Изминатите денови управата на Милан се сретнала со агентот на Анте Ребиќ, а целта на средбата била да се договорат за неговиот престој во клубот со постојан договор. Минатото лето, хрватскиот репрезентативец пристигна на позајмица за две години од Ајнтрахт (Франкфурт). Во својата прва сезона на „Сан Сиро“, Ребиќ постигна 12 голови на 30 натпревари. Двата клуба исто така мора да се договорат за висината на трансферот. За напаѓачот е заинтересиран и тимот на Фиорентина. Тој беше во сопственост на „виолетовите“ во периодот 2013-2018 година, но тогаш тие го продадоа во Ајнтрахт за само 2 милиони евра. Фудбалерот беше дел…
Author: riste
Тренерот на Динамо Киев, Мирчеа Луческу, стана првиот тренер што го освои Суперкупот на Украина со два различни тима. Романскиот стручњак го освои трофејот на чело на Динамо Киев и Шахтјор Доњецк. Динамо Киев извојуваше победа од 3:1 над Шахтјор Доњецк во натпреварот од Суперкупот на Украина. Да потсетиме дека Динамо Киев е главен ривал на Шахтјор. Луческу го предводеше тимот од Доњецк 12 години, од 2004 до 2016 година. Под негово водство, оваа екипа стана осум пати шампион на Украина, осум пати го освои Купот и Супер купот на земјата, а исто така го освои Купот на УЕФА. Во…
Откако вчера беше потврдено дека капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов е позитивен на коронавирус, сите останати ракометари и стручниот штаб направија тестови. Доцна синоќа стигнаа и резултатите кои се покажаа како негативни, па од денес ќе се продолжи со редовни тренинзи пред реванш четвртфиналниот двобој од СЕХА против Нексе Нашице. В петок ќе бидат направени нови тестови на коронавирус, што е дел од протоколот пред да се одигра натпреварот од СЕХА лига. Натпреварот меѓу Вардар и Нексе ќе се игра в сабота од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“, без присуство на публика, а нашиот и актуелен СЕХА шампион има…
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го отстрани дефанзивецот Хари Мегуаер од националниот тим за натпреварите во Лигата на нации против Исланд и Данска, кои ќе се одиграат на 5 и 8 септември, пренесува „Sky Sports“. Неговата одлука беше под влијание наинцидентот на капитенот на Манчестер Јунајтед надвор од теренот. Му беше изречена условна казна во Грција од 21 месец и 10 дена затвор за вмешаност во тепачка на островот Миконос. Фудбалерот се спротивстави на полицијата, како резултат на што беше приведен. Тој беше прогласен за виновен за обид за поткуп на полицајците. Мегуаер се врати во Англија, а за казната…
Каи Хавертц ќе биде играч на Челзи за неколку дена. Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо, управата на Баер (Леверкузен) ја прифати последната понуда на англискиот клуб, која беше испратена пред три дена. Таа изнесува 80 милиони евра плус 20 милиони во форма на бонуси. Вчера „фармацевтите“ ги известиле своите колеги, како и самиот играч, дека понудата ќе биде прифатена. Самиот Хавертц веќе ги договори личните услови со Челзи, а неговиот договор ќе биде на 5 години. Според Романо, двата клуба веќе ја подготвуваат документацијата и договорот треба да биде финализиран наскоро. Минатата недела беше објавено дека раководството на Баер му…
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи е оптимист за иднината на клубот по разочарувањето во финалето во Лигата на шампионите. Францускиот тим за прв пат стигна до можноста да се бори за титулата, но загуби со 0:1 од Баерн (Минхен). Така, ПСЖ не успеа да ја исполни својат голема цел овие неколку години. „Тажни сме, но не смееме да заборавиме што постигнавме оваа сезона. Загубивме 0:1 во финалето, но можевме да постигнеме два или три гола”, рече Ал-Хелаифи. „Бевме многу блиску. Јас сум многу горд на моите играчи. Имавме одлична сезона. Одигравме одличен турнир. Имавме шанси да победиме, но тоа е…
Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара ќе остане на „Алијанц арената“. Ова го изјави тренерот на Баварците, Ханзи Флик, по победата од 1:0 над ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите. „Дали ова беше неговиот последен натпревар за тимот? Не, тој ми рече дека останува“, изјави Флик по натпреварот. Договорот на Тиаго Алкантара е до 2021 година, но се очекува да биде обновен. Неговото име се поврзуваше со преселба во Ливерпул и Манчестер Сити, каде менаџер е Пеп Гвардиола. Токму тој му го даде патот до големиот фудбал, откако му даде шанса во Барселона, а потоа го…
Радоста на фудбалерот на Баерн Минхен и најдобар стрелец Роберт Левандовски по освојувањето на титулата беше голема. Сите играчи на Баерн имаа можност синоќа да се фотографираат со пехарот, но само еден ја имаше таа чест да „спие“ со престижниот трофеј. Полскиот голгетер Роберт Левандовски сигурно најубаво спиеше по синоќешната голема победа над ПСЖ, затоа што „партнер“ во креветот му беше токму пехарот од Лигата на шампионите. Левандовски се пофали со тоа преку фотографија која ја објави на социјалните мрежи со што го овековечи моментот кој сигурно ќе го памети цел живот. Напаѓачот на Баерн оваа сезона постигна 15 голa во Лигата на…
На освојувањето на шампионста титула на Баерн Минхен во Лигата на шампионите синоќа се радуваа и во Ливерпул, а причината е бизарна. Германскиот гигант во Лисабон со минимални 1:0 успеа да го совлада францускиот шампион ПСЖ и по шестти пат го подигна престижниот трофеј. Оваа победа на Баерн беше добра и за англискиот шампион, затоа што на сметката на Ливерпул ќе легнат 5 милиони евра. Ливерпул пред неколку сезони го продаде Филипе Кутињо за сума од 160 милиони во Барселона, а во тој договор стои клаузула дека каталонците се обврзуваат да исплатат дополнителни пет милиони евра, доколку Бразилецот ја освои…
Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик влезе на листата на тренери кои имаат освоено три титули со својата екипа во една сезона. Познатата „триплета“ Флик оваа сезона ја освои предводејќи го тимот на Баерн Минхен до титула во Бундеслигата, Купот на Германија и синоќа во Лигата на шампионите. Флик од вчера е во друштво на Луис Енрике (Барселона, 2015), Јуп Хејнкес (Баерн Минхен, 2013), Жозе Мурињо (Интер, 2010), Пеп Гвардиола (Барселона, 2009) и Сер Алекс Фергусон (Манчестер Јунајтед, 1999).
