Францускиот централен дефанзивец Маланг Сар е уште едно ново име во екипата на Челзи. Трансферот официјално го потврди лондонскиот клуб. Сар (21) пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ како слободен агент откако му истекол договорот со Ница. Договорот со неговиот нов тим е на пет години, а Сар ќе ја помине сезоната 2020/21 на позајмица во друг тим. Маланг Сар е дел од школата на Ница уште од 5 години, а на 17-годишна возраст го направи своето деби за првиот тим, од тогаш има одиграно 102 натпревари за тимот од Азурниот брег. Од почетокот на трансфер периодот Челзи се засили со Хаким…
Author: riste
Поради настапите на нашите екипи во квалификациите за Лига Европа, натпреварите од 4.коло во ПМФЛ ќе се ииграат во сабота, недела и понеделник. Два натпревари ќе се играат во понеделник, три ќе се играат во сабота, додека еден меч во недела. Што се однесува до второлигашките натпревари, сите се играат во недела, освен Тетекс и Брегалница кои своите мечеви ќе ги играат во сабота, Брегалница против Плачковица ќе игра во вечерен термин од 19 часот. ПМФЛ, 4 коло Сабота (29.08.2020): Академија Пандев – Струга ТЛ Работнички – Вардар Македонија ЃП – Беласица Недела (30.08.2020): Шкупи – Пелистер Понеделник (31.08.2020): Шкендија –…
Најновите тестови на играчите на Валенсија за КОВИД-19 покажаа дека еден од играчите на предсезонските подготовки со главниот тим е позистивен. Тој беше ставен во карантин и изолиран од соиграчите, како и од неговиот круг блиски контакти, според официјалната веб-страница на клубот. Идентитетот на фудбалерот кој имал позитивен тест не е откриено. Во согласност со протоколите од Ла Лига, тимот ќе продолжи со тренинзи како и обично. Валенсија ќе ги одржи закажани тренинзи и пријателски натпревари. На 28 август, Валенсија ќе игра против Виљареал, а следниот ден ќе се соочи со Леванте. Почетокот на сезоната во Ла Лига е закажана…
Милан го продолжи договорот со напаѓачот Златан Ибрахимовиќ до 2021 година, објавија одредени италијански новинари на своите профили на Твитер . Според истите информации, Ибрахимовиќ ќе добие 6 милиони евра, пчус бонус од 500.000 евра и иста сума доколку Милан се квалификува во Лигата на шампиони. Ибрахимовиќ му се приклучи на италијанскиот клуб во јануари 2020 година од Лос Анџелес Галакси со слободен трансфер. Минатата сезона Швеѓанецот одигра 18 натпревари за италијанскиот клуб и постигна 10 гола. Ибрахимовиќ играше за Милан од 2010 до 2012 година, а во 2011 година стана шампион на Италија и го освои Суперкупот на оваа…
Италијанските гиганти Јувентус и Интер започнаа битка за потписот на уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани, објави новинарот Џанлука Ди Марцио. Новиот тренер на Јувентус Андреа Пирло бара одличен централен напаѓач по разделбата со Гонзало Игуаин и смета дека Кавани е совршена опција. Сепак, шампионот има сериозен конкурент во својот голем ривал од Милана, кој исто така започна преговори со 33-годишниот играч. Кавани е слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ. Минатата сезона напаѓачот одигра 22 натпревари за тимот од Париз и постигна седум гола и три асистенции. Долго во текота на ова лето тој преговараше со неколку екипи, а најблиску…
Од Барселона ќе си замине и хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ. Каталонскиот весник „Спорт“ објави дека Тотенхем, Интер, Фенербахче, но и поранешниот клуб на Ракитиќ, Севиља се заинтересирани за неговиот потпис. Договорот на Ракитиќ со Барселона истекува следното лето, но од Барселона сакаат да се ослободат од неговата плата која изнесува околу 8 милиони евра, а трансферот не би чинел повеќе од 10 милиони евра. Еден од проблемите за преселба во Севиља може да биде тоа што од Барселона бараат да во договорот биде вклучено и купување на некој од играчите на оваа екипа, како што се Жил Кунде, Диего Карлос…
Голманот на Милан, Пепе Реина пристигна во Рим на лекарски преглед за да се пресели во екипата на Лацио. Двете страни се согласиле за трансферот, а шпанскиот голман мораше да ги исполни сите потребни формалности. Медицинските тестови, потпишувањето на договор и средбата со новинарите се закажани за денес, пренесува официјалната веб-страница на новинарот Џанлука Ди Марцио. На почетокот на сезоната 2019/2020, Реина влезе на теренот само три пати како голман на Милан, прими три гола и доби црвен картон. Голманот ја загуби конкуренцијата со Џанлуиџи Донарума и се пресели на позајмица во Астон Вила. За оваа екипа, голманот одигра 12…
Џејми Варди останува во екипата на Лестер Сити, објави „Скај Спортс“. Напаѓачот на Лестер се договорил со раководството на клубот за зголемување на платата и за продолжување на соработката до 2023 година. Варди минатата сеозна постигна 23 гола во Премиерлигата на 35 одиграни натпревари за екипата на Лестер и беше сосема логичен овој потег на управата на клубот за продолжување на соработката со својот најдобар играч во нападот. Варди е во Лестер Сити од 2012 година и досега има одиграно 274 натпревари и постинато 123 гола за екипата од „Кунг Пауер“.
Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло зборуваше за тоа каков фудбал сака да игра неговата екипа. На својата дебитанска прес-конференција одржана вчера (25 август), 41-годишниот поранешен фудбалер воодушевено зборуваше за составот на Јувентус во кој играше од 2011 до 2014 година под водство на Антонио Конте , кој сега го предводи Интер. „Сакам мојот Јувентус да биде сличен на екипите на Антонио Конте за кои играв. Се надевам дека можеме да постигнеме исто ниво на игра и кохезија како во тие денови. Но, главната работа што би сакал да ја вратам е принципите во работата, самопожртвуваноста и играчите да се…
Англискиот тим Евертон има намера да го ангажира 29-годишен напаѓач од Реал Мадрид, Хамес Родригез , информира „Телеграф“. Според изворот, потпишувањето на Колумбиецот би бил значаен успех за Евертон, бидејќи Хамес Родригез би сакал повторно да работи со Карло Анчелоти , под чие водство играше успешно во Реал Мадрид, а беше позајмен и во Баерн Минхен. Анчелоти исто така се обиде да го потпише Родригез кога беше менаџер на Наполи, а сега тој сè уште се залага за договор, сакајќи да работи со овој играч на Реал Мадрид 29-годишниот играч има уште една година од договорот со Реал Мадрид, а…
