Author: riste

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, реши да го промени својот број на дресот во пресрет на новата сезона. Според информациите на официјалната веб-страница на Кралскиот клуб, 28-годишниот белгиски голман ќе биде број 1 во претстојната сезона. Претходно, Тибо Куртоа на теренот беше со број 13 на својот грб. Куртоа ги брани боите на Реал Мадрид од 2018 година, а претходно играше за Челзи, Атлетико Мадрид и Генк, од чија школа потекнува. Голманот е повикан во репрезентацијата на Белгија од 2011 година. Со репрезентацијата го освои третото место на СП 2018. Минатата сезона Куртоа имаше учество на 34 натпревари во…

Read More

Денес во Струга продолжуваат натпреварите на традиционалниот ракометен турнир „Струга 2020“ кој се одржува по 48-ми пат. Откако вчера беа одиграни првите три натпревари, меѓу кој и дербито Еурофарм Пелистер – Металург, кое го доби тимот од Битола, вечерва ќе настапи и актуелниот европски шампион Вардар. Денешната програма ќе започне со натпреварот Бутел – Еурофарм Пелистер 2 кој се игра од 17.15 часот. Веднаш потоа ќе биде одигран мечот меѓу металург и Прилеп, каде Металург е голем фаворит. Денешната програма ќе ја затворат Вардар и Охрид ко својот натпревар ќе го одиграат од 21.15 часот. Секако ова ќе биде добра…

Read More

Вечерва е вториот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите. РБ Лајпциг и Атлетико Мадрид се соочуваат еден против друг, а мечот ќе се игра на „Жoзе Алваладе“ во Лисабон. Како што е познато, натпреварите во оваа фаза се решени на еден натпревар, така што можеме да очекуваме многу интересен дуела на овие два тима. Атлетико Мадрид на хартија е фаворит. „Јорганџиите“ го елиминираа победникот на ЛШ од минатата сезона Ливерпул во 1/8 финалето и покажаа дека ќе бидат сериозен фактор во ЛШ оваа сезона, дури нивната цел е титула. Ждребката беше исто така поволна бидејќи ги избегнаа големите фаворити,…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар откри дека во ниту еден момент не помислувал дека неговиот тим може да испадне од Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Францускиот шампион беше во негатива до 90-та минута, но успеа да направи пресврт и да стигне до полуфиналето. „Никогаш не размислував дека ќе испаднеме. Ништо не може да ме натера да мислам дека нема да играме во финалето. Беше тешко, но ние сме одличен тим и вистинско семејство. Невозможно беше да се замисли дека ќе испаднеме во оваа фаза” рече Нејмар. ПСЖ е првпат по 25 години во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во…

Read More

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) му ја додели официјално победата на Линфилд од Северна Ирска кој со службен резултат ја добива средбата со косовскиот клуб Дрита (Гњилање) во последниот натпревар од прелиминарната рунда од Лигата на шампионите за сезоната 2020/2021. Причината е позитивен тест за коронавирус на еден од фудбалерите на нивниот конкурент непосредно пред почетокот на натпреварот. Еден од играчите на Дрита имал позитивниот тест на 7 август и беше испратен на карантинска изолација заедно со останатите играчи со кои беше во контакт. Ден пред натпреварот беше спроведен нов тест, а уште еден играч на косовскиот тим беше позитивен за…

Read More

Предводникот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини не го криеше своето разочарување по поразот од ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Ова се случи на многу болен начин за Италијанците, кои дозволија да им биде направен пресврт на крајот од натпреварот. Тренерот призна дека таков пораз многу боли. „Најмногу жалам што бевме толку блиску и мислевме дека ќе направиме нешто неверојатно. Сепак, останува радоста на она што го постигнавме досега во Лигата на шампионите. Постојано се развиваме и играме рамноправно со најдобрите тимови во Европа. Можам само да имсе заблагодарам на момците за сè што направивме оваа сезона. Ние сме разочарани…

Read More

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел беше воодушевен од пласманот на својата екипа во полуфиналето на Лигата на шампионите. Французите ја совладаа Аталанта многу тешко со 2:1 во четвртфиналето. Ова се случи на 50-тиот роденден на клубот. Затоа, германскиот тренер рече дека ова ќе остане запаметен ден во историја на клубот. „Денеска е 50-ти роденден на клубот, па добро е што направивме успех на ваков историски датум, откако веќе оваа сезона веќе освоивме четири трофеи, а веќе сме во полуфиналето … Сигурно нема да го заборавиме овој ден “, рече Тухел. Тој верува дека неговиот тим постигнал успех сосема заслужено со…

Read More

Шпанскиот клуб Атлетик Билбао објави дека во нивниоте редови има шест позитивни тестови за коронавирус по тестирањата кои биле направени вчера. Нема конкретна информација дали меѓу позитивните има фудбалери и се работи за луѓе од спортско-техничкиот персонал на клубот. Екипата на Атлетик Билбао утревечер започнува со подготовките за новата сезона. Поради утврдените случаи, тренинзите на почеток ќе бидат индивидуални. Сите лица кои имале позитивни тестови се изолирани, а нови PCR-тестови се во очекување.

Read More

Само ден откако беше потврдено дека Филип Најдовски ќе го напушти Вардар, тој денес стави потпис на договор со албанската екипа Тирана. Дефанзивниот фудбалер за врска се обврза на договор од две години со шампионот на Албанија. Во оваа екипа пред само неколку дена се опресели уште еден вардарец, Кристија Тошевски. Клубот од Тирана во моментов е предводен од нигерискиот тренер Ндгуиси Едбо, а главно е составен од домашни фудбалери, но сега ќе имаат и двајцата македонци кои ќе бидат дел од шесте странци. Во минатата сезона Тирана ја освои титулата во Албанија, па оваа сезона ќе игра во второто коло од квалификациите за Лигата…

Read More

Левиот бек Алфонсо Дејвис го пропуштил денешниот тренинг на својата екипа Баерн Минхен, што е дел од подготовките на тимот за петок кога го играат четвртфиналето од Лигата на шампионите против Барселона. Сепак, тренерот на Баварците, Ханзи Флик е оптимист и рече дека 19-годишниот Канаѓанец нема никакви проблеми за игра. Флик дури и ја разјасни причината за пропуштениот тренинг. „Одлука биде за да се заштити, бидејќи тој имаше мал проблем со ногата пред неколку дена. На прашањето дали Дејвис бил во опасност да ја пропушти средбата, Флик рече: „Мислам дека нема шанси“. Канаѓанецот Дејвис имаше исклучителна сезона и Баерн верува…

Read More