Author: riste

Раководството на Лацио преговара со играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Хамес Родригез, пренесува „Газета дело Спорт“. Според изворот, римскиот клуб се вратил на опцијата со 29-годишниот Колумбиец, откако не успеа договорот со Давид Силва. Поранешниот играч на Манчестер Сити избра да ја продолжи кариерата во Реал Сосиедад. Во сезоната 2019/20, Хамес Родригез одигра 14 натпревари за Реал Мадрид, постигнувајќи 1 гол и 2 асистенции. Според „Transfermarkt.com“ играчот од средниот ред се проценува  на 32 милиони евра.

Read More

Изминатите недели италијанските медиуми го најавуваа, а веќе по завршувањето на тековната сезона, дојде и до реализација на оваа најава. Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас и официјално го продолжил договорот со клубот од Неапол. Во кусата вест која клубот ја објави, се вели дека Елиф Елмас заедно со Џовани Ди Лоренцо и Марио Руи ги продолжиле договорите со Наполи до 2025 година. Ова само ја потврди важноста на Елиф Елмас за Наполи и размислувањето на сегашмото раководство на Наполи за иднината на клубот во која го гледаат нашиот репрезентативец.

Read More

Клаудио Браво го напушти Манчестер Сити откако му истече договорот со „граѓаните“. Чилеанецот, кој моментно има 37 години, беше привлечен во 2016 година од Барселона за 15,4 милиони фунти. Пеп Гвардиола сакаше Браво да го замени Џо Харт како број 1, но Чилеанецот имаше прилично неубедлива дебитантска сезона на „Етихад“ и во летото 2017 година клубот го привлече Едерсон, кој го зазеде почетното место на голот на „граѓаните“. Клаудио Браво одигра 61 натпревар во дресот на Манчестер Сити, во кои имаше 20 сувио мрежи. Повеќе од половина од неговите натпревари беа во куп натпреварите на Манчестер Сити.

Read More

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген денес имал успешна операција на десното колено, соопшти каталонскиот клуб. Германскиот голман ќе биде надвор од теренот околу два и пол месеци, според првите информации од „Камп Ноу“. Ова значи дека Барселона ќе треба да игра без него до ноември, а новата сезона во Ла Лига започнува кон средината на септември. Во текот на целата сезона, Германецот беше загрижен за болката во коленото и беше решено да се изврши неопходната интервенција по крајот на сезоната.

Read More

Селекторот на Холандија, Роналд Коман, призна дека преговара со Барселона и дека би бил среќен да стане тренер на каталонскиот тим. „Да, би сакал да ја водам Барса, но нема ништо конечно. Потписите сè уште не се ставени. Дотогаш, не можам да кажам ништо од почит“, беше кратката изјава на Куман за шпанските медиуми. Куман е во Цајст, базата на националниот тим на Холандија и преговара за раскинување на неговиот договор. Во Холандија и Шпанија, нема сомнение дека поранешниот дефанзивец ќе биде новиот тренер на Барселона. 57-годишниот Куман помина шест сезони на „Камп Ноу“ во својата кариера и токму неговиот…

Read More

Раководството на Барселона очекувано го ослободи спортскиот директор Ерик Абидал. Од страна на медиумите во Каталонија денес беше објавена информацијата дека клубот му дал отказ на својот спортски директор. Французинот беше на оваа позиција од 2018 година. Во минатата сезона, тој влезе во судир со играчите заради некои од неговите барања. Неговите решенија за трансфер, исто така, беа сериозно критикувани. Поранешниот дефанзивец на Барселона заминува преку задниот влез, а кој ќе го замени сеуште не е познато. Ова е втора одлука на Управниот одбор во последните 24 часа по разрешувањето на тренерот Кике Сетиен.

Read More

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста им порача на своите пријатели дека следна негова фудбалска дестинација е Милано. Ова се случи по испаѓањето на Атлетико Мадрид од Лигата на шампионите. Неговиот договор со клубот истекува следното лето. Сепак, не е јасно во која екипа од Милано, Милан или Интер. Се верува дека „росонерите“ бараат напаѓач кој ќе биде резерва на Златан Ибрахимовиќ. На Интер ќе му треба нов играч на оваа позиција во случај да го продадат Лаутаро Мартинез. Поранешниот шпански интернационалец веќе играше под водство на Антонио Конте, додека беа дел од екипата на Челзи. Сепак, играчот имаше доста…

Read More

Голманот на ПСЖ, Кејлор Навас, ќе го пропушти натпреварот со германскиот РБ Лајпциг од полуфиналето на Лигата на шампионите, јавува „Марка“. Голманот на францускиот тим има истегнување на десниот бутен мускул. Повредата ја заработи за време на натпреварот со Аталанта, кој го доби неговата екипа со 2:1. Поради ова, Навас мораше да го напушти теренот и беше заменет со Серхио Рико. Голманот има 34 натпревари за ПСЖ оваа сезона, во кои прими 25 гола. Натпреварот меѓу ПСЖ и РБ Лајпциг се игра утре (вторник) со почеток во 21 часот во Лисабон.

Read More

Најдобриот фудбалер на Македонија, Горан Пандев уште еднаш докажа дека годините за него се само бројка, откако на 37 години одигра нова фантастична сезона и беше еден од клучните играчи на својата екипа Џенова во борбата за опстанок во Серија А. Џенова во последното коло успеа да победи и со тоа да остане во Серија А,  а Горан Пандев сезоната ја заврши со девет погодоци, што е негов најдобар скор по единаесет години. Македонскиот репрезентативен капитен со тоа беше најефикасниот играч на својата екипа оваа сезона, но исто така имаше неколку асистенции. Токму поради тоа може да се каже повеќе од заслужено е избран…

Read More

Севиља успеа да победи во полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа со Манчестер Јунајтед, што се одогра вчера во Келн на стадионот Рајн-Енерџи (2:1). Непобедливата серија на шпанскиот тим се зголеми на 20 натпревари. Така, Севиља го подобри клупскиот рекорд според овој индикатор. Претходното достигнување – 19 средби без пораз беше на 11 август по победничкиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на Европа со Вулверхемптон (1:0). Последен пат Севиља загуби на гостувањето кај Селта Виго во Ла Лига на 9.февруари. Во финалето на Лигата на Европа, Севиља ќе се соочи со победникот на дуелот меѓу Интер и Шахтјор Доњецк, што…

Read More