Author: riste

Од екипата на Барселона и официјално го потврдија назначувањето на Роналд Куман за нов тренер на тимот од „Камп Ноу“. На официјалната веб страна на клубот беше објавено дека Куман ќе го предводи првиот тим на Барселона до 30 јуни 2022 година. Исто така од клубот најавуваат дека денес во 18 часот ќе биде официјалното преставување на тренерот Роналд Куман кое треба да се случи во просториите на клубот на „Камп Ноу“. Куман досега беше селектор на репрезентацијата на Холандија, а поради прекинувањето на соработката Барселона ќе треба да исплати околу 5 милиони евра на фудбалската федерација на Холандија.

Read More

Баерн (Минхен) вечерва треба да биде апсолутен фаворит против Олимпик Лион во второто полуфинале од Лигата на шампионите. Она што го покажаа Баварците против Барселона во убедливата победа од 8:2 ги натера повеќето експерти однапред да го прогласат за сигурен победник на турнирот, но со ова нема да се сложат фудбалерите на Руди Гарсија, кои ги елиминираа Јувентус и Манчестер Сити од трката за трофејот во ЛШ. Ова не е првпат Баерн и Лион да се сретнат во полуфиналето од ЛШ. Во 2010 година, Баварците поминаа со вкупен резултат 4:0, но потоа загубија од Интер. Вкупно овие два тима имаат…

Read More

Ѕвездата на ПСЖ Нејмар можеби нема да игра во финалето на Лигата на шампионите, пренесува „The Sun“. Причината не е повреда, туку глупав потег на Бразилецот, кој се заканува дека ќе му го одземе учеството на последниот натпревар во Лигата на шампионите. По завршувањето на полуфиналето против РБ Лајпциг (3:0) Нејмар го размени дресот со дефанзивецот на германскиот тим Марсел Халстенберг. Ова е повреда на протоколот усвоен од УЕФА за одржување натпревари на европски клупски турнири. Протоколот го дефинира опсегот на постапките за хигиена и хигиена, како и постапката за тестирање на КОВИД-19. Во записникот се наведува експлицитно дека играчите…

Read More

ПСЖ се пласираше во финалето на Лигата на шампионите повеќе од заслужено, откако го совлада РБ Лајпциг со 3:0. Парижаните постигнаа гол на својот 34 последователен натпревар во Лигата на шампионите и со тоа го изедначија рекордот на Реал Мадрид, кој исто така има серија од 34 натпревари во Лигата на шампионите со најмалку еден постигнат гол помеѓу 2011 и 2014 година. За последен пат ПСЖ не постигна гол на натпревар во најпрестижното клупско натпреварување во април 2016 година, кога загубија со 0:1 од Манчестер Сити. Статистичарите објавија уште еден интересен факт. ПСЖ е веќе тимот на кој му требаа…

Read More

Предводникот на ПСЖ, Томас Тухел не штедеше зборови за да ги пофали неговите фудбалери по чистата победа над РБ Лајпциг со 3:0 во првото полуфинале од Лигата на шампионите. Францускиот тим целосно доминираше во мечот и заслужено дојде до дуелот за највредната клупска награда. По натпреварот, Тухел истакна дека е многу задоволен од настапот во дефанзива. „Не се смирив ниту една секунда, но најважно беше начинот на кој се браневме. Покажавме одлична комбинација на решителност, дух и техника“, рече германскиот стручњак. „Останавме верни на нашиот стил. Се обидовме да не дозволиме на противникот да игра во контранапад. Покрај тоа, ја…

Read More

Тренерот РБ Лајпциг Jулијан Нагелсман беше тажен по елиминацијата на својот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите, но ја призна супериорноста на ПСЖ. Францускиот гигант победи со 3:0 и за прв пат во својата историја ќе игра во финалето во најпрестижното клупско натпреварување. Нагелсман, од друга страна, не можеше да го подобри рекордот на Дидиер Дешамп за најмладиот тренер кој стигнал до финалето во Лигата на шампионите. „Парижаните го заслужија своето место во финалето. Во првите 10-12 минути игравме нешто што не е нашата игра. Имаше добри моменти. По вториот гол беше многу тешко да се вратиме на натпреварот…

Read More

Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу потврди дека нов тренер на тимот ќе биде Роналд Коман. Официјалното назначување на Холанѓанецот сè уште не е објавено, но сепак е само формалност. „Сите медиуми пишуваат за тоа. Ако работите одат онака како што сакаме, Куман ќе го предводи тимот и ќе го објавиме тоа. Ние се одлучивме за него затоа што многу добро го познаваме”, призна Бартомеу. Барса ќе мора да плати помеѓу 4 и 5 милиони евра на Холандската фудбалска федерација како компензација за раскинување на договорот на Куман како селектор. Според некои извори, токму ова е причината што поранешниот дефанзивец на…

Read More

Финалето во Лигата на Европа кое треба да се игра во петок, а во него ќе се сретнат екипите на Севиља и Интер, ги доби официјалните лица. Финалната средба ќе се одигра на стадионот „Рајн Енерџи Стадиум“ во Келн, а ќе ја суди главниот судија Дени Маккели, додека ќе му помагаат Дикс и Стигстра, а четврти судија ќе биде Сидиропулус. За Маккели ова ќе биде најважен натпревар во кариерата на кој судел, а оваа сезона ја делеше правдата на шест мечеви во Лигата на шампионите, како и еднаш во Лигата на Европа. На Интер му судеше во групната фаза со…

Read More

Екипата на ПСЖ славеше во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите со 3:0 против екипата на РБ Лајпциг и со тоа обезбеди пласман во големото финале. Тимот на ПСЖ дојде до водство во 13.минута преку Маркињос кој го искористи добриот центаршут на Анхел Ди Мартија и му донесе водство на својот тим. Вториот гол беше дело на Ди Мариа по една грешка на голманот ан РБ Лајпциг во 42.минута. Во вториот дел Лајпциг се обиде да направи притисок , но ПСЖ не дозволи да постигне гол противникот, а од друга страна преку Бернат зголемија на 3:0 во 56.минута што…

Read More

Само 90 минути траеше настапот на Силекс во натпреварите од квалификациите за Лигата на шампионите. Кратовскиот тим убедливо е поразен во Баку, а Карабах оди во следното коло. Кратовци одиграа лош натпревар, со само две шанси што беше недоволно да се дојде до нешто повеќе од пораз на ова гостување. Со ова заврши сонот на избраниците на тренерот Горан Симов кој најавуваше и сензација на ова гостување. Одбраната на Силекс издржа само 11. минути кога Ромеро беше проигран од Озобиќ, и го донесе својот тим во водство од 1:0. Во 40. минута домашната екипа дојде до водство од 2:0 по…

Read More