Екипата на Веспрем и официјално е третиот учесник на завршниот турнир во СЕХА лигата, откако по службен пат ја доби четвртфиналната пресметка со Војводина. Српскиот шампион требаше да патува во Веспрем, на реванш-средбата од четврфиналната фаза, но поради новите мерки кои се воведени во Србија, тие го откажа гостувањето и кај унгсрскиот гигант, па според тоа Веспрем сега ќе им се приклучи на Мешков Брест и ППД Загреб кој веќе обезбедија пласман на Ф4 турнирот во Задар. Овој натпревар требаше да биде само формалност поради резултатот од првата средба и разликата во квалитет, но сепак корона кризата го направи своето. Последниот…
Author: riste
Голгетерот на Интер, Ромелу Лукаку, го изедначи достигнувањето на бразилската легенда Роналдо. Со својот гол на синоќешното финале против Севиља во Лига Европа, актуелниот напаѓач ја заврши својата деби-сезона за Интер со постигнати 34 гола, исто колку што имаше Роналдо во 1997/98 година. Тие се единствените играчи кои постигнале толку многу голови во својата прва сезона во клубот. Лукаку го постигна овој број на вкупно 51 натпревар во сите натпреварувања. Тој постигна најмногу голови во Серија А – 23. Во Лигата на Европа постигна 7 голап, а пред тоа беше прецизен во 2 случаи во Лигата на шампионите. Неговите други…
Играчот од средниот ред на Севиља Евер Банега се раздели со клубот на најдобар начин – со трофеј освоен по победата над Интер со 3:2 во финалето на Лигата на Европа. „Кога намалив соинтензитетот на тренинзи, тренерот Јулен Лопетеги практично ми покажа дека ништо не се постигнува без напорна работа. Благодарение на него, ги наполнив батериите. Сега ќе славиме, овој трофеј е за целиот град. Го напуштам клубот на мојот живот, но јас сум среќен. Им благодарам на моите колеги што заедно успеавме да го оствариме овој сон“, изјави Банега. Напаѓачот на Севиља Мунир Ел-Хадади го прослави успехот на интересен…
По една година мината во Француската Лига 1, односно во дресот на Ним, Влатко Стојановски ќе има нов предизвик во својата кариера. Македонскиот репрезентативец од денес се сели во второлигашот Шамбли. Младиот напаѓач, кој минатото лето додје во Ним од Ренова, во новиот клуб ќе игра како позајмен фудбалер на Ним. Позајмицата ја потврди и екипата на Шамбли, а со истата клубот нема право на целосен откуп, што значи дека нашиот фудбалер по крајот на сезоната ќе се врати во Ним. Стојановски во минатата сезона во Франција каде не се доигра првенството поради корона-кризата имаше споредна улога во редовите на Ним. Настапи на…
Новото засилување на Арсенал Вилијан, кој беше привлечен со бесплатен трансфер од Челзи, рече дека менаџерот на „топџиите“ Микел Артета го убедил дека има план како тимот од Северен Лондон може ја освои Лигата на шампионите во следните три години. 32-годишниот Бразилец, кој потпиша за ваков период, никогаш не ја освоил оваа титула, а истото важи и за Арсенал. „Една од причините што сакав тригодишен договор е да бидам дел од планот, не само да бидам играч што минува овде. Кога разговарав со менаџерот, тој ми рече дека му требаат три години. Прво сакаме да се вратиме во Лигата на…
Фудбалерот на Интер, Алексис Санчез е подготвен да учествува во финалето на Лига Европа против Севиља, пренесува „Фудбал Италија“, повикувајќи се на „Скај Спорт Италија“. Изворот се повикува на зборовите на тренерот на Интер, Антонио Конте. Според инромацијата, чилеанскиот репрезентативец целосно се опорави од повредата на задниот дел на бутот. Да потсетиме дека Санчез се повреди во четвртфиналниот натпревар со Баер Леверкузен беше принуден да го пропушти полуфиналето. Исто така, се соопштува дека Санчез најверојатно ќе го биде на клупата за резервни играчи и ќе чека шанса за настап на мечот со Севиља. Финалниот натпревар на на Лига Европа се…
Барселона сака да потпише долгорочен договор со играчот од средниот ред на Ајакс, Дони ван де Бек, објавија одредени медиуми во Шпанија. Според истиот извор, каталонскиот клуб му нуди на фудбалерот шестгодишен договор. Исто така, се напоменува дека Реал Мадрид имал опција да го купи Дени ван де Бек, но дека рокот истекол на 30 јуни. Роналд Куман кој го замени Кике Сетиен на тренерската позиција во Барселона прави планови за освежување на екипата. Ван де Бек (23) потекнува од школата на Ајакс. Минатата сезона играчот од средниот ред учествуваше на 23 натпревари од првенството во Холандија (22 – во…
На денот на последниот натпревар од Лигата на шампиони меѓу ПСЖ и Баерн Минхен во центарот на Марсеј, ќе биде забрането носење на било какви предмети (дрес, шал и слично) на клубот од Париз, пренесува „Ле Паризиен“. Оваа одлука беше донесена од градските власти за одржување на редот. Ова се должи на непријателските односи меѓу навивачите на Олимпик Марсеј и ПСЖ. Финалето ќе се одигра на 23 август во Лисабон, а парижаните ќе имаат можност за прв пат да го освојат овој трофеј. Без разлика што се работи за клуб од нивната земја, навивачите на Олимпик Марсеј не се многу…
Екипите на Севиља и Интер ќе се сретнат вечерва со почеток во 21.00 часот на стадионот „Рајн Енерџи“ во Келн во последниот дуел од сезоната во Лигата на Европа. Андалузијците ги прогласија за „Господар на Лига Европа“ откако пет пати ја освоија титулата, последен пат во 2016 година. Севиља го освои секое финале во кое учествуваше и ќе се обиде вечерва да ја задржи традицијата. Од своја страна, Интер има три трофеи од Купот на УЕФА, претходник на Лигата на Европа, но сите се од 90-тите години на минатиот век. Интересно е тоа што и покрај големата историја која ја…
Баерн Минхен ќе добие над 120 милиони евра по нивниот настап во Лигата на шампионите. Ова е најголемата сума во историјата на ова натпреварување. Приходот на Баерн, кој стигна до финалето, се состои од следниве компоненти: 15,25 милиони евра за пласман во групната фаза, 16,2 милиони евра за шест победи во групната фаза, 9,5 милиони евра за пласман во 1/8 финалето, 10,5 милиони евра за пласман во четвртфиналето и 15 милиони евра за пласман во финалето. Доколку екипата на Ханзи Флик победи во решавачкиот натпревар на турнирот, тие ќе заработат уште 4 милиони и 3,5 милиони евра за влез во…
