Екипата на Силекс од Кратово со чартер лет замина за Баку каде треба да го одигра мечот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите против азербејџанскиот шампион Карабах. Македонскиот тим на хартија е аутсајдер, но со оглед на тоа што се игра еден меч, од Силекс се надеваат дека може да направат изненадување Тренерот Горан Симов се надева на најдоброто и вели дека фудбалерите мора да веруваат во себе за да го дадат најдоброто на терен. „По разочарувачко реми со Пелистер работиме да ја подигнеме екипата на психолошки план. Ги оставаме сите работи зад нас и сега сме фокусирани…
Author: riste
Екипите на Интер и Шахтјор Доњецк ќе го дадат вториот финалист во Лига Европа вечерва од 21.00 часот на „Меркур Шпил Арената“ во Дизелдорф. Доцна синоќа Севиља обезбеди место во последниот натпревар од оваа сзона во Лига Европа, откако направи целосен резултатски пресврт против претходно најавениот фаворит Манчестер Јунајтед. Италијанците се исто така фаворити во натпреварот кој не очекува вечерва, но нивните добри резултати може да бидат прекинати од украинскиот тим, кој оствари импресивен успех со 4:1 над Базел во четвртфиналето. Тренерот на Интер, Антонио Конте нема да направи измени во составот и ќе започне со истите 11 од победата…
За прв пат по сезоната 2014/2015 година, англискиот тим нема да игра во финалето на европските клупски натпреварувања. Ова стана познато по поразот на Манчестер Јунајтед од Севиља со 1:2 во полуфиналето на Лигата на Европа. Клубовите во Премиерлигата исто така не успеаја да стигнат до полуфиналето од Лигата на шампиони, каде Баерн Минхен ќе ги игра со Олимпик Лион, а ПСЖ против РБ Лајпциг. Манчестер јунајтед беше последниот претставник на Англија во европските натпреварувања. Во сезоната 2014/2015, Севиља ја освои Лигата на Европа, совладувајќи го Днипро во финалето (3:2). Во финалето на ЛШ, Барселона го совлада Јувентус (3:1). Во…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го оправда поразот од 1:2 од Севиља во полуфиналето на Лига Европа со младоста и неискуството на неговиот тим, како и промашените шанси пред голот на противникот. „Ако ги искористевме сита наши шанси, ќе победевме убедливо. Нашиот тим е млад. Играчите треба да научат редовно да победуваат. Нивниот голман Боно одигра фантастичен натпревар. Нема од што да се срамиме. Бевме многу добри по продолжението на сезоната. На крај се виде дека противникот веќе нема сили да продолжи и физички и психички“, коментираше Норвежанецот на клупата на Манчестер Јунајтед.
Тренерот на Севиља, Јулен Лопетеги, ги истакна заслугите на голманот Јасин Боно во херојската победа од 2:1 против Манчестер Јунајтед во првото полуфинале од Лигата на Европа. 29-годишниот марокански чувар на голот на Севиља ги фрли во очај напаѓачите на „црвените ѓаволи“ во второто полувреме, кога Јунајтед изврши сериозен притисок. На крајот, , Севиља го постигна победничкиот гол и ќе игра за шестиот трофеј во ова натпреварување против победникот во второто полуфинале меѓу Интер – Шахтјор Донецк. „Моравме да се бориме до последната секунда. Манчестер Јунајтед беше најдобриот англиски тим по рестартирањето на сезоната. Малку екипи покажуваат толку квалитетен фудбал…
Претседателот на Барселона, Joзеп Бартомеу ја објави на радиото СОРЕ очекуваната вест дека е тренерот Кике Сетиен добива отказ. Се очекува денеска официјално да биде потврдено од каталонскиот клуб оваа информација. Позицијата на Сетиен беше целосно разнишана по понижувачкиот пораз од 2:8 на Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Спортскиот директор Ерик Абидал, кој го бранеше Сетиен до крајот, исто така се очекува исто така да се раздели со својата работа во клубот. Фаворит за местото на Сетиен е поранешниот фудбалер на тимот Роналд Коман, кој во моментов е селектор на Холандија. Весникот „Марка“ пренесува дека Куман веќе…
Со натпреварите кои беа одиграни во текот на вчерашниот ден, беше комплетирано 48-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, каде трофејот го освои екипата на Еурофарм Пелистер кој во финалето го совлада фаворитот Вардар со 26:23. Ова финале беше убава увертира за новата сезона, во која битолскиот тим заедно со Вардар најавија интересна битка на домашните ракометни терени. По завршувањето на финалето, на најтрадиционалниот турнир во Струга беа прогласени и најдобрите поединци. За најдобар голман беше прогласен Градимир Чаневски (Еурофарм Пелистер), најдобар стрелец беше Тимур Дибиров (Вардар), а МВП на турнирот беше Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер). Претходно неа одиграни и преостанатите натпревари за…
Елиминацијата на Атлетико Мадрид и Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите значи дека Шпанија за прв пат по 13 години нема да има полуфиналист во Лигата на шампионите. Започнувајќи со Барселона во 2007/2008 година, Шпанија има најмалку по еден полуфиналист секоја година, освојувајќи го трофејот клуб од Шпанија во седум од тие 12 сезони и со целосно шпанско финале помеѓу Реал Мадрид и Атлетико во 2014 и 2016 година.
На патеката кај Барселона работите не се менуваат веќе петта година по ред, повторно возач на Мерцедес ја има пол-позиција на патеката Каталуња во Шпанија. Оваа година Луис Хамилтон оствари најдобро време во денешните квалификации пред клупскиот колега Валтери Ботас, што е веќе честа појава оваа сезона. На третото место зад болидите на Мерцедес беше Макс Верстапен од Ред Бул кој е единствениот сериозен конкурент на двоецот на Мерцедес, Хамилтон – Ботас. Серхио Перез ќе стартува од четвртата позиција, откако се врати во во својот болид, по позитивнот резултат за коронавирус. Ова е четврта пол-позиција оваа сезона за бранителот на…
Медиумите на Островот тврдат дека раководството на Милан не е подготвен да даде повеќе од 13 милиони фунти за Серж Орие. „Спарси“ поставија цена од 20 милиони фунти за играчот. „Росонерите“ веќе подолго време ги следат настапите на 27-годишниот интернационалец од Брегот на Слоновата Коска. Во сезоната 2019/20, Орие одигра 42 натпревари за Тотенхем, постигнувајќи 2 гола и 8 асистенции. Според „Transfermarkt.com“ неговата вредност се проценуува на 14,4 милиони фунти.
