот за врска Филипе Кутињо следната сезона ќе игра во Барселона. Новиот тренер на Каталонците Роналд Куман има намера да ги користи услугите на Бразилецот, пренесува „Марка“. Раководството на Барселона во моментов не ја разгледува можноста за ангажирање играч. Кутињо сепак може да го напушти шпанскиот клуб, но само ако за него се плати значителна сума. Минатата сезона Кутињо играше за Баерн, кој плати 8,5 милиони евра за позајмицата на 28-годишниот играч. Баварците имаа можност да го купат Бразилецот за 120 милиони евра, но се откажаа од таа варијанта. Во сите натпреварувања, Кутињо одигра 38 натпревари за Баерн Минхен и…

Read More