Author: riste

Селекторот на Ерменија Хоакин Капарос го имаше своето деби на клупата на оваа репрезентација, но нема по добро да го памети овој натпревар. Неговата репрезентација загуби на гостувањето во Скопје со 2:1 од Македонија во во првиот натпревар од новата сезона од Лига Ц на Лигата на нации. На прес-конференцијата Капарос изјави: „Честитки за фудбалерите на двете селекции. Не сакам да коментирам дали беа пенали за Македонија или не, за тоа имаше судии на теренот. Сакам да потенцирам дека тешко беше да се игра по оваа температура. Сепак, не може да бидам незадоволен од тоа како игравме. Не беше лесно да се…

Read More

Директорот на регионалната ракометна СЕХА-лига, Синиша Остојиќ, го презентираше новиот пехар во натпреварувањето пред јавноста. Тоа се случи пред стартот на Ф4-турнирот кој ќе се игра во Задар. Новиот пехар на СЕХА лигата има навистина одличен изглед и е далеку подобар од претходниот. Ова ќе биде прва сезона во која победникот ќе го добие овој нов пехар. На Ф4-турнирот нашата земја ја преставува Вардар кој е најуспешниот тим во ова натпреварување. Вардар во полуфиналето утре ќе игра со ППД Загреб, додека во другото полуфинале ќе се сретнат Мешков Брест и Веспрем. Полуфиналните средби се на програмата утре (петок) од 18.00…

Read More

Еден од оние кои дојдоа во Вардар ова  лето е Гоце Георгиевски, репрезентативното крило на Македонија и на Вардар говореше пред Ф4-турнирот во СЕХА-лигата и полуфиналето со Загреб и истакна дека слабиот старт не мора ништо да значи затоа што сепак е само старт на сезоната која ќе биде долга за сите екипи. „Оваа сезона ќе имаме што да кажеме, овој слаб старт не мора ништо да значи, сезоната е долга. Треба време да се наместат коцките, имаме искусни и млади играчи и мислам дека тоа може да се вклопи и да направиме добар резултат. Реално ние сме еден нов тим,…

Read More

Репрезентативецот на Германија Каи Хаверц е веќе играч на Челзи, објави многу германски медиуми предводени од „Спорт Билд“ и „Скај Спортс Германија“. Се очекува потврда од лондонскиот клуб и Баер (Леверкузен). Трансферот вреди 80 + 20 милиони евра. Сепак, постои непознаница во врска со тоа дали играчот за врска во нападот веќе бил подложен на лекарски прегледи или наскоро треба да го стори тоа. Инаку, Хаверц моментално е во камп со репрезентацијата на Германија и се очекува да учествува на денешниот натпревар против Шпанија во Лигата на нации. Пред два дена тренерот на Баер Леверкузен, Питер Бос изјави дека не…

Read More

Фиорентина одби да го привлече фудбалерот на Арсенал, Лукас Тореира, затоа што како слободен агент може да го добие поранешениот играч на Милан, Џакомо Бонавентура. Популарниот фудбалски агент Мино Рајола влезе во преговори со „виолетовите“, бидејќи преговара за условите на Бонавентура. 31-годишниот играч за врска ќе и донесе искуство и флексибилност на Фиорентина, тврди „Скај Спорт Италија“. Италијанецот ги напушти „росонерите“ откако помина шест години на „Сан Сиро“. Тој одигра 184 натпревари и постигна 35 голови во сите натпреварувања. Сега во трка по Лукас Тореира се вклучува Торино. „Биковите“ ќе се обидат да го привлечат на позајмица со опција за…

Read More

Централниот дефанзивец Стефан де Фрај е повреден и нема да може да настапи на претстојните натпревари со Полска и Италија во Лигата на нации, објави Кралскиот холандски фудбалски сојуз. Сè уште е непознато колку е сериозна повредата на 28-годишниот дефанзивец, кој минатата сезона беше прогласен за „Најдобар дефанзивец“ во италијанската Серија А. Дефанзивецот на Интер веќе е испратен во неговиот дом во Милано, а привремениот селектор на Холандија Двајт Лодевегес нема да повика замена на негово место. Де Фрај важеше за сигурен стартер во одбрана на Холандија заедно со Вирџил ван Дајк, но сега покрај дефанзивецот на Ливерпул ќе мора…

Read More

Поранешниот напаѓач на Херта, Ведад Ибишевиќ наскоро ќе потпише договор со Шалке 04. Напаѓачот ќе се пресели во новиот клуб како слободен агент за сезоната 2020/21, објави „Билд“. 36-годишниот Босанец веќе бил подложен на лекарски преглед, двете страни треба само да ги средат последните формалности. Во Шалке, напаѓачот ќе го носи дресот со број 11. Ибишевиќ сезоната 2019/20 ја помина во Херта, за која одигра 27 натпревари. Напаѓачот постигна девет гола и четири асистенции. На крајот на германското првенство неговиот договор истече, а играчот стана слободен агент. Интернет порталот „Трансфермаркт“ ги проценува напаѓачот на 1,2 милиони евра. Во сезоната 2019/2020,…

Read More

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед предмлаку и официјално го потврди големиот трансфер откако потпиша договор со холандскиот фудбалер Дони Ван де Бек. 23-годишниот играч кој настапува во средниот ред долго време се поврзуваше со оваа екипа, а потпиша петгодишен договор до 2025 година, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона. Сумата која Манчестер Јунајтед му ја плаќа на Ајакс за неговите услуги е 37 милиони евра. Тој доаѓа од Ајакс каде минатата сезона одигра 37 натпревари и постигна 10 гола и 11 асистенции. Се очекува за тимот на Оле Гунар Солскјер тој да биде големо засилување. Ова ќе биде прво искуство за Дони…

Read More

Новајлијата во англиската елита Фулам е заинтересиран за крилото на Олимпик Лион Бертранд Траоре, тврди „Скај Спортс“. Поранешниот играч на Челзи влегува во последните две години од договорот со францускиот тим, затоа од оваа екипа немаат ништо против да се разделат со играчот. Лион плати 9 милиони фунти пред 3 години за правата на Траоре, а сега интерес за него покажуваат и Њукасл, Лестер, Евертон и Кристал Палас, па се чини дека репрезентативецот на Буркина Фасо ќе се врати во Премиер лигата. Фулам, од своја страна, бара да го засили својот состав, откако веќе ги обезбеди правата на двајца играчи…

Read More

Футсал репрезентацијата на Македонија ги доби можните противници во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП), секако доколку успеат да го поминат баражот. Ждрепката сакаше нашиот национален тим во баражот за пласман во квалификациите да игра со Англија. Доколку Македонија биде подобра од оваа селекција, во квалификациската фаза ќе се сретнат со Романија, Србија и Босна и Херцеговина. Ова се репрезентации со кои Макеоднија досега има одиграно многу пријателски натпревари. Квалификациите се предвидени да стартуваат во месец ноември, а претходно ќе се играат баражите. Истите ќе се играат до април, 2021 година. Првопласираните во групите заедно со шесте најдобри второпласирани…

Read More