Author: riste

Чилеанскиот играч за врска Артуро Видал преговара со Барселона за предвремено раскинување на договорот, кој истекува во летото 2021 година. Тој е дел од играчите кои не се во плановите на новиот тренер на каталонците Роналд Куман и веќе стапи во контакт со Интер, каде го бара тренерот Антонио Конте. Од Италија веќе е објавена информација од новнарот кој е специјалист за информации за трансфери, Џанлука Ди Марцио кој објави дека Интер постигнал договор со поранешниот играч за врска на Јувентус и дека сега само тој треба да се договори со Барселона околу раскинот на неговиот договор.

Read More

Раководството на аргентинскиот клуб Бока јуниорс објави соопштение на официјалната веб-страница во кое објави епидемија на коронавирус во тимот. Најнапред, бројот на позитивни случаи не беше пријавен, но потоа стана познато дека имаат 19 заразени. „Некои играчи се пожалија на симптоми слични на оние што ги имаат заразените со КОВИД-19. Ден по поплаките ги тестиравме и 19 играчи добија позитивни резултати. Наскоро ќе направиме дополнително тестирање“, се вели во соопштението на клубот. Интересно е тоа што од 18 до 26 август биле правени неколку тестирања на играчите на Бока Јуниорс и сите биле негативни, а пвите симптоми играчите ги почувствувале…

Read More

34-годишниот шпански офанзивен играч за врска Давид Силва , кој се пресели во Реал Сосиедад во овој преоден рок, ги процени изгледите на тимот за следната сезона. „Се надевам многу на играта што ќе ја демонстрира Реал Сосиедад. Мислам дека можеме да се бориме за второто место во Шпанското првенство. Имав среќа да освојам многу титули во мојата кариера и ќе се обидам да го повторам истото тука“, изјави Дејвид Силва. Силва се пресели во Реал Сосиедад од Манчестер Сити кон средината на август. Играчот за врска потпиша договор со шпанскиот клуб до 30 јуни 2022 година. Во сезоната 2019/20,…

Read More

Најдобриот фудбалер на Ерменија Хенрик Михтарјан нема да дојде во Скопје, но нема да се враќа во Лондон, откако синоќа официјално објави дека ставил потпис на договор со Рома. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмуд, откако не успеа да се докаже во редовите на Арсенал, минатата сезона ја помина на позајмица во Рома, каде ги задоволи со своите настапи и вчера римскиот гигант го откупи неговиот договор. „Среќен сум што ќе останам во Рим. Го засакав овој град и навивачите. Сакам да им се заблагодарам на сите во Арсенал, а пред сè на Венгер кој веруваше во мене. Сега пред…

Read More

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон славеше убедливо на трката за ГН на Белгија, седмата трка од годинашниот шампионат во Формула 1. Британецот стигна до петтиот триумф оваа сезона на патеката „Спа Франкошампс“, а 89-та во неговата кариера, што значи дека тој сега е само на две победи од целокупниот рекорд што го држи Михаел Шумахер. Второто место, со осум секунди заостанување, го зазеде Валтери Ботас, кој ја комплетираше двојната победа на Мерцедес. На двајцата на подиумот им се придружи Макс Верстапен од Ред Бул, кој за седум секунди заостана за д најдобриот. END OF RACE (LAP 44/44) Top 10 Hamilton…

Read More

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе имаше одличен настап на  втората трка на легендарната патека „Имола“ и дојде до подиум. Во втората трка од ТЦР-шампионатот во Италија, Стефановски заврши на третата позиција по интересна трка. Имаше жестоки дуели за секоја позиција, а Игор Стефановски – Иџе и успеа да го задржи местото кое му донесе подиум. Игор Стефановски успеа да дојде до она што не му успеа вчера, откако немаше среќа и излета од патеката на првата трка. За Иџе ова е втор подиум на патеката „Имола“, по онаа победа во 2016 година. Воедно за него ова се први бодови сезонава,…

Read More

Ирскиот дефанзивец од Вулверхемптон, Мет Доерти ќе ја продолжи кариерата во Тотенхем, според официјалната веб-страница на лондонскиот клуб. Фудбалерот потпиша договор до 2024 година и ќе игра за Спарси со број 2. Доерти (28) му се придружи на Вулверхемптон во јули 2010 година. Тој има одиграно над 300 натпревари за „Волците“ во сите натпреварувања. Мет се пласираше со оваа екипа од првата лига до премиерлигата. По враќањето на Вулверхемптон во Премиер лигата во 2018 година, Ирецот има одиграно 95 натпревари во сите натпреварувања, постигна 15 гола и 15 асистенции. Од 2018 година Доерти е повикан во репрезентацијата на Ирска. Тотенхем…

Read More

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со клубот за уште една сезона, односно останува во клубот и во сезоната 2020/21, објави италијанскиот клуб на Твитер. „Ибра се врати!“, Се вели во пораката. Според италијанските медиуми, договорот меѓу двете страни е на една година, а платата на Швеѓанецот ќе биде 6 милиони евра. 38-годишниот Швеѓанец дојде во Милан во јануари годинава. Минатата сезона тој имаше 20 настапи за тимот, постигна 11 голови и 5 асистенции.

Read More

Денес во Охрид беше одржана атлетската манифестација „Охрид трчат“ која традиционално се трча во нашиот најголем туристички центар. Дарио Ивановски и Билјана Кираџиева се победници на првата полумаратонска трка која се одржа во рамките на оваа манифестација. Во ова четврто издание на „Охрид трчат“ беше организирана и полумаратонска трка на 21 км. Во крајно неизвесна трка во машка конкуренција на крајот триумфираше еден од најдорите македонски атлетичари Дарио Ивановски со време од 1:16.23 часа, за само 12 секунди пред второпласираниот Александар Анчевски. На третото место заврши Милош Ранчиќ со време од 1:17.10 часа, пред Александар Кираџиев и Кокан Ајановски. Во…

Read More

Евертон и Наполи постигнаа договор за трансфер на Алан во клубот од Премиер лигата, пренесува „Sky Sport Italia“. Тренерот на Евертон Карло Анчелоти ќе плати 25 милиони евра за неговиот поранешен играч, а уште 3 милиони ќе бидат вклучени во договорот како клаузули, односно бонуси. Во меѓувреме, Евертон продолжува да преговара со Реал Мадрид за Хамес Родригез, кој исто така е меѓу фаворитите на италијанскиот тренер. Тој ќе пристигне во „карамелите“ со позајмица за една сезона. Колумбискиот играч за врска се очекува да биде подложен на лекарски прегледи следната недела.

Read More