Author: riste

Поранешниот напаѓач на Наполи, Хозе Каљехон е близу до враќање во Шпанија. Според „Калчомеркато“, Бетис и Севиља се заинтересирани за 33-годишниот Шпански напаѓачот кој стана слободен агент на крајот на сезоната 2019/20, откако заврши неговиот договор со Наполи и ќе се врати во Шпанија. Во последната сезона, Каљехон одигра 45 натпревари за Наполи, во кои постигна 4 гола и 10 асистенции.

Read More

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, најверојатно ќе биде отпуштен веќе во понеделник. Според каталонското радио RAC1, претседателот на Каталонците Бартомеу свика итен состанок на управниот одбор на првиот ден од следната недела. Бартомеу ја разгледува можноста за одржување предвремени претседателски избори. Во принцип, тие треба да се случат следната година, кога истекува мандатот на сегашниот претседател, кој ја презеде функцијата во 2014 година. На оваа тема ќе се дискутира и на вонредниот состанок во понеделник. Најавено е дека заедно со Кике Сетијен отказ ќе добие и спортскиот директор Ерик Абидал.

Read More

Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик не ја криеше радоста по пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите, откако неговиот тим ја совлада Барселона со 8:2. Тој откри како дојде неговата екипа до оваа неверојатна победа и го истакна настапот на Томас Милер. „Знаевме дека ако го ставиме противникот под притисок, шансите ќе дојдат. Има многу врвни играчи во нашата екипа кои одговорија на задачите. Сега мора да ги наполниме батериите и да се фокусираме на следниот натпревар, кој ќе започне од 0:0″, рече Флик. „Томас Милер беше заслужено избран за играч на натпреварот. Тој го даваше тонот во нашата…

Read More

Лондонски Арсенал и официјално преку социјалните мрежи му посака добредојде на својот нов фудбалер, Бразилецот Вилијан кој од Челзи се сели во Арсенал. Вилијан го заврши својот договор со „сините“ , но не потпиша нов договор и одлучи да го смени клубот, но не и градот. Останува во Лондон, но овој пат во „црвено-белиот“ дел на овој град. „Нов клуб, нови бои, нови почетоци – Добредојде во Арсенал, Вилијан ! “ Со оваа порака од Арсенал му посакаа добредојде на својот нов фудбалер кој според одредени извори во Англија ќе добива по 220.000 фунти неделна плата во својот нов клуб.

Read More

Бразилскиот напаѓач во редовите на Шахтјор Доњецк, Таисон може да се пресели во Аталанта, пренесува „Газета дело Спорт“. 32-годишниот напаѓач е една од трансферните цели на екипата од Бергамо и покрај неговата возраст. Таисон, кој се истакна во четвртфиналниот натпревар во Лигата на Европа со швајцарскиот Базел (4:1), постави нов рекорд, се запиша во листата на стрелци во седмата сезона во Лигата на Европа. Претходно, тројца играчи успеаја да постигнат гол во шест сезони на ова натпреварување, станува збор за францускиот напаѓач Александар Лаказет, кој сега игра за Арсенал, Холанѓанецот Ленс (сега игра за Бешикташ) и напаѓачот на Краснодар и…

Read More

Манчестер Сити го направи првиот чекор кон стекнување на правата за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали . Според новинарот Палмери и објавата на неговиот „Твитер“, „граѓаните“ направиле понуда за 29-годишниот фудбалер во износ од 63 милиони евра. Италијанскиот клуб е подготвен да се раздели со Калиду Кулибалиа, но веројатно ќе бара неколку милиони повеќе. Претходно беше објавено за интересот за Кулибали од Манчестер Јунајтед, Ливерпул, ПСЖ и други клубови. Калиду игра за Наполи уште од 2014 година. Во сезоната 2019/2020 дефанзивецот учествуваше на 25 натпревари од италијанската Серија А. Екипата од Неапол заврши на седмото место на табелата, не успевајќи…

Read More

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон ја доби наградата за најдобар играч на Ливерпул во шампионската сезона, која навивачите на тимот ја чекаа 30 години. Играчот од средниот ред ги престигна Садио Мане и Трент Александар-Арнолд. Англискиот репрезентативец има одиграно 40 натпревари за тимот на Јирген Клоп во сите натпреварувања во последната сезона, постигнувајќи четири гола и пет асистенции. Минатиот месец, Хендерсон ја освои првата од серијата индивидуални награди, откако беше избран за Број 1 од Здружението на фудбалски новинари. Капитенот на „црвените“ е исто така меѓу номинираните за најдобар фудбалер на Премиерлигата, и многу веројатно ќе ја освои оваа награда.…

Read More

Поранешниот играч на Барселона Хавиер Маскерано не се согласува со фаворизирањето на Баерн (Минхен) пред дуелот меѓу двете екипи од 1/4 финалето на Лигата на шампионите. „Баерн не е толку фаворит како што велат сите. Баерн има многу добар тим и неговите играчи се многу моќни, но во еден натпревар може да се случи се. Сигурен сум дека Барселона ќе биде подобра и ќе оди понатаму “, изјави Маскерано. „Барселона ќе треба да го контролира натпреварот бидејќи секогаш им беше тешко да се одбранат во близина на нивниот казнен простор. Поединците играат важна улога во контролата на играта. Со играчи…

Read More

Францускиот тим Олимпик Лион веројатно ќе побара од УЕФА да ги смени назначените судии за четвртфиналниот натпревар во Лигата на шампионите против англискиот Манчестер Сити, пренесуваат светските агенции. Судиите од Холандија, предводени од Дани Мекеели, се избрани за овој натпреварот, кој ќе се одигра утре (недела) 15 август. Французите сметаат дека овие судии може да бидат пристрасни, затоа што во случај на испаѓање на Олимпик Лион и освојување на трофејот од Манчестер Сити, францускиот клуб ќе ја изгуби шансата да игра на европските клупски натпреварувања следната сезона, а холандскиот Ајакс автоматски ќе се квалификува во групната фаза од Лигата на…

Read More

Викендов ќе се одиграат натпреварите од второто коло во Првата македонска фудбалска лига. Денес ФФМ ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на стадионте низ Македонија во следното второ коло. Првиот натпревар ќе се игра утре (петок) во Кратово, каде Сеилекс ќе го пречека повратникот Пелистер, а правдата ќе ја дели Константин Влахо. Во сабота од 17 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ , Работнички го пречекува тимот на Беласица, а ќе суди Мајран Ецкоски. Сите останати мечеви се играат ден подоцна (недела) од 17:00 часот, натпреварот во Струмица меѓу Академија Пандев и Вардар ќе го суди Кирил Смоквоски. Дуелот на „Чаир“ меѓу…

Read More